
Роден е на 2 април 1865 година во с. Варош, Прилепско. Образованието го стекнал во Прилеп, Битола и во Солунската егзархиска гимназија од каде во 1885 година бил исклучен заедно со дванаесетина другари. Учителствувал во Штип, Скопје, Битола и Солун. Во 1896 година ја публикувал својата книга „Материјали за проучување на Македонија“. Во Битола, заедно со Пере Тошев, формирал револуционерен кружок, а по основањето на ТМОРО, по кратко време станал член на нејзиниот ЦК. Во 1896 година, заедно со Гоце Делчев го изработиле Уставот на ТМОРО.
Од 1896 до 1902 година, заедно со Гоце Делчев, бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија.
За време на Илинденското востание учествувал со голема чета во борбите во Прилепско-мариовскиот крај. На Рилскиот конгрес на ВМРО (1905) бил избран повторно за член на Задграничното претставништво во Софија.
Убиен бил на 28 јуни 1921 година во Софија.
