top of page

           Роден е на 18 ноември во с. Постол, Ениџевардарско, во 1874 година. Основното 6 годишно образование го добил во грчко училиште, средното во градовите Шабац и Белград во 1895 година, а високо во Санкт Петерсбург, Русија во 1897 година, каде дипломира на Историско – филолошкиот факултет во 1902 година. Мисирков е еден од основачите на Тајниот македонски-одрински кружок (ТМОК) во Петерсбург на 12 ноември 1900 година и негов претседател. Извесно време бил професор во Машката гимназија во Битола, а потоа, во градовите Бердјанск и Одеса (Русија, односно Украина). Кон крајот на есента 1903 година, во Софија, излегува од печат неговата книга „За македонцките работи“.

​

           По Првата светска војна дошол во Бугарија, каде извесно време со семејството живеел и работел во Етнографскиот музеј во Софија, а подоцна во Копривштица како професор, односно директор на Гимназијата.

 

           Тешко болен, умира во „Александровата болница“ во Софија на 26 јули 1926 година и е погребан во Софија.  

Крсте Петков Мисирков

bottom of page