top of page

           Роден е на 29 септември 1882 год. во с. Смрдеш (денес Кристалопиги), Костурско. Образованието го стекнал во родното село  Костур, Солун 1896-1899 година и Битола 1899-1900 година. Во револуционерното дело се вклучил како ученик во Солунската гимназија во 1898 год. Кратко време бил учител во родното село а од јули 1901 год. е четник во четата на Марко Лерински, а потоа станува и војвода.

 

           Учествувал како делегат од Костурскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание е член на Костурското горско началство и учествува во нападот кај с.Вишени и ослободувањето на гратчињата Невеска и Клисура..

 

           Зимата 1903-1904 година ја поминал во Бугарија, од каде во 1904 година се вратил во Битолскот округ. Потоа станал војвода на чета во Костурско. Во 1906 год. е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет.

           Загинал на 31 јули 1907 година, со уште 14 борци, во борба со турскиот аскер во близина на с. Дреновени, Костурско.

Пандо Кљашев

bottom of page