
Спомени - Лазар Димитров
1. Четата на Марко војвода Дримколски
Пред востанието, четата на Марко војвода Дримколски беше поделена на два дела - едниот во дебарски Дримкол, под раководство на Марко, а другиот во струшкиот Дримкол, раководен од Лука Групчев. Делот кој беше во дебарски Дримкол известување за востанието доби преку реонскиот војвода од Малесија, Тасе Христов (од Присовјани), а струшкиот - директно од своето раководство. Плановите за дејствување што ги добија меѓу себе беа противречни: на дримколскиот дел му се наредуваше да ги дигне на востание тамошните работници, да ги разурне телеграфските линии и мостовите и сл., додека на струшкиот дел му беше наредно да има одбранбена положба. Тоа беше недоразбирање, фатално за дебарскиот Дримкол: тој се состои од 7 чисто бугарски села покрај Дрим, кои вкупно имаат 400-500 куќи, а само едно помашко село до нив има 1000 куќи и секоја куќа најмалку по 2 пушки, не сметајќи ги селата во Дебар. Во Малесија, северно и западно, помашкото и христијанското население се многу измешани, но повеќе е мухамеданско, додека на запад се Арнаути. Еден обичен случај оваа област ја зачува од разурнувања, но тоа ќе го објасниме подолу. Како и секаде, востанието беше објавено одненадеж. Овде извесгувањата за востанието стасаа на 20 јули, утрото. Точно на денот на востанието кон четата на Марко се приклучи а авторот на овие редови. Извршував секретарска должност. Ноќта меѓу 20 и 21 јули, откако ја зголемивме четата со неколку нови четници, се поделивме на два дела: Марко војводата, јас и уште неколкумина, требаше да го разурнеме телеграфот под селото Модрич, а другиот дел, откако ќе собереше уште некој четник од селата низ кои ќе мине, да го пресече телеграфот кај месноста Бигор. Тие беа под команда на Милош Крстев од Бедево. Ние ја завршивме нашата мисија, ја скусивме линијата на поголемо растојание под Модрич, но Милош не успеал; се занимавал со собирање четници, па не можел и тоа да го заврши - се разденило. На 21 нашиот дел од четата се прибра во една кошара. Планиравме да го продолжиме планот, но околу 8-9 часот стаса известување од Малесија и Жупат со кое не викаа на помош. Ние тргнавме преку Рујница кон Локов (во Малесвја), а на Милош му пишавме доколку помине, да го урне само телеграфот, друго да не презема, додека не добие нова наредба.
Погоре спомнав дека еден обичен случај го спаси дебарскиот Дримкол од разурнувања. Тој случај, имено беше повикот за помош од четите од Малесија, поради што ние останавме во реонот. По пет-часовно забрзано одење нагоре по Рујница, која речиси вертикално надвиснува над Дрим, предводени од четворица локовчани, стигнавме во Локов. Беше околу 1 часот по полноќ. Селото беше пусто: ниту маж имаше, ниту жена, само малку добиток се меткаше покрај куќите и селскиот мегдан. Ние седнавме на мегданот кај чешмата да се одмориме и да се напиеме вода. Тука локовчани ни објаснија како се обиделе да го отепаат Шакир Чауш во кулата, но не успеале, па тој избегал. Го предупредиле Циганите и затоа тие беа отепани до еден. Од тој Шакир Чауш беше пропиштело дете во мајка, а во нсто време тој беше најверниот слуга на својот господар, султанот.
Битките меѓу четите од Малесија и башибозукот и аскерот уште траеја кога иие стигнавме во селото. Слушнавме неколку пушки негде во планината, над селото Аржаново. Го продолживме патот, водени од локовчани, кон позициите на Цветко војвода, кон Калето. Ја најдовме месноста наречена Калето, дојдовме до едиа црквичка, дадовме знак и ја кажавме лозинката, но од нашите луѓе никој не се јави,: туку одговорија овчари од бачилата или башибозук. Благодарение на мракот и стравот, Турците не отворија оган, па претходиицата се врати кај нас цела. Застанавме на едно ритче спроти црквичката и останавме тука 4-5 часа од ноќта. Локовчани на секој начин се обидуваа да влезат во трагите на нашите чети, но не успеаја. Ние бевме жива-вода испотени, дувна едно ветерче и не смрзна, а и храна немавме. По долго размислување решивме да се вратиме во Локов, таму да се нахраниме и да останеме до мугрите, иако знаевме дека може да бидеме опколени од непријателски сили во текот на ноќта. Се вративме, но леб не најдовме. Сваривме качамак, отепавме две кошари пчела, а најдовме и малку млеко. Така вечеравме и легнавме да се одмориме. Брзо се раздени и ние се подготвивме. Сретнавме неколку стари жени и ги прашавме каде се четите и селаните. Ни рекоа дека не знаат каде се и дека селото е пусто. Тргнавме, пак кон црквичката, но уште не стигнати, слушнавме труба свири по патот од селото Селце (во Жупа) и црквичката. Кога сакавме да фатиме пусија кај црквичката, го видовме аскерот кој дошол од Дебар и веќе се сместил. Нашите кои отидоа да ја видат таа пусија и да не викнат да одиме и ние таму, се спасија само благодарение на една надолнина меѓу црквичката и местото кај што бевме ние. Отидовме во една нива на една височинка, но местото не беше добро ни за пусија, ни за отстапување - наоколу беше голо, под нас стрмна надолнина со ретка шума, а најдолу имаше рекичка, притока на аржанската и збажденската река. Бевме малку - не повеќе од 20 души. Долго се мислевме дали да отвориме оган на аскерот кој мииуваше покрај црквата, но имајќи ја предвид несоодветната местоположба, малубројносга и неизвесноста на четите, одлучивме да не пукаме. Штом стаса до месноста Умата, над Аржаново, трубата затруби и почна ужасен оган - постојани истрели од двете страни. Ние се обидовме да дојдеме до местото, слеговме до реката, потоа се искачивме по едно ритче и застанавме на едно високо место, во една корија блиску до селото. Пративме жени со писмо до четите, но жените не се вратија. Тука ручавме. Битката упорно продолжуваше до 8-9 часот попладне. По ова, пушки се слушаа овде-онде. Аскерот полека одеше кон рудината. но одвај го забележувавме со бинокл. Нашите чети не можевме да ги видиме, а и ако ги видевме не можевме да се соединиме, зашто аскерот беше низ рудината, а иие, иако далеку, бевме многу ниско. Кога престана битката, се вративме околу 10-11 часот кон Локов н таму, над Локов, во месноста Плеш, највисокото место на Рујница, застанавме. Од нашите чети од луѓето од блиските бачила беше собрана сета жива стока. За среќа, утрото на 23 блиску до нас, во една нива, видовме дека пасат 100-тина брави овци, јариња и јагниња. Тоа ни се виде како од бога дадено. Тука останавме до 29 јули, кога добнвме писмо од Тасета, преку Караорман, да заминеме во Горна Дебарца.
