top of page

           Роден е на 12 декември 1865 година во Охрид. Основното образование го добива во Охрид и Струга, а средното во Солунската машка гимназија. По завршувањетоучителствува во Охрид, Битола, Солун и Одрин. Во редовите на ВМОРО се вклучува уште од нејзиното основање. Од 1899 година е еден од раководителите на Организацијата во Охрид. Делегат е на Смилевскиот конгрес во 1903 година, касде што е избран за началник на Охридскиот реон.

           За време на Илинденското востание тој е член на Горското началство во Охрид и дејствува со чета во реонот на Дебарца.

           По востанието бил учител во Бугарија,а по Младотурската револуција пак во Битола и Скопје.

           Бил активен член на Бугарските конституциониклубови, Македонскиот национален комитет, Илинденската организација и на Македонскиот научен институт во Софија.

           Во 1941 година се вратил во родниот град. Умира на 30 јануари 1945 година во Охрид.

Антон Кецкаров

bottom of page