top of page

Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895-1896 година бил учител во селото Буф. Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Леринскиот револуционерен комитет. Во 1899/900 година станал раководител на Организацијата во Битола каде што и учителствувал. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна организација во градот. Учествувал во многу борби со турскиот аскер, пред, за време и по Илинденското востание.

​

Од 1908 година е член на Окружниот револуционерен комитет во Битола до апсењето во текот на 1910 година. Осуден е на смрт, но подоцна пресудата му е заменета со доживотно прогонство.

 

Во 1912 година, заедно со Георги Поп Христов и Васил Клисаров, побегнал и се населил во Бугарија. Во Балканската војна со своја чета учествувал во заземањето на Битола.

​

По Првата светска војна останал да живее во Бугарија. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на т.н. левица и Временото македонско претставништво.

 

Умира 1939 година во Софија, Бугарија.

Александар Ефтимов

bottom of page