top of page

Роден е во 1879 година во с. Могила, Битолско. Завршил основно училиште во родното село. Во 1898 се вклучил во редовите на ВМОРО. Бил четник во четата на Ѓорѓи Сугарев и крстосувал низ Битолско, Мариово и Демир Хисар. Кога четата се поделила, припаднал кон четата на Јон Кафеџијата, со која за време на Илинденското востание дејствувал во Пелистерскиот реон и извесно време во Преспа. Во 1904 година формирал своја чета и станал нејзин војвода.
По загинувањето на Сугарев, ја продолжил борбата против грчките андарти, чистејќи го Мариово од нив.
На 4 јануари 1908 година, во с. Ношпал, Битолско, попаднал во турска заседа. За да не им падне жив во рацете на Турците, се самоубил, пукајќи си во устата со револвер.

Димко Сарванов - Могилчето
bottom of page