top of page

Роден е на 5 мај во 1878 год. во Сан Франциско, Калифорнија, САД. На 21 година (1899) тој е учесник во американската експедиција за освојување на Филипините. Како бунтовник-хуманист, тој преминува на страната на месните востаници. Како резултат од таааа авантура, во 1901 година ќе ја објави својата книга „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, а потоа и „Морските разбојници“ итн. По Илинденското востание, кога интересот кон македонското прашање се засили, Сониксен се поврзува со емигранти од Македонија, и се вклучува во полза на движењето на угнетените во Македонија и Одринско. Како секретар на Македонскиот комитет во Њујорк, тој решава поблиску да се запознае со суштината на македонското ослободителното движење.

​

Како македонски четник, во состав на чети на ВМРО, прекрстарил низ повеќе делови на Македонија. Се среќавал со обични селани, печалбари, четници, војводи и раководители на ВМРО, меѓу кои и со Д.Груев.

 

Во 1907 год. објавил многу написи во американскиот печат и се јавил како заштитник на македонската ослободителна кауза. Тој е и автор на книгата „Исповед на еден македонски четник“.  

 

Умира на 15 август 1931 година.

Алберт Сониксен

bottom of page