top of page

ПРОТОКОЛ

ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ

 

          Потпишаните, ја изјавуваме својата длабока убеденост дека успехот на ослободителната револуционерна борба во Македонија при денешната балканска и меѓународна политичка положба, е можен само кога таа борба ќе биде положена врз следните основи:

​

          1. Ослободување и обединување на распарчените делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници.

​

          2. Кога политичкото постоење на независна Македонија ќе биде гарантирано од сојузот на самостојно определените балкански народи во една Балканска федерација, која единствено може да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и европските држави, да го осигура правилното разрешување на сите нацианални спорови и да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства.

​

          3. Кога борбата за ослободувањето на Македонија и за образувањето на Балканската федерација ќе смета првенствено на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, и кога таа борба ќе биде поведена во тесна соработка со другите балкански народи, на прво место со балкакското комунистичко движење.

​

          4. Кога таа борба, доколку нејзиниот успех зависи од меѓународната политичка положба, смета и се опира исклучително врз револуционерните и прогресивни движења во Европа, на чело со комунистичкото и врз сестраната поткрепа на СССР, кој единствен денеска се бори за ослободување на потиснатите народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој мема никакви завојувачки цели на Балканот.

​

          Со оглед на тоа, првата и најпрека задача на македонската ослободителна борба е обединувањето на сите револуционерни сили во Македонија во единствен македонски револуционерен фронт, како основа за образувањето на единствениот балкански револуционерен фронт, кој ќе поведе најрешителна борба против анексионистичките и империјалистичките политики на сите балкански и европски држави.

​

          За остварувањето на единствениот македонски револуционерен фронт, страните заинтересирани во македонското револуционерно движење го сметаат за неопходно и наложително следното:

​

          1. Обединувањето на целото македонско револуционерно движење во една организација и под едно идејно знаме, кое може да биде само гореизложената програма.

​

          2. Тоа обединување треба да биде извршено од обединителниот конгрес, свикан врз основа уставот и правилникот на ВМРО.

​

          3. Со оглед на тоа што условите за свикување на еден обединителен конгрес не се уште узреани и се налага извесна предходна работа за создавање на поволна атмосфера за свикувањето на тој конгрес, двете страни се согласуваат во следното:

​

          а) Да ги прекратат сите непријателски дејства помеѓу себе, запазувајќи полна слобода само за организационата дејност на двете страни врз основа на гореизложената платформа.

​

          б) Едновремено со тоа заемно се укинуваат сите смртни пресуди и прогони против одделни членови, организациони чети и др.

​

          в) Да се востанови една општа согласителна комисија во состав по еден претставник од двете страни и еден член, назначен по желба на двете страни.

​

          г) Задачите на согласителната комисија се следните: да работи за отстранувањето на сите конфликти што можат да поникнат меѓу двете страни; да подготвува услови при кои може да се постави прашањето за свикување на обединителниот конгрес; да работи за распространувањето во иностраниот печат на идејата за неопходноста од единствен македонски и балкански револуционерен фронт и Балканската федерација; да го уреди издавањето и редактирањето на општиот иностранен и периодичен орган под името „Балканска федерација".

 

          5. Овој протокол е составен во два примерка, потпишан од секоја страна пооделно.

​

          Виена, 30 април 1924 г.

 

          Централен комитет ва ВМРО

          А. Протогеров

          П. Чаулев

          Т. Александров

bottom of page