top of page

           Роден е во с.Вранештица, Кичевско во 1861 година. Се школува три години во манастирот Св.Богородица Пречиста и во Солунската машка гимназија. По завршувањето на гимназијата станува учител, а во 1889 година во Цариград е ракоположен за ѓакон, а потоа работи како егзархиски учител во Битола и служи во црквата Св.Богородица.

 

           По создавањето на ВМОРО зазема видно место во борбата против поробувачите и е близок соработник на Д.Груев, П.Тошев, А.Лозанчев, П.Христов, Б.Сарафов, Х.Матов и др. Во 1896 година е назначен за егзархиски наместник на Дебар, а во 1899 година за архиерејски наместник во Кичево. Член е на Битолскиот окружен револуционерен комитет и на револуционерните комитети во Кичево и Дебар. Кон крајот на 1899 година, по убиството на неколку бегови во Кичевско, тој е осомничен и лежи во затворите во Кичево и Битола. По ослободувањето, истата година е пак осомничен за убиство на еден предавник и знаејќи што го очекува, ја напушта службата и оди во четата на Т.Давидов, а пио неговата смрт во четата на С.Арсов која дејствува во Ресенско, а потоа се враќа во Кичевско со В.Попов и Х.Сугарев

           

           Во 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес и добива задача за предавање на протоколите на Задграничното претставништво во Софија.

           

           Се враќа по востанието и заедно со Д.Груев се оддава во возобновувањето на револуционерната мрежа. По Лигушевата афера во Битолско во 1906 година, поп Тома е пак осуден на доживотен затвор, но по девет месеци,  по Хуриетот е ослободен од Битолскиот затвор.

           

           Во 1934 година е расчинет поради служење на панахида на член на ВМРО во црквата Света Петка во Софија.

           

           Умира во Софија на 18 август 1946 година.

Тома Николов Христов (Поп Тома)

bottom of page