top of page

            Роден е во Велес во 1878 година. Се школувал во Солун. Како член на ТМОРО бил комита во четите на А.Ј.Ќосето и на М.Попето. Во 1901/1902 година станал војвода на чета во Одринско, а потоа и околиски војвода на Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од с.Мурилово, Кукушко и во грабнувањето на мис. Стон.

 

           За време на Илинденското востание бил војвода на Првиот одред во Кручевскиот револуционерен реон и учествувал во заземањето на уќуматот, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.

            Загинал во борба со османлиската војска кај с.Белица,  Кичевско во 1907 година.

Андреја Димов - Докурчев

bottom of page