top of page

           Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски се псевдоними на лицето Величко Димитров Керин од с. Каменица, Пештерска околија. Роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. Величко има еден  брат и две сестри. Тој немал големо образование, завршил трети клас во с. Каменица.

​

           Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како на еден од најдоверливите му се доверуваат редица одговорни задачи. На 12 септември 1924 г. го ликвидира Димо Хаџидимов, а на 12 декември 1930 г., во Софија е убиен Наум Томалевски.

​

           Од 15 јули 1932 г. Владо Черноземски е испратен кај Анте Павелич како инструктор, во Јанка Пуста - Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.

 

           На 9 октомври, 1934 г. во Марсеј, Франција ги прострелува југословенскиот крал Александар и францускиот министер Барту, и ранет од полицајците по кратко време умира.

​

           Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

Владо Георгиев Черноземски

bottom of page