
Солунскиот атентат и заточениците во Фезан
ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ВО ФЕЗАН
КОН ФЕЗАН
>>>
Изутрината, кога ги видовме високите црни ридишта, покриени исклучително со црни како јаглење камења, целата околност ни прилегаше на вистински црн гроб. Пред нашите очи се постилаше толку жална слика, што просто се чудевме од оваа страшна глетка. Наскоро по блеснувањето на сончевите лачи, пристигна и офицерот со карванот. Веднаш сите разбравме дека нашиот другар Никола Трајков, родум од гр. Битола, што боледуваше од сончев удар, умрел. Оставен без никаква медицинска помош, тој беше изгубил свест уште во Сокна, и не јадеше ништо. Ние во синџирите, а тој пред нас, преку сето време деноноќно бладаше за своето минато. Честопати си ги повикуваше трите машки дечиња и сопругата, прикажуваше со нив, понекогаш пееше, а потем со цели часови стенкаше без да можеме ништо да му помогнеме. Тој често повторуваше дека злото, од кое страдаме сите - е турска самоволна власт. Веќе наполовина мртов, кутриот несреќник постојано си велеше на себеси, дека најлошото е во тоа што народот не се збира во едно, за да го мавне турскиот режим. Физички многу здрав, на возраст од 45 г., сосем неписмен, во текот на својот живот, очевидно тој најдобро го имаше разбрано тоа, и сега тоа му беше тема на иеговите претсмртни бладања. При сета своја грамадна физичка сила, поради воспалувањето на мозокот, тој не можеше ни да се држи на камилата. Првите неколку дена со него јаваше по некој од нас, и го придржуваше, за да не падне. Меѓутоа, откако изгуби свест, постојано го врзуваа со јзжиња, за да не падне. Последната ноќ, западнал во претсмртна агонија, тој постојано викал, - така расправаа другите болни, што одеа со камилите, а жандармите, речиси сите бивши разбојници и арамии, озлобени, груби, без ни најмалу да го почитаат барем неговото човечко достоинство, без милост го тепале во текот на сета ноќ. Жешкиот ветер и овие бескрајни измачувања станаа причина што побрзо да умре. Неговиот студен труп, свиснат на гробот од камилата, го сметнавме и го простревме на земја. Лицето му беше потемнето и огрдено од претсмртните маки, прстите од рацете речиси сите свиткани в купче, нозете превиткани, и веќе вкочанети како камен, не исполнија со голема печал. Таква е нашата судба, си велевме. На 14 јули, во 3 ч. попладне, неговиот гроб, што го ископавме со колја, на врвог на една вишнатинка, беше готов. Сите, на чело со свештеникот, облечен во единствената свештеничка облека - епатрахилот, со пеење на соодветната за таков миг молитва, „св, Боже, св, крепки, помилуј нас", го понесовме телото на нашиот умрен другар, го погребавме. Тој ден и целата таа ноќ поминувавме низ некои црни ридишта, еден од друг повисоки, што стрчеа пред нас. Патот беше широк едвај 5-6 дециметра, а од двете страни, до кај можеше да види окото, сета површина на земјата беше покриена со црни камења. Тие беа расфрлени насекаде, така како божем човек нарочно да ги редел еден до друг. Навистина, троа подалечку сретнавме мали купчиња од камења, но тоа беа белези, што патниците постојано ги ставаат крај патот, за да укажат накај врви. По диплите на тие ридови јасно се забележуваше дека тие камења биле отпрвин земја, што откорната од дождовите, и потем раздробена на парчиња, од големата жештина од сонцето се престорила во црни, како јаглен камења За верување земјата содржеше многу глина, и токму оваа им придаваше таква црна боја на камењата. Исто онака како што кај нас поцрнуваат печените тули или ќерамитки, исто така беа црни и овие земјани камења. Другата ноќ веќе се најдовме на највисокото место на тие ридови, од каде се гледаше многу надалеку. Ова место нмаше широка панорама, но ноќната темнина не ии дозволуваше да се вљубуваме на таа глетка од непрекината верига црни ридовн и долини. Се наоѓавме на 670-700 метри надморска височина, во самите пазуви на планината Џебел ес Сода. Таа планина се извишува 1800 м. над земјата, и има величествен изглед. Поради присуството на железо, горните слоеви од земјата се црни како јаглен. А бојата на подолните слоеви е кафеава или жолта. Врвовите на планината светкаат како графит; таа боја на многу места преминува во бледожолта, се среќаваат и многу кафеави и жолти дамки. Воопшго, според зборовите на д-р Фогел, сета месност, поради потполното отсуство на животни и