top of page

           Роден е во 1871 година во Прилеп. По професија е учител. Еден е од најпознатите терористи на Организацијата, човек што ги извршувал нејзините специјални наредби во врска со извршувањето на смртните казни врз предавниците, отпадниците и крвниците на македонскиот народ.

 

           Во 1896 година во битолскиот затвор,  заедно со Ј.Гавазов и Д.Штипјанчето го прободуваат со ками Мицко Крстев за непристојно однесување, по што тој минува во услуга на српската пропаганда во Македонија.

​

           Загинал при извршувањето на смртната казна што ја изрекла Организацијата врз отпадникот Тоде П.Антов во Прилеп, во борба со турската полиција на 6 јануари 1899 година.

Стојан Лазов

bottom of page