
За Македонцките работи
Ако разгледаме сега распространените во Македонија религиозни пропаганди, то тамо ке најме религиозните пропаганди во поекето случаји да служат како орадије за национални и политически цели.
Протестанството и католичеството во Македонија имаат само религиозни цели, оти предстаителите на тија пропаганди со уважејн'е се односуат до сите и нај дробни национални особнини на сите македонцки националности. Ето зашчо никој немат прао да се ополчит против работата на тија пропаганди.
Праославијето, нај старата, нај распространената и основната религија на сите македонцки народности, за сожал'уајн'е сосим изгубило од видот својата главна цел'а да сејит братство мег'у народите, да облагородуат срцата на верните. На место тије благородни задаки праославијето сејит само раздор и ненавист. Оно јет сега само нај главното средство во раците на разни пропаганди со чисто национални и политични задаки. Праославијето во Македоиија сега јет до толку искажено, шчо и не можит да бидит реч, за една праославна црква, — сега тамо имат 3 цркви, но не православни, а: грцка, бугарцка и србцка. Зашчо тоа да бидит така? Зар црквата не требит да бидит: Едина, Соборна, Вселенцка и Апостолцка?
— Да. Црквата требит да бидит имено Едина и Соборна, а не србска, грцка и бугарцка. Црквата кај нас си изгубила својата главна цел'а, за то македонцката интелегенција и народо имаат полно прао да употребат сите своји сили да лишато црквата во Македонија от чисто национални цели и да й поврнат тија цели, који шчо и запоедал неј нејнијот Божествен Осноач: да проповедуат евангелието на сите јазици т. е. на сите народи на нивните јазици.
Ако религиозните пропаганди се постарајат да побркаат на здружуајн'ето на македонцката интелегенција и македонцкијо народ мег'у себе, то прво нешчо, које ке се потребат, тоа јет, да се образуат во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква т. е. да се возстаноит Охридцката Архиепископија, која шчо ке бидит „Архиепископија всеја Македонији".
Религиозните пропаганди можат да имаат нешчо, против здружуајн'ето на македоицката интелегеција и народ само по национални соображуајн'а. Ако јет така, то природно јет, оти, со барајн'ето црковна реформа ке се сојединит и барајн'е сколијцка реформа т. е. Архиепископијата ке земит во свои раци сколијцката работа, и ке се сообразуат во неја со народноста на својата паства: во грцките епархији и парохии ке се учит во сколијата, и ке се служит во црквата на грцки јазик; во влашките — на влашки; во словенцките — на македонцки.
Тогај сите национални и религиозни пропаганди који шчо цепија народо на разни групи, непријател'цки една кон друга, ке се отстранат и ке настапит мир за народо, за Македонија, за Турција и за Европа.
И вистина, одвај ли имат нешчо по арно од вакво свршуајн'е на македонцката криза: за народот то је арно, оти ке се ослободит и од интригантите од разни народности, и ке се откажит од разни поддупуајн'а, који шчо го одвлекуваат од негоите мирни работи: црквата ке примирит безосновната вражда мег'у разните народносги.
Таков исход на кризава јет нешчо нај арно и за Турција. Турцките дипломати се лажат многу, ако мисл'ат, оти ке сочуваат Турција во Европа поеке ако се придржуат до политиката: divide et impera. До кога имаат во Македонија поеке влијајн'е от самата Турција до кога не се отстранат причините, чуздите држаи да имаат во Македонија поеке вилјајн'е од самата Турција до тогај Турција само ке расходуат на Македонија, а не ке имат од неја никаква полза, до тогај секоја минутај ке требит да се бојит да не изгубит Македонија; а акој се признаиг официално, оти во Македонија немат неколку словенцки народности, ами имат само jеднај oддел'на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македонија во самостојна архиепискотаија, наједнаш Турција ке се ослободит од набркуајн'ето во македонцките работи от сите 3 саседни држаи.