Да кажеме нешто и за нашиот живот на Плеш. Благодарение на локовскиот војвода Јордан и на неговиот секретар, тука поминавме прилично добро. Не бевме само ние: од 25-26 четници бројот на луѓето се зголеми на 200 мажи, жени и деца од Селце и Локов, кои не успеале да заминат заедно со четите во Дебарца. Освен тоа, кон нас дојде и дел од селечката чета, која во битката се издвоила и не можела веќе да се приклучи кон четите кои заминале кон Горна Дебарца. Со оваа чета беше и Нико Танасков, учител од Селце, многу заслужен за Организацијата. Загина на 12 август во Горна Дебарца, кога Турците ги изгореа селата Сливово, Мраморец и Турје. Ние формиравме позиции кои го контролираа пристапот од север и од југ, а на запад Рујница стрмно се спушташе над Дрим. Оттаму не очекувавме никаков напад. Само едно не плашеше: ако бидеме нападнати од трите страни, можевме да го одбиеме непријателот и да отстапиме од запад, но немавме храна и вода; храна доставувавме од Локов, исто и вода. Блиску до нас вода немаше. Локов од позицијата беше оддалечен половина час, а непријателот можеше и да се насели таму. Можевме да слеземе по надолнината кон Рујница, значи од западниот дел на позициите, но Дрим беше 4 часа оддалечен, а дотаму вода немаше никаде. Со други зборови, тука требаше да седиме и да чекаме, што ќе ни донесе судбината. Не знаевме каде да одиме. Четите од Малесија отидоа во Дебарца и известување од таму повеќе не добивме, иако испраќавме курири со писма до Тасета. Цела седмица седевме на тоа место, на отворено. Секој ден и ноќ стававме стражи да внимаваат да не бидеме нападнати. Се рашнрил глас во Дебар дека Рујница е полна со комити и дека тодку силно се вкопани, што и топ не можел да ги растури. Тоа веројатно го кажале овчарите од блиските бачнла кои постојано не гледаа. На 28 дојде писмо од Горна Дебарца, со кое не викаа да одиме таму. Тоа не окуражи и ги забрзавме подготовките. На 29 тргнавме и во текот на ноќта стигнавме во близина на Збажди, во месноста Кобличица. Тука останавме во текот на денот, 30 август. Ноќта, на полноќ тргнавме низ Караорман, Одевме цела ноќ. В мугри, стасавме во Радомирово. (Тука има урнатини. Четниците кажуваа дека тоа било големо христијанско село, разорено од Турците. Кога се случило тоа не се сеќаваа). Стигнавме на Славеј. Пративме курири да видат како да го продолжиме патот бидејќи беше ден, дали да продолжиме, или да ја чекаме ноќта, како и да видат дали има непријателски сили. Од годивските овчари куририте дознаа дека нема опасност и дека можеме слободно да го продолжиме патот низ лактинско-годивското поле и да навлеземе во западната, на другата страна на планинските села - Сливово, Мраморец и Турје. Тоа беше спроти 31 август. Заборавив да кажам дека заедно со писмото, со кое не викаа во Дебарца, ни пратија и курири, инаку ќе талкавме низ Караорман и со недели нема да можевме да излеземе на вистинскиот пат, а може и од глад да умревме. На 29 во пресрет на 30 август, кога го минавме Караорман, забележавме оган и чад кои се извишуваа до небо, небаре сакаа да дојдат до бога и да му ги кажат маките и неволите во кои се наоѓа нашиот измачен народ. Сликата беше жална и трогателна, но и величествена, зашто таа покажуваше дека едно поробено племе, полно со енергија и способно за живот, ги ризикува и животот и имотот само да го фрли јаремот на ропството, да извојува подиослив живот, да живее слободно. Таа ноќна слика, пламените на запаленото село, вечно ќе ми остане во сеќавањето. И пред тоа гледавме чад и оган како од Горна Дебарца, така и од струшкото и охридското поле, но толку силен впечаток тие не ми оставаа. Села гореа и подоцна, но веќе не беше ништо необично. Гореше селото Присовјани, запалено од аскерот и башибозукот на турското село Песочани. Продолживме по патот за кого овчарите од Годивје ни рекоа дека е чист. Тие уште ии кажаа дека Тахир Тоља со 300-400 души башибозук ги ограбил и изгорел селата Лактиње, Годивје и Врбјани. На враќање Тахир Тоља бил пречекан од врбјанската чета, која го нападнала и му ја растурила дружината. Тука биле оставени многу предмети: покуќнина, алишта и др. И знамето му било земено. Во Сливово стигнавме во 11 часот вечерта, ноќта пред 31 август. Ноќта ја минавме во Турје.
