top of page

           Роден е во 1878 година во Охрид. Основнообразование завршува во Охрид, а го продолжува во Солунската машка гимназија. Рано се запознава идеите на Македонската револуционерна организација. Во ВМОРО се вклучува и станува комита во 1900 година. Член на кружокот „Гемиџии“ станува додека учи во Солунската машка гимназија во 1902 година и учествува во Солунските атентати во 1903 година.

​

           Тој изнајмува нов дуќан до претходниот, спроти Отоманската банка за прокопување на тунел под основите на банката (претходниот „берберницата“, е изнајмен од други луѓе). Во текот на атентатите, М.Бошнаков и В.Пингов се обидуваат да го минираат Топханетои хотелот „Вардар“, но во престрелката со турскиот аскер Пингов загинува а Бошнаков е заробен. Заробени се и П.Шатев, Г.Богданов и М.Арсов. На 24 мај 1903 година се осудени на смрт, за потоа казната да биде заменета со доживотен затвор.

​

           Марко Бошнаков умира од мучуришна треска на 14 февруари 1908 година во Мурзук, во либиската провинција Фезан. П.Шатев успева да ја пренесе главата и да ја предаде на неговите родители и е погребан на гробиштата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Марко Бошнаков

bottom of page