top of page

            Роден е на 8 февруари 1881 година, во Горно Броди, Серско. Се школувал во Солунската машка гимназија (1896-1899 г.) и во Битолската гимназија (1899-1900 г.). Учителствувал во Крушево, Демирхисарско од 1900 – 1901 година и бил член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет.

​

            По 1901 година бил четник во четата на Јане Сандански. Од 1902 година до октомври 1903 година бил секретаре во четата на Иљо Крчовалијата, а подоцна е во четата на Атанас Тешовалијата. Во летото 1903 година е  делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрира во Бугарија каде завршува историја и географија на Софискиот универзитет.

​

            По Првата светска војна е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО. Во 1925 година на Шестиот конгрес во селото Србиново, заедно со Наум Томалевски и Кирил Прличев е реизбран на истата функција. Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот „Македонија„ и на списанието „Македонски поглед„. Бил еден од основачите на Македонскиот научен институт.

 

           Тој е жртва на меѓуебните борби на ВМРО. Убиен е како протогеровист, на 19 септември 1929 година во Варна.

Георги Баждаров

bottom of page