билки, прилега на дел од Месечината. Таа планина е покриена со жолтеникави варовници. Камењата, иако се многу цврсти, многу брзо се раздробуваат од дејството на воздухот, дождот и водата. Камењата се кршат и формираат здлапки. Поради тоа горните слоеви остануваат без опора, и бидејќи не можат да се задржат, паѓаат со трескотница, се струпачуваат надолу, формирајќи безбројни парчиња камен. Кога почнавме да слегнуваме надолу, местата, прекриени исклучиво со ваквите камења, беа многу стрмни, така што ние, каченн на камилите, едвај се здржувавме да не заспиеме. Случајно, само за трошка да се препне животното, ќе се најдевме парчосани во длабоките бездни, што зјаеја насекаде околу нас. И камилите си го сменија својот обичен бавен, но со долги чекори врвеж, па и тие почнаа да одат побавно и со поситни чекори. И наспроти големата тежина (200-250 килограми), со каква беше натоварена секоја од нив, тие одеа многу претпазливо. Тие добро ја разбираа опасноста. Покрај сите други предности, што камилата ги има над другите домашни животни, кај неа е најважно тоа, што таа е многу разумно животно. Камилата може да носи тежина двапати поголема од тежината, што може да ја понесе и најсилен коњ, издржлива е 5 - 6 дена без вода и храна, се храни со многу скудна храна, заменува вол или бивол при обработувањето на земјата, дава добро млеко, а најпосле му служи и за храна на човекот, бидејќи месото и е хранително и вкусно.
Утредента, неколку часа пред најголемата горештина, се задржавме на една ширинка, на која овде-онде имаше купишта сува бодлива трева. Квечерина тргнавме пак, и одевме цела ноќ, постојано палејќи огнови од сувата трева, што ја носевме со нас, за да не се разминеме во темнината со луѓето, што требаше да ни излезат во пресрет со вода. Утредента изутрина до 10 часот поминувавме преку едно ширно рамно поле со набиен песок, измешан со дробни камчиња. Оваа рамнина беше многу поширока од полето кај Софиџин, меѓутоа немаше воопшто никаква трева. Никаде не можевме да здогледаме барем некое суво дрво, барем некоја тревка. Насекаде - само песок и камчиња. Местото беше погодно за одење, меѓутоа исцрпени од неспиењето во последните две ноќи, ние едвај се движевме, нишкајќи се. Откако последните две ноќи патувавме без да отспиеме, таа изутрина, честитајќи си го развиделениотден си ги видовме лицата сосем изменети. Побледнети, дури жолти, како свеќа, не прилегавме на живи суштества. Толку многу ни ја сменија бојата на лицата гладот и жедта, а најмногу неспиењето. Колку и да бевме гладни, никој не мислеше за леб, сите гледавме колку што може побрзо да ја заситиме својата жед. Се обидувавме со суво кафе, измешано со вода, со лимонска киселина, туку ништо не помагаше. Иако за некое време поминуваше жедта, по кусо време пак ни доаѓаше, и ние ја усеќавме само уште посилно. Брзавме да видиме некое дрво, под чија слаба сенка би можеле да постоиме неколку часа, туку попусто. Како што одевме понатаму по сувото поле, одеднаш првите камили свртеа на друга страна. Сите си ги кренаа нагоре главите, како гуски во вода. Некои од камилите дури почнаа да скокаат, постојано оддалечувајќи се сé повеќе од првата насока. Тоа нешто ни го сврте вниманието. Туку сепак сé уште сите не ја знаевме причината за ваквото ненадејно свртување и оддалечување на камилите. Малку потем близу до нас видовме скелети на неколку умрени камили. Бели коски, ребра, черепи, копита и друго. Оваа глетка не нé растревожи нас толку, колку ги обеспокои камилите. Зошто тоа беше така? Веројатно камилите, вечни робијаши во пустињата - подобро од нас ги сфаќаа условите во кои патувавме. Белите коски, што тие ги видоа во песокта за нив бездруго претставуваа неми букви, иероглифи, со кои ја читаа сопствената судба. Камилите се животни, како и сите други, меѓутоа, со својата издржливост, со својот усет, со својата постојаност и усрдност, а најмногу со својата чувствителност, не зачудуваа сите. Ако имаше некој на кого да му заблагодариме за сторена услуга, или пак што избегнале несреќа во патувањето, заправо тоа беа тие, и само тие. Ние бевме зграбени во ноктите на една тиранија, и во текот на животот во таа жешка земја тргавме само тиранија, но истовремено, за жал! колку за срам - и самите ние бевме тирани. Колкава иронија, колкаво разобличување за разумното животно - човекот - круна на животинското царство!
