top of page

           Роден е на 8 април 1870 година во Битола. Отпрвин бил учител, а потоа држел фотографски дуќан во Битола. Во Организацијата бил воведен лично од Даме Груев. Станал претседател на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ и во тоа својство учествувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (јануари 1903), а потоа и на Окружниот смилевски конгрес (мај 1903).

​

           На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб. По задушувањето на востанието побегнал во Бугарија, во Софија, каде останал да живее до крајот на својот живот.

​

           Починал на 8 ноември 1945 година во Софија.

Анастас (Ташко) Димев Лозанчев

bottom of page