top of page

            Роден е во Велес 1879 година во богато семејство. Основното образование го завршил во родниот град, па го продолжил во Солун во 1897 година, во Машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Не ја зевршува гимназијата и се занимава со трговија. Тука се запознава со анархистичките идеи и влегува во групата на Гемиџиите во 1901 година.

​

            Како гемиџија учествува во Солунските атентати. На 29 април 1903 година фрла бомба пред грчката кафана Ноја и наредниот ден е уапсен. На судењето оддал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите другари. Заедно со П.Шатев, М.Бошнаков и М.Арсов бил осуден на смрт. Додека ја чекале казната во затворот во Солун, им била преиначена во доживотен затвор по што во 1905 година бил испратен во Фезан, Африка.

​

           По Младотурската револуцијабил помилуван и заедно со П.Шатев се вратил во Македонија и се занимавал со трговија во Солун и Драма.

 

           Во 1914 година влегува во Комитетот на дезертери кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.

​

           Умира на 12 јуни 1939 година во Софија, Бугарија.

Георги Богданов

bottom of page