Напладне наближавме до неколку долги купишта подвижен песок, очевидно натрупан од ветерот сред полето. Крај тој песок најдовме две парчиња од телеграфски столбови, фрлени како непотребни. На нив ги приврзавме своите платна (чаршафи и наметки) за да ги избегнеме смртоносните сончеви лачи, што вертикално паѓаа на земјата. Со големи тешкотии едвај-едвај успеавме да покриеме со сенка пространство од 9-10 кв. метра. Таму се натиснавме сите. Тој ден беше голема жештина. Беше многу пожешко од 25 јуни, дента кога стасавме во Тархун. Стуткани како сардини под платното што не ги оставаше сончевите лачи да паѓаат право врз нас, заборавивме дури и да каснеме. Некои се обидоа да јадеме, ама лебот ни се чинеше како земја во устата. Беше жешко, сонцето токму како растопена метална топка вишеше горе на ведрото небо, температура 48°, ни најмалу ветерче да вејне, од заслепувачката светлина на песокта не болеа очите, а на жедта крај и немаше. Нашата телесна топлина не беше ништо во споредба со жештината на воздухот. Неколцина од нас припаднаа. Без престан се чукаа по градите, си ги свиснуваа рацете и главите, и остануваа како премреани. Не знаат да кажат од што стенкаат. Со големи молби добив од офицерот 1-2 оки вода, тие се напија, им помина жедта, и дојдоа на себеси. Штотуку се заполтија тие, паднаа уште неколцина други. Сите се загледавме втренчено едни во други. Не знаевме што да сториме и што да кажеме. И најрешителните од нас ја изгубија својата прибраност.
- Г-н офицер, ве молам, дајте ни уште малку вода да се напијат уште тројца другари што паднаа.
Офицерот, сместен под одделен шатор, пие од штотуку измолзеното пресно млеко од една камила, високомерно ми одговори:
- Мафни се, нема вода.
- Па ене вода во тулумине, таа е за сите нас. Најпосле вие сте одговорен...
- Ти велам, мафни се и оди си на местото.
Јас со растреперени усни се упатив накај моите паднати другари, да видам во каква состојба се.
По малу време офицерот ме повика кај него. Се стрчав веднаш.
- „Земи го ова малово шише, капни неколку капки од таа течност врз дпанката од раката, и оди што поскоро да ги натераш паднатите да шмркнат од тој лек."
Во миг ја послушав заповедта. За мое големо чудење, тие дојдоа на себеси, но сé уште лежеа на земјата.
Сите, облеани во пот, излегувавме еден по друг од нашиот „чадор" и стоевме надвор од него по една-две минути. Привидно усеќавме малечка ладовинка, меѓутоа, страшната сончева жештина не ни дозволуваше да се задржуваме повеќе. Оддалеку движењето на воздухот над површината изгледаше како пластови вжештен воздух над куп силно разгорени јаглења. Колку порадосно изгледа сонцето изутрина, кога ќе се појави на хоризонтот, толку погрозно и пожално изгледа кога ќе се искачи највисоко на небескиот свод. Од жештината и голема жед усните ни попукаа, а носниците се раширија. Со изгорени од сонцето лица, со испопукана и поткрената кожа прилегавме на вистински Арабјани во минијатура.
Тој ден имавме 12 тулуми со вода, секој со 30-35 кил. вода, а ние трпевме за капка вода. Постојано преку сиот пат се случуваше по нешто слично. Најпосле, го запрашав офицерот, зашто не ни дава да се напиеме вода, кога на располагање има толку многу вода.
„Страхувам да не завее некој топол ветер!" - ми одговори тој. „Секогаш треба да имаме резерва од вода, барем за ден-два. Ако не нé пресретнат со вода, едвај ќе ни стаса оваа во мешините, додека дојдеме до најблизок извор. Ги гледаш ли тие тулуми? Во случај да се појавн кбле, ако немаме пљачки за да се попокријат, на пример, сандаци, рогузини, или друго, со кои да ги покриеме мешините, сета вода што се наоѓа во ннв, за најкусо време ќе се изгуби, и ние ќе останеме без вода. Ова место го викаат рамљаи-кебир (големиот песок). Пред единаесет години едно цело одделение војници, одејќи за Марзук, тука го изгубиле патот, талкале еден ден и една ноќ, додека ја нашле посоката на патот, утредента завеал топол ветер, и сите тие умреле за вода."