На 1 август успеавме да запоседнеме на позицијата „Горица", за да ги заштитиме селата од аскерот откај Издеглавје. И тука, како и на Плеш, се сместивме и фативме позиција. Останавме 3-4 дена. Во последните два дена забележавме како излегуваа од Издеглавје 4 аскери и се качуваа кон Лактиње, минувајќи низ врбјанско и како се враќаа назад. На 4 август утрото го направи истото и не се врати, отиде кон Врбјани и привремено се скри. Ние помисливме дека заминал во Дебар. Но, околу ручек стнгна една белешка од Марко, кој се наоѓал во Сливово и, откако разбрал дека аскерот слегува кон нас, дошол на пусијата во „Св. Никола", 10 минути десно од нашата главна позиција. Бараше да му пратиме 50 души помош. Но, додека дојдовме до позициите, непријателот се доближи до нас и тоа од страна од кај што не го очекувавме и од каде што бевме послаби. Одделив 50 души да одат кај Марко, но уште не тргнати, непријателот не нападна. Тие по едно долче се упатија кон Сливово. Марко беше на позицијата со 7-8 души. Кај нас остана да командува Пантелеј. Точно во 7 часот од двете страни се отвори оган со постојани залпови. Секој настојуваше да пука право во непријателот. Викнавме сложно „ура" како од едно грло и пукнаа стотината гра на нашите јунаци. Непријателот малку отстапи. Тогаш од две страни пукнаа топови: од над Лактиње и од полето на Врбјани. И Марко отвори оган од своето место со своите малку другари. Непријателот минуваше покрај него. Беше очигледно дека не смееше да нападне, зашто оттука натаму местото беше високо и густо, а се плашел и од селските чети. Од топовите, иако ги смирував четниците дека тоа не се топови, туку залпови, нашите се исплашија и почнаа на југ да ги напуштаат позициите; меѓутоа северните јуначки се бореа, па и битката продолжи до 11 часот вечерта.
Со отстапувањето северните позиции беа изложени на оган од непријателот при што паднаа 14 души, а 7 беа ранети. Непријателот имаше над 30-40 мртви и двојно повеќе ранети. Беше отепан и еден офицер. Нашите кога на 4 вечерта и на 5 август утрото отидоа да ги погребаат своите мртви другари, го најдоа шаторот на офицерот, а понатаму и винт од топ. Се претпоставува дека бил бимбашија. Селските чети го виделе како јава бел коњ и кога паднал од него во битката. Треба да признаеме дека Пантелеј машки се бореше со своите јунаци на северната позиција: беа ги потрошиле сите патрони, повеќе од по 160. Тој на чудесен начин се спасил. Слегувајќи надолу дошол до воденицата кај анот, под позициите, и се скрил внатре. Двајца го забележале и тргнале по него, зборувајќи дека тука се скрил капитанот. Кога Пантелеј бил горе, тие барале кај тркалото, а кога тие се качиле горе, Пантелеј слегол долу, кај тркалото. Бидејќи не го нашле тне си заминале. Тогаш Пантелеј се скрил во корењата на една бука, блиску до воденицата. Тука останал додека аскерот не заминал ноќта. Тогаш отишол во Сливово.
Треба да ги спомнам и имињата на некои четници кои храбро се бореа, а некои го положија и својот живот. Тоа се; Георги Враништанчето, кој осгана жив откако ги испукал сите патрони; Коста Велков од Луково - убиен; шестмина убиени од Глобочица со својот војвода Наум Илоски, касиерот Пантелеј Илоски, Јосиф Илоски и уште тројца; Ристо Тасев и брат му, од Ташмаруништа: четворица од Драслајца и двајца од Селце - Иван, воденичарот и калајџијата Симеон Ѓорев. Ранети беа: Корте Павлев од Пазео, кој подоцна почина, двајца од Глобочица, двајца од Моруништа н уште други двајца.
Вечерта се собравме и преноќевавме во Турје, а аскерот се врати во Издеглавје. Ние тука сигурно ќе победевме да имавме бомби и ако селските чети беа поблиску до нас и да нападнеа и тие. Но немаше бомби во нашиот реон. Треба уште да забележам дека првпат во востанието тука се употреби топ против востаниците.
2. Напад на селото Издеѓлавје
Кога се дозна за општиот напад на Издеглавје, на 21 јули 1903 година, со своите чети заеднички дејствуваа: Коста Иванов, подвојвода, со турјанската, сливовската и арбинската чета; Смиле со реовската, лактинската. врбјанската и годивјанската чета; Поп Георги со слатинската и мраморенската. Смиле се движеше откај Песочен, Коста откај Ново Село, Поп Герги околу Оздоленско, по реката. Утрото, во 7 часот на 21, сите чети отворија оган против аскерот, кој беше во шаторите, како и против мудурницата. Штом се раздени, аскерот од шаторите се префрли во мудурницата, од каде што отвори оган. Аскерот броеше 88 души и 13 души башибозук, а четите броеја 280 души. Битката траеше два дена и една ноќ (на 21 и 22 јули). Првиот ден седумина од аскерот успеале да излезат од кулата, отишле во Песочен, го дигнале башибозукот и удрија на четите од Смиле. На 22 на аскерот му дојде втора помош - околу 800 души, аскер и башибозук. Аскерот удри од двете страни, а битката продолжи до вечерта. Нашите чети мораа да отстапат. Еден дел од четата влезе во кулите во Оздолјани и отепа двајца Турци-сејмени. Кај четата имаше еден мртов и еден ранет. Бројот на отепаните Турци не е познат. На 22 даночникот е ранет, потоа еден заптија и еден од башибозукот. И четата имаше мртви. Сите чети по битката се повлекоа на своите места. Вториот ден (на 22-ри) четите, ги фатија селски Цигани и ги пратија со писмо до јузбашијата и мудуринот да се предадат. Истото му го предложија и на аскерот, но тој одби да се предаде.
3. Судири кај селата Мраморци, Турје и Сливово. Палење на трите села
На 9 август утрото, подвојводата Коста Иванов, со 43 души четници и со мраморечката чета, составена од 36 души, беа разместени околу Мраморец. Во меѓувреме пристигнаа 4500 души аскер. Четите аскерот го нападнаа од две страни. Битката траеше само еден час. Четите отстапија кон Турје. Од нашите паднаа само двајца, како и петмина невооружени селани и две жени. Во оваа битка загина и селскиот учител Нико. Мраморечката чета се повлече кон Кичевско. Откако го ограби и запали Мраморец, аскерот се упати кон Турје. Четата која се повлече кон ова село, заедно со турјенската и со четата на Тасе Христов, вторпат отвори оган, започнаа битка која траеше два часа. Аскерот успеа да го запали селото, а потоа отиде во Сливово. Го изгоре и ова село, а селската чета не отвори оган поради многубројноста на војската. Во Турје загинаа околу 11 души од аскерот, а од нашите еден маж и една жена, невини жртви. И во оваа битка аскерот користеше топови.
