
Роден е во с.Велика, Малотрновско, во 1858 година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во Цариград. Во 1878 година се населува во Хасково, Бугарија, каде отвора своја работилница, а од 1896 година и во Бургаса. Еден е од основачите и раководител на „Македонско одринското друштво“ во Бургас. Во 1897 година заедно со капетан П.Војвода и др. Формираат Таен револуционерен комитет. Во почетокот на 1901 година Кондолоцв формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско.
Учесатвува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на 28 јуни 18903 година, на „Петрова нива“, каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.
На 6 август 1903 година, при атак на с.Паспалово, а предадени од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ќдрепка му се падна на Димитар Македончето.
