top of page

           Роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Бугарија. Учи во родниот град и потоа во воена служба. Во 1902 година ја непушта армијата со чин подофицер. На 28 јули 1902 година влегува во редовите на ВМОРО, а во август 1902 година е четник во четата на К.Антонов. Од 1903 година е самостоен војвода.

          

           За време на Илинденското востание раководи чета во Тракија каде останува и по востанието.

           

           Во 1906 година се префрла во Леринско. Во 1907 година е назначен за реонски војвода во Прилепско и Велешко каде ги гони четите на Ј.Бабунски и Г.Љамев. Во јуни 1907 година води борба со туѕрскиот аскер и српските чети кај селата Крстец, Попадија, Никодин, и Ракле, Прилепско. Во јули учествува во прославената битка „На Ножот“.

           

           Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО, како делегат на Битолскиот округ. На конгресот е назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија. Со решение на конгресот, на 24 септември 1908 година, заедно со Д.Запрјанов и И.Москов извршуваат атентат врз Ј.Сандански во Бошњак ан во Солун, при што Николов ги убива телохранителите,  а Сандански е само ранет во плешка.

           

           Во мај 1910 година збирните чети на Т.Николов, А.Петков, Х.Чернопеев, М.Чаков, Ѓ.Евстатиј, С.Чавдаров и К.Самарџиев заминуваат за Македонија и кај с.Ораново, Горноџумајско водат борби со турските гранични позиции.

           

           По учеството во Балканските и Првата светска војна е избран за член на раководството на Внатрешната тракиска револуционерна организација. 

           

           Во 1924 година се повлекува од ревлуционерната дејност во Асеновгра, каде што живее до смртта на 17 јануари 1947 година.

Тане Николов

bottom of page