На 19 август утрото, околу пет-илјадна војска тргна од Издеглавје кон Кичево. Мина низ Турје и продолжи кон Мраморец. Околу овие места имаше 57 четници, под раководство на Наум Илиев од Издеглавје. Тие не отворија оган за да не ги повредат селските семејства кои беа скриени во еден дол, над селото Козица (Кичевско). Оган отвори само четата од Мраморец, околу 3 часа. Аскерот штом се качи на ридот, почна да пука во четите со три топа. Испука 4 гранати. Фати и една девојка, ќерка на Сотир Мраморчанец која ја обесчестија околу 50 души, а потоа ја отепаа. Освен тоа, ранија едно 6-годишно детенце, еден старец, а едно 4-годишно детенце фатија живо. Фатија уште 34 жени, ги однесоа во Белица, потоа ги вратија назад и ги пуштија по нивните села. Детето е во Кнчево, кај бугарскиот владика. Жените биле од Арбино. По наредба на пашата од Белица, седум од вратените жени отидоа кај мудурот во Издеглавје да му кажат дека се враќаат во селото. Мудурот ги посоветувал да се вратат тие и другите жени, како и старците. Им дал еден заптија да ги испрати. Заптијата се вратил, а жените ги пречекале двајца војници и почнале да ги бркаат. Пет од нив избегале, две ги фатиле и откако ги обесчестиле, ги пуштиле. Другиот ден, сите жени повторно избегаа в планина.
4. Судир во Дуратичко на 31 август
Предавникот Велјан Славков од село Речица, беше фатен уште пред 5-6 дена од Аргировата чета. Тој беше осомничен дека крие некое предавство. Го чуваа затворен за испитување. Четири-пет дена пред битката, четата која го чувала предавникот забелажале дека аскерот оди кон Свиништа и дека тера стадо овци. Неколку четници отвориле оган сакајќи да ги повратат овците. Тоа ја вознемирило четата што му овозможило на Велјан да избега. Подоцна тој е причината за битката од 31 август како и за огромните жртви.
На 30 август Дејан со четата сè уште бил во Лешаиско, кај што неколку четници се жалеле од селскиот војвода. И попот Васил, претседател на селската комисија, се жалел за некакви кражби. Дејан му пишал на Узунов, кој бил блиску, да се провери целиот случај. Узунов стасал со својата чета од 60 души. Во исто време дошол и курирот од Велмеј со писмо од селската комисија со барање да им се испрати една чета за да им помогне во собирањето на сноповите од полето, за да можат потоа ноќе да вршат во планината, зашто дење башибозукот не ги оставал да си ја завршат работата. Узунов и Дејан одлучиле таму да оди лешанската чета. Во текот на ноќта подготвивме храна - испековме едно јуне и неколку брави. На 31-ви утрото испративме седуммина стражари да извидат на високите места. Малку подоцна еден се врати и ни соопшти дека слушнал силни пукотници од југозапад, кај Плаке. Следииот кој дојде ии кажа дека пукотници се слушаат и од југ, кај Опеница. Ние почнавме да се подготвувавме, го зедовме месото и уште пред да го разделиме дојде и третиот кој не извести дека од запад и од Куратица сè е полно со аскер. Кога стигнавме до местата на другите стражари аскерот веќе се имаше доближено до нив и тие отворија оган. Аскерот, тргнат да се искачува нагоре, од истрелите на нашите момчиња се повлече назад, кон позициите на Аргира, кај Маркови кули (Грмешница). Ги викнавме старешииите на четите да се посоветуваме кој каде да фати пусија, зашто претходно го имавме видеио движењето на аскерот. Одделивме една група од четата на Дејан да оди кај стражарите кои веќе се бореа, а Узунов отиде на височинката Св. Илија. Дејан со 20 души остана под оваа височинка, на позиции ископани од турскиот аскер. Пред да стигне на врвот, Узунов сретнал едно одделение од 50 души аскер, кои викале „ура!" и кои по грешка пукале кон своите собраќа, аскерот. Ние помисливме дека е Петруш Чанов со беглиската и пласката чета, зашто пред тоа тие беа таму. Долу, Узунов слободно одеше кон тоа одделение на аскерот, не наслутувајќи ја измамата. И тој мислел дека е Петруш Чанов со двете чети. Кога дошол блиску до одделението, сфатил дека не е Петруш Чанов. Сфатил дека е измама. Тоа се разбра од двете одделенија четници на Узунов, испратени како претходница, да фатат позицин. Дел од аскерот веќе ја зазел пусијата Св. Никола, но таму аскерот бил скриен. Другиот дел од аскерот, со цел да ја вовлече четата на позициите, одел по врвот на планината во правец кон другиот аскер постојано пукајќи, Благодарение на тоа што измамата била откриеиа навреме, четата се спасила. Инаку, сите ќе беа убиенн. Тогаш Узунов се враќа и влегува во велмејската планина. - Во меѓувреме, Дејан со својата чета фатил силна битка со аскерот, која траела околу 2 часа. Најпосле, Турците се искачиле на позициите со јуриш; четата се повлече давајќи жртви. а Турците имале 20 до 30 мртви. Расфрлена на 3 места, четата се повлече, а четвртиот ден, измачеии, гладни и жедни се собравме на велмејската планина, над селото Велмеј. Дејан со своето одделение се сретна со Узунов и заедно отидоа во Брежани. Стасаа вечерта и почнаа да подготвуваат храна за четата. Додека се печеа бравовите, испратија неколку четници да видат што се случува кон Куратица. Кога се вратија ни кажаа дека аскерот тргнал од местото кај што беше битката. На 31 бевме принудени да ги натовариме печените бравови на коњи и да заминеме кон повисоките места, посоодветни за таа цел. Отидовме во Чемерскиот дол. Дента, на 1 селтември, останавме таму, ги донесовме бравовите и вечеравме без леб. Продолживме кон големото демирхисарко село Илино. Таму останавме еден ден. Потоа Дејан отиде кон Велмеј, да се сретне со своите растурени одделенија. Таму на 2-ри, навистина се сретнале. Узунов, кој со четата повторно отишол во Брежани, на 3 септември му пишал на Дејан да оди во Куратица, за да ги видат последиците од битката. На 4-ти се сретнавме и отндовме да ги прибереме и да ги закопаме загинатите од нашите чети, кои беа околу 30-тина. Најдовме само 15-16 души и ги прибравме. Во тој час, откај Свииишта се зададе аскер, па бевме принудени да ги оставиме другите незакопани, затоа што требаше да отстапиме. Подоцна со Узунов отидовме во Куратица, ги собравме и мажите и жените да ги окуражиме, зашто беа прилично исплашени. Тогаш ја разоружавме четата од Куратица чиј дух беше паднат. Узунов и Дејан се вратија во Лешани. Тука се разделивме: Узуиов отиде во Преспанско, а Дејан кон Велмејско.
