top of page

Роден е на 12 февруари 1873 година во с. Нестрам (денес Несторио), Костурско. Уште на 15-годишна возраст отишол во Хилендарскиот манастир на Света Гора. Во 1896 година ја завршува Бугарската католичка гимназија во Солун. Служи како ѓакон во бугарската црква во Букурешт, а во 1903 година се приклучува кон револуционерното дело по наговор од Д. Груев и влегува во четата на Б. Сарафов. 

 

           На Смилевскиот конгрес е избран за член на горското началство Ѓаватскиот востанички реон. По востанието останал со Д. Груев и зел активно учество во работата за зацврстување на редовите на Организацијата во Битолско. Во 1906-1907 година е околиски војвода во Ресенско.  Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес.

           За време на Балканските и Првата светска војна раководи со чета. По војните се повлекува на бугарска територија.

 

           Умрел во Софија, на 20 март 1935 година.

Ѓакон Евстатиј (Георги Шкорнов - Димитров)

bottom of page