Местото, каде што запревме тој ден, немаше посебно име. Ние го нарековме местото на припаѓања... Сончевите лачи паѓаа веќе прилично полегато. Офицерот грижливо ги прегледа мешините, заповеда да отворат три од нив, и на сите ни даде по кило вода, да се напиеме. Некои си ја испиваа одеднаш сета вода, а други си оставаа од неа во нашите малечки мешинчиња, што ги носевме по едно за двајца или тројца на раменици. Водата беше добила тешка реа. Со својата реа таа ни најмалу не се разликуваше од сумпорот. Беше толку гнасна за пиење, што кога ја пиевме, по невоља, целиот организам ни се кинеше. Една од причините за брзото расипување на водата беше таа, што мешините беа сосем нечисти, и нивните отвори беа постојано затворени. Сонцето веќе заоѓаше зад хоризонтот, кога ние го напуштивме тоа место, и во далечината, речиси на самиот хоризонт, забележавме 3-4 црни точки. Најпрвин се чинеше дека стојат на едно место. Потем некои од нас, што имаа подобар вид, забележаа дека се движат. Сите, и затворниците, и стражарите и камиларите почнавме вжештено да се препираме. Едни велеа дека тоа се камења, други тврдеа дака тоа се двајца службеници од телеграфот, одат да ја поправат врската. Трети претпоставуваа дека тоа се камилите со вода, што требаше, според заповедта на офицерот, да ни излезат во пресрет.
А. Јас велам дека тоа се камења.
Б. Не, тоа се камили со вода.
А. Се обложувам... во пет парчиња препечен леб... кило, шеќер... во десет гроша...
Б. Не. Ако тоа се камили со вода, ќе ти го земам делот што ти припаѓа од неа. Дали се согласуваш?
А. Добро; се согласувам.
А бе не биди чукнат... земи си го лебот, парите или шеќерот. Па кој тука ќе ти даде да му ја испиеш водата, одговараа други уште позаинтересирани.
Најпосле офицерот ја сврте дулбијата и забележа дека тоа се три камили, терани од двајца Арабјани. Сите се раздвиживме. Општа смеа и шеги. Вода во пустињата, тоа е најголемата надеж за спас, најголемата благодет. Ако сакате, тоа е мана, падната од небото.
Положбата, во која се најдовме, не тераше парите, облеките, украсите и друго да ги сметаме како сосем непотребни, празни работи. Ние гледавме само да си го запазиме животот, а пак за тоа ни беше потребна пред сé вода, а потем леб.
Откако бидна средбата, веднаш ни ја поделија новодојдената вода на сите подеднакво. Стражарите, камиларите, ние, сите зедовме по 2 кила вода, и со неа требаше да ја поминеме ноќта и утредента до пладне. Целата ноќ пак патувавме без да отспиеме. Цела ноќ јававме на камилите, за да откинеме што повеќе од патот. По двајца на камила, качени на нејзиниот остер грб патувавме по десет-дванаесет часа, неколкупати и по 18 часа (кај Зем-Зем и првите два депа, кога излеговме од Тархун). Од долго јавање на камилите сета снага ни се вкочани. Тоа беше една од причините, по гладот, жедта и неспиењето, што секојпат откако ќе одевме цела ноќ, утредента лицата ни стануваа толку печални и се чувствувавме донемајкаде исцрпени. При заоѓзње на сонцето, по заповед, слегнувавме од камилите на 10-15 минути, колку да излеземе по нужда, и потем пак се качувавме, и на никој веќе не му се дозволуваше да слезе од камилата. Слегнувањето беше строго забрането, а оној што ќе ја нарушеше забраната, го натепуваа со камшик и тупаници. Не дозволуваа да слегнуваме од камилите, сакајќи да поминеме што повеќе од патот. Можевме да слеземе од камилите по 5-6 часа патување, и за да се раздвижиме, да одиме пеколку часа пеш. Меѓутоа, не се практикуваше ваква работа, бидејќи при качувањето и слегнувањето од камилите, карванот мораше да запира, а со тоа запирање се губеше време. Некои од нас во ваквата мерка гледаа голема нерационалност, и пепрактичност на офицерот, но се мамеа. Ова се наложуваше да