Кон средината иа септември, Дејан со Чанов, со околу 80 четници беа во Плакската Планина, во месноста Мазитар. Во една ноќ, пред мугрите, испратија стража да провери да не бидеме нападнати. И војводите беа прииудени да излезат и лично да ја разгледаат месноста. Тогаш забележаа дека откај Речица кон нас доаѓа аскер. Исто и од Куратица. Слеговме под Брежани и влеговме во Велмејската планииа. Тогаш дојде до борба во Лешани.
Битка на 14 септември, кај Лешани
Следните сведоштва се запишани според исказот на Миладин Иванов од Арбино четник во реонската чета на Дејан од Долна Дебарца, а понекогаш и раководител на лешанската чета. Војвода на селската чета беше Миладин Стојков од Лешани.
На 14 септември утрото, уште неразбудени, четите беа на врвовите на планините, а ние со поп Васила бевме кај фурната. Четите забележале дека доаѓа многу силен аскер: од Ресен, низ Буково-Плаке-Брежани; охридскиот аскер доаѓал откај Куратица, силурскиот откај Куратица и Лешани. Од трите страни имаше околу 4000 војиици. Нашата чета броеше 30 души, но со нас уште беа - четата од Плаке - 60 души, Дејановата 40, опеничката 15-16 и четата од Куратнца со 25 четници. Кога го виделе аскерот, четите отстапиле, без да ни соопштат и нам. Дојде Стојан Настов од опеничката чета и тој не извести. Време за бегање немаше. По малку, аскерот се здаде одозгора. Почнавме да бегаме - јас, поп Васил, Стојан и 30-40 невооружени мажи - фурнаџии, касапи, курири и др. сите од Лешани. Но, аскерот се доближи и веќе немаше каде да се бега. Јас легнав и почнав да пукам, а другите продолжија да трчаат нагоре. Поп Васил, на десет чекори од мене, легна и почна да пука, но брзо беше убиен, а подоцна главата му ја зедоа Турците од Ново Село. Кога ја зеле главата на поп Васил, пееле, се веселеле и играле, зашто отепале баш-комита и чекале голем бакшиш од султанот. Подоцна појасот и табакерата ги препознале кај турски војници во Охрид. Јас, бранејќи се, самиот видов дека паднаа тројца, но подоцна слушнав дека во Охрид се зборувало оти биле отепани 11 Турци. Тоа го кажувале самите Турци. Потрошив 14 патрони. За попот кажуваа дека потрошил 70 патрони, дека многу војници соборил, и дека уште мнозина ќе отепал ако не му ја скршеле пушката. Другите избегаа кон Трапчин Дол. Ранија само еден селанец од Белчишта. Опколен од сите страни, јас престанав да пукам и се прикривав до вечерта. Ноќта половина чета отиде во Лешани, другата половина речиси 4 часа беше блиску до нас, во месноста Бели Водици. Турците со себе носеа говеда, бравови и друга жива стока од Велмеј, Брежани, Лешани. Житото го изгореа и се што ќе сретнеа пред себе уништуваа. На 15 утрото аскерот се растури - секој отиде од каде што дојде. Тогаш јас бев надвор од опасноста и отидов во Слатинско, кај другите чети.
