top of page

Помлад брат на Гоце Делчев. Роден е во Кукуш (денес Килкис) во 1875 година. Уште од најрана младост тргнал по револуционерните стапки на својот прочуен брат. Во ВМОРО се приклучува уште кога учел во Солунската егзархиска гимназија. Немал раководни функции во Организацијата, но се истакнувал со својата храброст и приврзаност кон македонското ослободително движење. Бил еден од првите терористи на ВМОРО. Потоа станал четник во четата на Х. Чернопеев.
Загинал во една борба против турскиот аскер на 4 февруари 1901 година, кај с. Бајалци, Гевгелиско.
Димитар Николов Делчев - Мицо

bottom of page