биде вака од околностите во кои патувавме. Ние бевме затвореници, а не туристи, обезбедени со неопходните погодности. Некои од нас немаа обувки, други беа слаби, трети болни, а повеќето, претоварени со торби, па не можевме да одиме како треба. Најпосле ние минуваме долг пат, а не рашетка за забава. Некои од нас, што беа посмасни, кога патувавме цела ноќ, спиеја на камилата. Како што реков, ние јававме секогаш по двајца на една камила. Патувајќи, едниот спие, а другиот го придржува со двете раце, потем другиот спие со помош од првиот итн.. Некои со успех ги правеа таквите сменувања, меѓутоа, повеќето заспиваа и без да сакаат, и веднаш потоа и двајцата се наоѓаа на земја, обвинувајќи се еден со друг, додека не ќе дојдеа стражарите со камшиците. Ние кажувавме разни изговори за „слегувањето", велејќи, на пример дека животното се изплашило од нешто, се накривил самарот, паднал фесот, торбата, најпосле ќесето со пари и друго, ама недоверливите Арабјани не сакаа да го прифатат тоа. Па, ако ви е по волја, не ни можевме да им објасниме, затоа што уште никој од нас не знаеше да зборува арапски. Па ќе не натераа пак да се качиме на камилите, но сега веќе со часови останувавме будни, затоа што ударите од камшикот по лицето, по грбот, или по главата, иако понекогаш не оставаа траги по лицето или рацете, сепак ги чувствувавме подолго време. Последната ноќ го загубивме патот и неколку часа пред разденување талкавме меѓу високите песочни дини на Рамлја - и Сгр. Камилите потонуваа во песокта речиси до колковите, и сосем полека се движеа. Меѓутоа, не спаси развиделувањето. Сите слегнавме од камилите, почнавме да одиме пеш, но пак така врзани за рацете со јажиња, во три одделни групи. Се наоѓавме сред пустињата, беше сосем изклучена каква и да е веројатност за бегање. Па сепак офицерот и стражарите уште не ни веруваа. Уште во Триполи за нас беше укажано како на луѓе, од кои секој убил неколку Турци, како луѓе страшни злосторници -„шерир џанил ер". Користејќи ја утринската ладовинка, го забрзавме одот. По малку пак почна да не фаќа сонот. Се обидувавме да зборуваме, за да се расониме, меѓутоа, и во тоа не успеавме - усните ни беа сосем засушени, така што едвај можевме да зборуваме со тивок глас. Понатаму некои од другарите, одејќи по песокта, постојано се туркаа во еден или друг другар што беше до нив. Што правеа тие? Отпрвин и ние самите не знаевме. Потем се виде дека тие спиеја одејќи! Не знам дали во ова ќе поверуваат или нема психолозите и физиолозите. Меѓутоа, ние тоа го испитавме на нашиот пат, и тоа сите многу не зачуди, како е можно во исто време човек и да оди и да спие. Навистина, неверојатна работа. Меѓутоа, тоа беше вистина. Таа изутрина некои од нас заспиваа и неколкупати по 4-5 минути. Авторот на овие редови самиот го испита тоа. Ако некој би се обидувал да ме уверува, никогаш во својот живот не би поверувал дека тоа е можно. Меѓутоа, сопствениот опит ме убеди. Го наведувам овој факт, за да можете да си замислите колку голема беше нашата премореност од продолжителното неспиење сред пустињата.
Сонцето прижеже, а ние уште одевме, и кај никого веќе немаше ни капка вода. Прашуваме, дали има некаде во близина вода, Арабјаните одговараа - фигриб (има во близина). Де ваму, де таму, едвај по 5-6 часа најдовме вода. Со арапскиот збор гриб се искажува поим, спротивен на тоа што го означува нашиот збор близу. Кога ги прашувавме, дали има во близина некаква населба, село или град, тие одговараа: фи Гриб, а тоа е на 1-2 дена пат. Има ли во близина вода: зејн фи гриб (да, има близу), а тоа значеше 4-5 часа пат. Така и кај нас. Селскиот час не е еднаков со градскиот. А пак арапскиот час е уште поголем, одошто изнесува часот на нашиот селанец.
