top of page

           Роден е на 6 март 1875 година во с.Шугово (денес Платанакија, Грција). Гого бил четири години војвода во поројскиот реон. Струмичкиот окружен комитет проценувајќи ги неговите способности на организатор и бестрашен борец го назначил за војвода во поројскиот реон. За време на Уриетот се легализирал и ги прифатил методите на легалната борба.

           Во предвечерието на војната, во 1912 година бил убиен од заседа храбриот војвода што дејствувал против режимот на Султан Абдул Хамид и против врховистите.

Гого Иван Кехајов

bottom of page