Битка на 31 август, кај Марково Долче
Четата од селото Опеница, со која раководеше Аргир Маринов - стар учител од Охрид - се наоѓаше во месноста Марково Долче. Тоа е простор, долг 5 километри, исто толку широк, се наоѓа меѓу селата Куратица, Речица, Свиништа и Завој. Селски војвода на четата беше Блаже Митрев од истото село. Четниците во четата беа од - Опеница, 30 души, 10 граѓани, 20 од Велгошти, 10 од Завој и 5 од Косел. Со сите раководеше Аргир, освен со четниците од Велгошти кои беа под раководство на Јонче Шокаров. Сите четници беа на позициите од сите страни на месноста. Тие ги чуваа нејзините граници. Три групи од по 10 души беа на позициите покрај патот. Не пуштаа ни пиле да помине по патот Ресен-Охрнд, за да не навлезе непријателот од градот низ турското село Расино. Друга група беше на Висока Чука, или Ќуле, највисокиот врв на Марково Долче, од каде можеше да се следи движењето на непријателот било од Буково, било од Силурскиот рид, било од Демирхисар. Други две дружини беа на високите ридови од страната на Плаке и Речица. Така разместени, четииците чуваа 200 семејства, во збегот на Марково Долче, кај што беа и складовите за храна, подготвена за четите, но и за семејствата. Таму имаше и фурна и кошови со жито и кујна и готвачи... Таму имаше и комисија која ја распоредуваше храната меѓу луѓето. Меѓу Високо Дрво и Висока Чука, јужно, меѓу селата Сирула и Куратица, беше распореден дел од четата од Куратица, под старешинство на Христо Пековски од Куратица и под директно раководство на Н. Анастасов. Уште понајуг беа трите преостанати делови од оваа чета, под раководство на Јове Србинов. Најгоре, на север, на врвот Вишеслоец, на оддалеченост од 5 километри, беше војводата Дејан со 30 души. Источно од него, на 2 километра оддалеченост беше Узунов со 45 души. Јужно од Узунов, исто на 2 километра оддалеченост беше четата од Плаке која имаше 30 четници и со која раководеше Петар Чанов. Вака беа поставени четите кога ноќта меѓу 30 и 31 август, се зададоа околу 7000 души аскер и башибозук, со топови, со товарени и нетоварени коњи. Еден дел се размести на патот, едеи откај Буково на Плаке, еден накај Сирула на Вишеслоец, еден накај Расино на Високо Дрво, еден од Свиништа накај Речица, а еден дел слезе во Куратица. Меѓу месностите Високо Дрво, Вишеслоец, Висока Чука беа сместени околу 200 семејства од Сирула и Куратица. Таму имаше фурна, плетени кошеви со жито, од 20 до 30 вреќи брашно за востаниците, дента донесено од демирхисарските воденици, зашто нашите беа запалени. Таму беше и магацинот, кај што работеа покојните Дуле Пармаков, Антон Узунов, Лев Чинов, Ламбе Берберчето и граѓани од Охрид. Таму беше и стариот Велјан од Збажди и Спасе, кои беа чувари на магацинот. Таму беше и Лазар Шокаров, учител од Велгошти, оставен да ги прави списоците за битките. Таму беше и граѓанинот Стефан Коцев кого го болеа нозете, па му беше дозволено да се одмора. Непријателот молчешкум се доближувал од сите страни, се додека нашите не го забелажаа. Истиот час отворија оган од сите страни, со исклучок на четите од Плаке и на Узунов, кои се повлекоа без борба. Дејановата чета отвори оган и се биеше некое време, но кога виде дека ги нема Узунов и плекската чета, по двочасовна престрелка отстапи. Откако горните позиции му беа ослободени, непријателот почна да се доближува и кон другите и на тој начин не опколи од сите страни, така што и пилиња да бевме не ќе можевме да прелетаме. Со време и Високо Дрво беше заземено, а групата која беше таму се извлече откако отстапи незабележано, зашто местото беше пошумено. Топовите беа сместени на врвот Мазано, меѓу Високо Дрво и Висока Чука. Четата од Куратица по 3-часовна престрелка, гледајќи дека непријателот ќе ја блокира од сите страни, отстапи од позицијата и дојдовме до Висока Чука, кај Аргир. Во почетокот се биевме со големо одушевување. Громогласно „ура!" Откај Висока Чука се цепеше воздухот од пукањето на четниците. Таму беа и оние што беа задолжени за магацинот. Се собравме околу 45 души. Но, воодушевувањето не траеше долго, зашто не можевме да и се спротиставиме на бројната сила која ни се доближуваше од сите страни. Одлучивме да отстапиме откако оставивме 10 души за да го залажат непријателот додека се повлече групата. Дојдовме кај фурната, пивнавме по голтка ракија, која Аргир ја зачувал за црни дни и тргнавме нагоре кон страната на Плаке, со цел да ги фатиме високите места. Но само што поодивме стотина чекори, слушнавме пред нас залпови. По нив сфативме дека патот е блокиран. Одлучивме да се вратиме назад во долчето, кое речиси беше блокирано од непријателот. Но, имаше многу добри позиции, така што и ако загиневме, барем ќе се боревме јуначки. Само што дојдовме во долчето, наиде сурија мажи, жени, деца кои во паничен страв бегаа нагоре. Ги прашавме што се случува. Рекоа - „бегајте, зашто аскерот тргна по долот нагоре". Кога го слушнаа оваа, нашите се свртија пак назад, подразбирајќи дека аскерот е насекаде. Тоа беше точно, зашто не поминаа ни 50 чекори и сите беа отепани, масакрирани, соблечени голи и изгорени во огнот, запален за да нзгори целата шума. Ние кои останавме во долчето имавме само 3 пушки. Со мене беа - Јове Србинов, војвода од Куратица и Георги Тасев, четник од ова село. Без оружје беа повеќе од 200 семејства. Некои од нив беа скриени во дупките, други седеа во долот. Изгледаа ужасно, плачеа, викаа. Непријателот го зазеде долниот дел од долот и ги зароби сите жени и деца што се наоѓаа таму. Веднаш ги испратија во Косел, во кулата на Мефаин-ага. На 6-7 чекори од нас, имаше 40-50 жени и девојки од Куратнца. Над нас имаше многу аскер кој тркалаше во долот цели карпи откорнати од спилите. Додека бевме на позиција, куршумите не можеа да не погодат, освен ако дојдеа до нас. На крајот, откако уништија сè наоколу, дојде редот и на нас. Една група од 50-60 Турци слезе во долот и тргна кон нас. Штом се покажаа пукнаа три пушки и тројца Арнаути паднаа, а со тоа непријателот го фати паника кој не знаеше како да бега назад, викајќи - „гери ѓаур варимиш"! По ова ние се повлековме на втората позиција, малку понастрана од првата и чекавме да не нападнат. По едеи час, безброј залпови го заглушија местото. Отепавме тројца Турци. Во меѓувреме, жените од Куратица избегаа по долчето надолу, некоја ранета в рака, некоја в нога, некоја на друго место, иекоја грабнала пеленаче, некоја две деца и сл. Но, бегајќи од едни, беа пречекани од други истрели од спротивната страна. Ние повеќе не мрдавме од позицијата. Чекаеме да се судриме гради в гради со непријателот; го чекавме одозгора, одоздола или од двете страни. За наша среќа и за среќа на 700-те души кои беа без оружје во долчето, аскерот ги собра труповите и се врати назад и веќе не се обиде да дојде во долчето. Кога се стемни, излеговме да видиме каде е аскерот, кој е убиен, а кој ранет. Дознавме дека аскерот се поделил на неколку групи и отишол да преноќева во селата Куратица, Плаке, Свиништа и Буково. Ги собравме ранетите, ги сместнвме во дупките и им дадовме прва помош. Мислевме каде да одиме, па решивме да се разделиме - едни на една, други на друга страна. Заедно со ранетите бевме 5 души. Другиот ден излеговме да ги закопаме мртвите, и уште иемавме ни тројца закопано кога слушнавме пукотници. Втората вечер се повлековме кон Завој. По три дена, откако видовме дека аскерот замина во Охрид, се вративме на истото место и цели два дена ги погребувавме мртвнте.