На пладнина слегнувавме од еден висок рид, и пред себе видовме неколку палми. Тоа беше една мала оаза, каде имаше вода. Местото се викаше Ум Мурабут (синот на Мурабут). Во подножјето на ридот, сред песокот најдовме едно долче со вода. Се напивме достатно, а потем каснавме од препечениот леб, прилично натопен со вода, па стана како да е топол леб, извадивме од торбите пиперки, лук, патлиџани, шеќер - се гоштевавме, а потоа под дебелата сенка на палмите дури и преспавме 2-3 часа. Во тоа време камиларите ги беа напоиле камилите, што не беа пиеле вода уште откако тргнавме од изворот Гтфа, каде го закопавме својот умрен другар. Грижливо ги наполнивме до врв своите мали мешинчиња, што ги носевме постојано закачени со една врвка преку десното или левото раме. Арабјаните не уверуваа дека понатаму секој ден по патот ќе наидуваме на вода, туку ние не им верувавме. На врвот од споменатиот рид имаше еден голем гроб, над кој се развеваше бело знаме, речиси веќе парталосано. Тоа беше гробот на некој арапски шеик, прочуен во тие краишта, што во одминати врамиња се одликувал со тоа што му направил множество големи добрики на месното население. Поминале многу години, откако тој арапски шеик починал, но жителите расправаа за него со голема заинтересираност. Тие ја восхвалуваа неговата јунаштина, неговиот карактер, и прикажуваа трогателни приказни за неговата смрт во текот на една борба со друго, непријателско племе (кабиле), што ги нападнало жителите од оваа оаза, сакајќи да ги ограбат имотите и да ги земат во ропство победените. Пред 40-50 години разбојнички банди, понекогаш и цели племиња (кабилиња) напаѓале туѓн, непријателски на нив племиња, го пљачкосувале имотот, а потоа ги земале жителите (жените и децата) од тие места во плен, и јавно ги продавале на пазарите како робје (којлиња). Тој арапски шеик (главатар на племе или род), херој од минатото, за нив беше станал светец. Секој патник, кога мине оттука, се запира над гробот и мрмори таинствени молнтви. Дали тој му упатува на Севишниот благодарствени молитви поради патот што го поминал, или пак ги упатува своите молитви за успокојување душата на починатиот светец - не знаевме.
Народот во секоја земја знае да ги цени делата на своите заслужни синови. Кај нас свечено откриваат споменици, држат надгробни говори, редовно прават богослужби за упокоение на душата на умрениот, а тука единствено потсетување е кусовременото запирање на патниците кај гробот на починатиот херој. Тука нема величествени споменици, речи исполнети со чувства, и прекрасни цвеќиња, туку само натрупани камења - скромен гроб. Карактеристично е тоа шго повеќето од ваквите гробови се на високи места, близу до кои има вода.
Кога го напуштивме Ум Марабут, водата во вирот беше сосем исцрпена Тоа му даде повод на офицерот да ми каже, дека ако случајно пред нас поминел некој карван, или ако некој посилен ветер ќе го наполнел со песок вирот, што ќе правевме ако пред тоа ја имавме потрошено водата што ја носевме со себеси.
Доцна вечерта на 17 јули стасавме во градот 3 ѓ н. Бидејќи беше веќе многу доцна, останавме да преноќеваме надвор од градот на отворено, во песокта. Времето беше убаво, песокот уште топол, така што беше многу удобно за спиење. Ослободени од јажето и синџирот, сите лежевме „слободно" да спиеме целата ноќ, затоа што и утрешниот ден останувавме во тој град, Кон полноќ одеднаш слушнавме пискотница. Мнозина се разбудивме. Што е тоа? - го запрашавме стражарот.
- Една чкрапја (акреп) го укасала еден од заспаните стражари во ногата.
По малу друга чкрапја укаса и еден од нашите другари. И двајцата истовремено стенкаа. Му се јавил на офицерот во градот. Тој самиот веднаш дојде кај нас. Силно им ги стегнаа со јажиња нозете и на двајцата, за да не може крвта слободно да поминува надолу накај стапалото. За десетина минути нозете и на обајцата многу отекоа. Донесоа од градот една тенеќија со газија, и двајцата каснати од чкрапјите, си ги ставија нозете внатре во течноста, и стоеја така еден - два часа. Потем ја тргнаа газијата, и им ги намачкаа нозете исцело со некаков премаз, бел како масло. Болките запреа. Тие се подзаполтија. А утредента, иако уште ги болеше, веќе можеа да стапнуваат полека на земја.
