top of page

Руша Делчева е родена во Кукуш во 1868 година. Таа е најстарата сестра на Гоце Делчев и прва жена – револуционерка, која рамо до рамо со другите патриоти зела учество во борбите за ослободување на својата татковина Македонија. Извесно време била советник во кукушкото раководно тело на Организацијата и курир.
Во 1909 година со педесетина кукушани, учествувала во соборувањето на детрононизираниот султан Абдул Хамид. По изгонувањето на османлиските власти од Кукуш, како доброволка дејствувала на чело на чета на Македонско-одринското ополчение. По палењето на Кукуш во Втората светска војна, емигрира во Бугарија.
Умира на 9 јуни 1945 година во Софија.

Руша Делчева - Чопова
bottom of page