Дејствијата во Селце (Жупа)
Востанието се објави на 20 јули и уште во текот на ноќта, војводата Цветко Христов со 10 постојани четници од малесиската реонска чета го дигна машкото население во Селце и во блиското село Бурунец. Од двете села собра 40 души. Селски војводи беа - Секула од Селце и Трајче од Бурунец. Го направија следниот распоред: првата пусија да биде над село - на Душаница; втората на Калето и третата од Калето нагоре, до рудината Алипашица. На 21 утрото дојдоа 20 души - Локвени, за да ја засилат четата, но од нив само 10-мина имаа добро оружје, а другите носеа казми и лопати. Во локовската месност, во низините, на 4 места беа овците од бачилата на Млака. Овие бачила беа турски, па и овчарите беа Турци. Ноќта беа испратени по 3 - 4-ца на секое место кај што спиеја овците, за да отворат оган врз овчарите доколку се спротиставуваат, или ако се обидат да известат. Утрото кога ги видоа четите, тие се обидоа да пукаат. Тогаш четата отвори оган и ги отепа 10-те овчари. Од пусијата Рудино, четата се доближи до бачилото кај Млака и таму ги отепа овчарите заедно со ќајата - татко на Фериз, чауш на жупските овчари од Коџаџик.
Од мугрите почна откај Жупа да доаѓа башибозук, откако беа отепани и овчарите и откако ги слушнале пукотниците. Почна да се собира кај Калето, кај што беше нашата втора пусија, но која не отвори оган зашто беа малку и чекаа да се соберат повеќе. По еден час дојде потера од 300 души. Тогаш почна бој меѓу нашата втора позиција и башибозукот. На другите пусии им јавивме да бидат на штрек и подготвени за помош, зашто силата на противникот беше голема, а на Калето имаше само 8-мина наши. Тогаш отворивме оган и продолживме со пукање половнна час, а потоа се повлековме кон горните пусии, зашто башибозукот ни ја проби пусијата од 4 страни. Со ретки истрели полека се повлекувавме и тоа - додека едната половина отстапуваше, другата со истрели ја заштитуваше. Повлекувањето продолжи до месноста Пажитно (Локовско). Таму се одморивме, зашто видовме дека потерата не ќе смее да не следи; местото беше погодно за нас, Башибозукот се врати малку назад за да сочека помош. Продолживме до Аржанската река, кај месноста Хума (Ума). Тука заклавме 4 овни што ги зедовме од бачилото за храна на четата. Тогаш по една жена дојде известување дека другите пусии се опколени. Ги оставивме овните и веднаш тргнавме да им помогнеме. Стигнавме до Црн Камен. Аскерот од Жупа веќе беше стигнал и се биеше со четите со кои раководеше Тасе Христов. Горе на пусиите беа аржанската, половина од збашката и четата на Тасе. Кога стасавме ние и се подготвувавме да го удриме непријателот в грб, не забележа стражарот и трубата почна да свири за повлекување. Тогаш со два-три залпа и со громогласно „ура!" почнавме да го бркаме аскерот. Нека се знае дека тука беше војводата Цветко. Аскерот почна да бега без да пука. Го нзбркавме од Рудината. Избега кон Дебар и повеќе не се врати.
На 21 дента, кога го избркавме аскерот, околу 500 души башибозук, два часа стоеше кај другите пусии, но не се доближи и не отвори оган. Околу пладне битката заврши и ние се одморивме. Ноќта, спроти 22 се собравме кај Тасета на Рудината сите војводи и одговорни за четите за да се посоветуваме за другиот деи. Одлучивме сите да останеме на истите пусии и вториот ден, зашто ни се чинеа добри. Ноќта дојде уште еден табор дебарски аскер - со товар резерви. Кога се раздени, удрија на пусијата Црн камен, кај што беше војводата Цветко со 25 души. По силна, неколкучасновна престрелка, пусијата требаше да ја напуштиме, зашто аскерот и башибозукот беа многубројни. Имавме двајца загинати - Ангеле Спасов од Бурунец и Секула Оџа, од Селце. - Јас, раскажуваше војводата Цветко - останав на пусијата зашто не можев да слезам, бев опколен од сите страни. Останав сам и уште два часа очајно ја продолжив борбата со толкавиот непријател. Потоа еден залп ме рани на десетина места, но не опасно: на средниот прст од левата рака, во палецот на десната рака, во десната рака, во дебелото месо и уште во неколку места. Истиот рафал ми ја скрши пушката в раце, па повеќе не можев да пукам. Паднав во бесознание, под камен. Имав и една сабја која се закачи на каменот. Кога видов дека пушката е скршена, а сабјата останала горе, ја свртев цевката на пушката кон Турците, а тие се исплашија и легнаа, зашто помислија дека сме мнозина. Дури и не дејствуваа, не пукаа. Тогаш јас отидов во шумата и се оддалечив 100 чекори накај другите пусии. Малку подоцна се истурија врз мене многу рафали, но не можеа да ме погодат. Дојдов кај другите пусии. Таму се качив на коњ и со другите ранети отидов кон Дебарца, за да се залечам. Бевме 7 ранети. Имавме и една жртва, од Аржаново, но не го помнам името.
На 22, во два часот попладнето, откако видовме дека таму повеќе не можеме да се држиме, четите почнаа да се повлекуваат кон Караорман, а борбата престана. Војската и башибозукот по рудината ги следеше четите до месноста Славеј. Оттаму вечерта се вративме назад. На враќање аскерот и башибозукот крадеа, обесчестуваа по селата, убиваа незаштитени, стари луѓе, деца, жени. Тогаш беа отепани 20-30 души во селата Збажди и Аржаново.