Во оваа земја чкрапјите се многу раширени. Живеат ниско под песокта или под камењата. Кога некој ќе седне врз нив или ќе се размрда песокта, тие лесно се лизнуваат со нозете и стомакот, излегуваат на површината на песокот, и го боднуваат со жилото човекот или животното крај кои ќе се најдат. И тие се една од второстепените опасностн при патувањето или при живеењето на жителите во пустињата. Честопати тие влегуваат и во просториите на куќите, и со својата отровна течност, што ја испуштаат од опашките, убиваат луѓе со послаб организам, а особено малите деца, што обично врз себе носат само една платнена кошула, и преку цела година одат боси, како сите сиромашни Арабјани, селани или граѓани од овие краишта. Во затворот ние неколкупати крај своите легла наоѓавме чкрапји, што веднаш ги убивавме, за да избегнеме каква и да е несреќа што би можело да ни ја сторат тие деноноќно опасни непријатели на човекот. Најсигурно средство за да се заштити од нив е патникот секогаш да не спие, или да не седи направо на песокта или земјата, ако не е покриен со волнена наметка (ахрам) што е истовремено и карактеристична, а за сиромашните единствена горна облека на сите жители во топлите краишта Месните жители употребуваат и некои лекарства, подготвени од различни тревки, измешани со пресно масло, меѓугоа тие не спасуваат секогаш, особено ако постраданиот е со послаб организам. Карактеристично е тоа што во ваквите случаи, кога некој ќе настрада од чкрапја, не оди кај севозможни бајачи, како што прават нашите селани, кога ќе им се случи да ги касне змија, - туку веднаш се лекуваат со лекарства, кои иако не се сигурни, во нивната спасувачка моќ Арабјаните многу веруваат. Очевидно самата природа ги тера да постапуваат подобро, посериозно во време на несреќи. Утредента од побогатите куќи во тоа градче ни донесоа на дар по едно-две парчиња леб и по неколку чинии со јадење. Цел ден останавме во тој град, затворени во една пустелива куќа со три-четири одаи, земници. Покриени од сонцето, отпочинувавме во сенка. Веќе не се грижевме за вода и за леб. По 24-26 дена откако излеговме од затворот во Триполи, ние веќе навикнавме на помалите маки што ги имавме по патот. Меѓутоа, во последните денови од патувањето, пак требаше да се занимаваме со една сосем деликатна работа, да си ги чистиме главите, облеката и снагата од човечките паразити - вошките, што не боцкаа како вистински игли. Наредени во редица крај ѕидовите од оградата, сите со наведнати глави грижливо си ги прегледувавме сите тутки по кошулите, гаќите и другата облека. Едни веќе, што ќе си го довршеа „ловот" легнуваа да спијат, други стануваат да се зафатат со истата работа.
Попладнето во 5 часот тргнавме и по 10-11 часа пат стасавме во селцето Тмрхинд. Оваа оаза беше најубавата од сите други што ги видовме по патот. Во околноста има многу градини, изнакитени од високите и убави палми, чии плодови беа веќе зрели, и како со квалитетот, така и со количеството ги надминуваа дрвјата во другите оази. Оазата се вика Тм рхинд, што ќе рече индиски палми, поради убавите плодови од палмите. Овие се мошне убаво воспеани во народните песни на Арабјаните. Откако го напуштивме Тм рхинд, по полноќ се запревме на едно место во песочиштето. Таа ноќ, под ведрото небо, со проѕирниот воздух и светлата месечина, крајот имаше особен изглед. Пред наши очи ни се претстави сликата исто како онаа кај нас. кога земјата е покриена со дебел снег, а е јасно и месечината светка. Само што снегот тука го заменуваше дробна песок, бела исто како него. Тукашнава природа ја имаше и таа предност, што наместо студен ветер, тука се усеќаше тивко и ладникаво, пријатно ветерче.
На 20 јуни изутрината стасавме до градот Себа. Надвор од градот беа излезени да не пресретнат жени, деца и мажи. Заправо тие му излегоа во пресрет на офицерот, нивни познат и роднина, бидејќи се враќаше излезен со оправдување од судот од Триполи. Тука и ние крај него се најдовме во свеченоста. Врвевме двајца по двајца во редица. Од двете страни поминуваа жени и девојки и пееја со висок глас, а по нив одеа мажите на чело со офицерот. Не знаевме дали пееја религиозни или световни песни. Една од жените ја предводува врвулицата со кренати рафце, адругите ја придружуваа пеејќи. На крајот од напевот си го повишувза гласот, и сите се огласуваа високо со неколку еднакви звуци, а потем првата жена ги спушта надолу рацете. Тогаш тоа веќе не прилегаше на пеење, туку на пискотници. Пред нив млади луѓе, јавнати на убави коњи, движејќи се паралелно, ги збодињаат колку што можат коњите. Во време на галопот тие се доближуваа по трипати еден до друг, си ги допираа главите или рацете еден до друг, пак се оддалечуваа и истовремено на определен знак пукаа со пушките, што ги држеа во десните раце. Пукотот од две пушки се слушаше како единствен ист пукот. Како што е познато, Арабјаните многу милуваат да јаваат. Тукашниве Арабјани во тој однос се подолу од жителите на Арабија. Многу веројатно е дека овој обичај им останал од Арабјаните што дошле до северниот брег на Африка во време на брзото ширење на калифатот. На неколку чекорн близу до ѕидините на градот се наоѓаа гробишта, и кога поминавме крај нив, насетивме една многу лоша реа.
