top of page

            Роден е на 23 јуни 1870 година во с.Козица, Кичевско. Не успева да  заврши Битолската гимназија и сеуште млад заминува за Софија каде авршува фурнаџиски занает. Повеќе години ајдукува низ Бугарија, а во 1897 година се враќа во Кичевско каде воспоставува контакт со Организацијата преку кичевската чета на Дуко Тасев. По убиството на Мухарем-бег, во кое учествува и тој, е принуден да замине пак во Бугарија. Во Македонија се враќа пак со четата на М.Ацев во јуни 1900 година, по што формира агитационо-организаторска чета од 4 лица.

 

           Во 1901 година бил комита во четата на Н.Русински, а истата година е наименуван за војвода на Демирхисарскиот реон. До почетокот на востанието дејствувал во Крушевско и Кичевско.

 

           На Смилевскиот конгрес заедно со Д.Матлиев се претставницина Демирхисарскиот револуционерен реон. За време на востанието со 900 востаници го напаѓа албанското село Прибилци, а потоа води борба кај месноста Ѓурчаица, Кичевско. По палежот на селото Цер, заминува со уште три четници да ја испита областа на изгореното село.

​

            На 10 август 1903 година, во селото Цер, Битолско, попаѓа во турска заседа и загинува во нерамна борба како голем јунак.

Јордан Силјанов Пиперков - Пиперката

bottom of page