Цветко ги собра четите од двете села во Манастириште, во ливадите блиску до Калта, кај што го прочита повикот и го прогласи востанието. Тасе тоа го направи за селата – Присовјани, Збажди и Аржаново и тоа во месноста Езериште, една рамнина како тепсија, ливада, горе в планина.
Дејствата во селото Ташмаруништа (Малесија)
На 19 јули, по наредба на реонскиот војвода Тале, стариот четник Пантелеј од Октиси, отиде во селото Моруништа каде ги повика и струшките полски села да се дигнат иа востание. Повикот им го прочита на претставници од селата Ложани. Драслајца и Глобочица. На 20 утрото, селската чета од Моруништа, составена од 40 души, се биеше во селската шума, а вечерта и ноќта и се придружиле сите вооружени и невооружени мажи од Ложани и Драслајца. На 21, свештениците од Ложани и Моруништа, по наредба на Пантелеј, кој беше назначен за командант, отидоа во мудурлакот во Велгошти и рекоа дека ноќта во нивните села дошле комити и со сила ги избркале сите селани в планина. Во текот на денот, четирите чети броеја околу 130 души, од кои вооружени беа 80. На 22 јули попладнето, Пантелеј испрати писма напишани на труски јазик во блиските турски села - Богојци, Мислодежда, Наум и Татеши, со кои ги повикуваа да бидат мирни за да не им наштети. Едновремено писма испрати и во турските села Дабовјани и Велешта, но нив ги викна да излезат на мегдан. Беше планирано четите да го урнат дабовјанскиот мост на Црн Дрим и да ги нападнат овие две турски села. Вечерта, на 22, штом се стемни, четниците запалија околу 20 огнови во планината и закачија неколку црвени знамиња на повисоките места, кои се гледаа оддалеку и од сите околни села, па и од Струга. Во ноќта, еден дел од четите требаше да ги нападне турските села Дабовјани и Велешта, а друга чета да го заземе патот за Малесија, со цел тој да биде чист при повлекувањето. На 23, пред разденување, четата со 32-ца вооружени и исто толку невооружени, отвори оган врз турските села. Тие беа блиску до пусиите - на четврт час преку Дрим. Кај Моруништа, Дрим свртува северозападно, а на левата страна се овие две села. Во Велешта постојано има војска, околу 100 души, која заедно со 300-400-те души башибозук одговори на огнот од четата и почна силна борба. Четите кога видоа дека се нападнати од големи непријателски сили, почнаа постепено да се повлекуваат, а непријателот користејќи ја погодноста на теренот, почна постепено да настапува, заштитуван од меѓите и ѕидиштата. Околу пладне стаса до селата и почна да ги пали од неколку страни. Во тоа време тројца селани се скрија в црква и кога видоа дека неколку војници сакаа да ја запалат и црквата, отворија оган и отепаа двајца. Дојде поголема група и аскер и башибозук, па тројцата ги отепаа во црковниот двор. Селаните кога видоа дека доаѓаат Турците, сите избегаа в планина, со исклучок на неколку стари жени и мажи, кои изгореа во огнот. Една болна жена, беше скриена во својата куќа со две мали деца. Аскерот влезе, ја истера надвор и и ја запали куќата. Битката беше најсилна во 9 часот, по турски, попладнето, кога на непријателот од Охрид му пристигна нова помош, околу 300 војници. Борбата траеше цел ден - сè до вечерта. Преостанатите 9-мина вооружени селани, заедно со селскиот војвода Цветко Тасев, со големи маки успеаја да си пробијат пат меѓу густите непријателски редови по течението на Дрим и да навлезат во Глобочката Планина, кај што ги чекаа четите претходно испратени да го чуваат патот. Четниците кои тој ден се биеја со непријателот ниту јадеа, ниту пиеја нешто. По целиот ден поминат на жешките сончеви зраци, толку многу беа жедни што вечерта, откако се оддалечија од непријателот, скокнаа во Дрим за да ја изгасат жедта. Поради битката целото село, со исклучок на една куќа, беше запалено. Добитокот и сета покуќнина беа разграбани, нивите изгорени, црквата ограбена и изгорева, само внатре. Во борбата имавме 11 мртви четници, загинаа и 14 невооружени, а 4 беа ранети. Непријателот, според зборовите на очевидци, имал 70 мртви - на дел од нив телата им биле фрлени во Дрим, а еден дел другиот ден ги товариле на коли. Истиот ден Турците фатиле двајца невооружени селани од Драслајца и една девојка од Моруништа, која ја однеле во Лабуништа и ја потурчиле за жена на касапот Асан. Селаните ги однесле во Мудурлакот на Велешта и по големи измачувања да кажат што знаат за движењето, ги однесле во Охрид и ги затвориле. Телата на убиените и вооружени и невооружеви селани останаа непогребани. Селскнте кучиња 2-3 недели се хранеа од труповите на загинатите и одвреме-навреме носеа во селото - коса, рака, коски, човечка глава и сл. Местото кај што паднаа жртвите беше сето смирисано - не можеше да се помине.
Четите уште другиот ден, на 23, отидоа во Малесија, а жените и децата од Моруништа, заедно со неколку старци, останаа во Глобочката Планина. Башибозукот и аскерот уште долго по битката секој ден навраќаа во селото за да го ограбат она што останало. Две неделн по битката, старите, жените и децата, натерани од гладот, дојдоа во селото и се прибраа околу пепелиштата. Башибозукот и аскерот ги обесчестија и измачуваа жените и децата, додека неколку старци, заедно со неколкумина невооружени селани, ги предадоа на аскерот во Велешта. Беа прииудени тоа да го направат зашто аскерот не им дозволуваше ниту да живеат во селото, ниту да питаат по околните села, ниту да работат. Често се случуваше кога жените одеа да питаат по блиските села и во Струга, на враќање да ги пречекаат башибозуци на дабовенскиот мосг, сè да им земат и да ги фрлат во реката.
Во битката најмногу паднаа од четите на полските села Ложани и Драслајца, кои имаа борбено искуство.