
Роден е во 1869 година во Велес. Основно образование завршува во Велес по штро го изучувал дрводелскиот занает. Во 1887 година заминува во Софија каде отвора своја дрводелска работилница. Социјалистичките идеи ги стекнува под влијание на Димитар Благоев. Во 1893 година формира Македонска работничка социјалистичка група. Во 1900 година се одржува првата социјалистичка конференција во Македонија на која присуствувале В.Марков, Н.П.Русински, Н.Карев и др.
В.Главинов учествува во издавањето на весниците „Револуција“ (1895), „Политичка слобода“ (1898), „Работническа искра“ (1909), како и низа прогласи и брошури.
Во јануари 1910 година учествува на Првата балканска социјалдемократска конференција во Белград.
По почетокот на Балканските војни се враќа во Софија каде останува до крајот на својот живот. По превратот од 9 јуни 1923 година се повлекува од јавниот живот.
Почина во Софија на 24 јануари1929 година.
