top of page

Роден е во с.Селце, Крушевско, на 12 февруари 1870 година. Извесно време работел како печалбар во Софија. Во Софија во 1895 година се зближил со В.Главинов и ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1900 година стапил во редовите на ТМОРО. Во 1901 година бил во четата на војводата Н.Русински. Истата година станал крушевски војвода.
На 23 април 1902 година бил опколен со својата чета од турска војска во с. Ракитница, Крушевско. Се развила жестока борба во која загинал храбриот војвода и поголем дел од неговата чета. Селото Ракитница било опожарено.

Веле Марков
bottom of page