Во Себа се задржавме два дена, и таму ни дадоа како дарување леб и јадење. Третиот ден попладне тргнавме, патувавме целата ноќ, а утредента поминувавме низ една песочна долина, со многу ниски палми, додека влеговме во градот Гоудва. Западно од градот под едни високи сенчести палми се задржавме неколку часа, а оттаму 10-15 километри врвевме пеш, додека дојдовме до бунарот Бир ел Амри, во кој имаше убава вода, слатка за пиење. Се стемни. Ги јавнавме камилите, и засилеио поминувавме целата ноќ. Ноќта беше темна, и во темнината едвај се забележувавме еден со друг. Цела ноќ врвевме преку некои места сосем затрупани со јадри камења. Патот беше многу тесен, 6-7 дециметри. Взори далеку на хоризонтот забележавме долг раб палми, што свиваше на исток, а ние одевме накај југозапад. Тоа беше околноста на Мурзук. Сонцето уште не беше нзгреано, кога слегнавме од амилите. Ни ги кладоа синџирите и продолживме понатаму. Градот уште не се гледаше, бидејќи пред нас имаше песочнн ридишта, што ни пречеа да го видиме. Се наоѓавме на два часа далечина од Мурзук. Уверени дека стасавме живи, ние не обрнувавме многу вниманне на тешкиот дебел синџир, што ни висеше на вратовите. Облеани во пот, се движевме по песокта, постојано качувајќи се и слегнувајќи по песочните тумби. Кога се искачивме на врвот на последниот рид го здогледавме градот и градините околу него, полни исклучиво со палми. На западниот дел од градот забележавме една висока многуаголна зграда. Тоа е касарната или владиниот дом, си рековме сите. Другите куќи тешко се разликуваа една од друга. Сиот град, заграден со ниски ѕидишта, изграденн само од земја, се чинеше како една зграда. Тој ден по патот среќававме жени, деца, мажи, што сите брзаа колку што можеа поскоро, па некои дури и трчаа, младите што поскоро да му бакнат рака на офицерот, а постарите пламено да го прегрнат. Гласот за неговото простигнување го доведе во восхит населението во градот. Целиот град беше излегол да го пречека. Пред источната порта од градот, надвор, имаше николку офицери, и множество мажи, жени и деца. Сите тие не загледуваа со особено љубопитство. Некои од жените со мавтање со рацете ни пожелуваа скорешно избавување и искажуваа сочувство спрема нас и нашата судба. Тие долго не благословуваа, меѓутоа, ние не можевме да разбереме ништо повеќе. Кога помииувавме низ градската порта, крај која имаше стража, видовме едно широко, празно место, и една долга, права и широка улица. Од двете страни на улицата имаше мали дуќанчиња, сите под еден заеднички покрив, а другиот крај на улицата завршуваше со еден поголем плоштад, сред кој имаше бунар. Го поминавме плоштадот, излеговме низ една тркалезна, внсока врата, на која издлабен во мермерна плоча имаше некаков турски натпис. Тоа беше главната врата (баб - и - шерие), низ која се влегуваше во голем правоагален двор. На едната страна на правоагалникот се наоѓаше касарната, а на другата - џамијата, Од главната врата повторно ја видовме онаа висока многуаголна зграда, што најпрвин ја забележавме од послениот песочен рид. Таа е прилично грамадна, прагот на влезната врата во неа е 7-8 метра повисоко од дворот на касарната. Откако се искачивме по едни камени скали, поминавме низ вратата на владиниот дом, и влеговме во еден четвртест мал двор. Ете бевме веќе во затворот. Веднаш еден стражар со штик застана да варди на влезната врата. Ни ги извадија синџирите, не проверија еден по еден сите лично, си ги зедовме облеките, и се сместивме во уште непоправените, и дури неисчистени темни ќелии. И така, по триесетдневно патување, 31-от ден, на 24 јули во 11 часот, влеговме во затворот во Мурзук.
1. Ова офицерот го објаснуваше така што ако секој земе да вади од пљачките, тоа ќе го искористат Арабјаните, и во време на патот ќе испокрадат сé. Ако пљачките ни стојат неодврзани, тој можел да бара одговорност од камиларите во Марзук.