Нашите национални интереси, диктуваат на македонцката интелегенција и на македонцкио народ, да се поможит на Турција да излезит од затруднител'ното положејн'е во које ја кладеа религиозните и национални пропаганди во Македонија и држаите, заинтересуани во ниф. Нам не ни требит присојединуејн'е до Бугарија, ни до Србија, ни до Грција. Целоста на Турција за нас јет по важна, од колку за Русија и западна Европа. Турција јет страната, шчо се наог'ат во нај арно географично положејн'е. Турцкото подданство и сочувајн'ето на целоста на Турција ни даат прао на македонците да се ползуаме низ цела Турција со прао граг'анство. А тоа прао можит да ни даит голема материална полза. Ето зашчо македонцката интелегенција, ако изучит подробно својите интереси то на прво место требит, да постаит и за себе, и за својо народ: со сите своји морални сили да сочуат целоста на Турција. Во замена на тоа, није ке имаме лице и прао, да се надејаме од нашијо великодушен господар, да добијеме полна автономија во црковното и сколијцко дело и полна равноправност пред законо и во местната самоупоаа во Македонија. Таква самоупраа никак не јет опасна за целоста на Турција. Напротив она ке уредит односите мег'у македонцките народи во вечни времијн'а.
И така усилијата на македонцката интелегенција и народо требит да се обрнат на националното сојединуајн'е на македонцките словени во једно цело и на сојединуајн'ето на интересите на сите македонцки народи. Националното и религиозно непријател'ствуајн'е требит да станит само једен жалостен спомин. Солидарната работа на македонцките народности требит да се обрнит кон сочувуајн'ето на целоста на Турција. Во замена на таа, Турција ке раширит праините на сите македонцки народности пред законо и во административното управуајн'е, и ке покроителствуат на националното развитије на сите македонцки народности.
Таква мирна програма на македонците ке стретит поддржка и одобрејн'е у великите сили, заинтересуани со сочувуајн'ето на целоста на Турцко. Великите Сили ке поможат на Турција да се оддалечат сите непраини за македонцките народности од националите и верцки пропаганди и да се обезпечит нивното самостојно сашчествуајн'е и развијајн'е.
Малечките балканцки држаици, који шчо сет заинтересуани и поддржуат пропагандите, на прво време, ке расрдат на Императорцкото Султанцко праителство за тоа, шчо пресече „вековните" привилегји, но ке поминит време и они ке се примират со устранејн'ето на пропагандите, оти тоа устраненјн'е, ке бидит во нивна полза: ке престанат да прајк'аат во Македонија секоја година својите милиони франкои, од који за ниф никога не јет имало, и не ке имат никаква полза. Тије милиони не само сет пропадали до сега без полза, но и имаат поддржуано непријателство мег'у Балканцките држаи, кога тије по својата географцка близост и једнакви интереси, требит, една со друга да помагаат заједничното економцко развивајн'е.
По горе, кога зборуаф јас ка неуспео на востаајн'ето, јас рекоф, оти неуспео се должит на частичноста негоа. Јас зборуаф, оти кога се праит востаајн'е од името и во полза на сите македонцки народности, тогај на тоа требит да се имат полномок'ност и участије на сите народности во организацијата.
Сега, кога зборуам јас за истеруајн'ето на пропагандите од Македонија, за примируајн'ето и објединуајн'ето на македонцката интелегенција и народности, можит некој да си помислит, оти тоа објединуајн'е ке ни поможит да се подигнит једно обшчо востаајн'е, које шчо ке имат по голем успев. Ке погрешит, кој ке напраит такво закл'учуајн'е.
Јас ушче по горе рекоф, оти није сме заинтересуани во целоста на Турцко. И вистина, каква полза за нас од присојединуајн'ето со Бугарија или Србија, или Грција? Тије држаи сет по културни од нас, а като таквија само тије ке имаат полза од присојединуајн'ето кон ниф Македонија. После таквоа присојединуајне на цела Македонија до једна од балканцките држаици не јет возможно — друзите држаици ке побркаат на него. Возможен јет дележот на Македонија мег'у малите држаици, или окупирајн'ето на Македонија од Австрија. Но можит ли да бидит по голема нестрек'а за македонците од раздел'уајн'ето или окупацијата?
Малечките држаици балканцки без церемонија ке земат во своји раци сите дооди од завоеваните части на Македонија, а македонците ке се обрнат во просјаци откако си загубат првен својите национални особини.
Можит да се предречит, каква ке бидит судбата Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Ерцеговина јасно ни покажуваат, оти не ке поминат и 10 години од Австријцката окупација, како ке зафатат македонците без разлика на вера и народност да си оставуат својите катои и да се исел'уат.
А и присозединуајн'ето до једна од балканцките држаици, шчо не јет никој пат возможно, ни делејн'ето, ни окупацијата, не сет возможни без револ'уција од натре. И имаат ли смисл'а тије револ'уцији, кога ни обезпечит Н. И. В. Султано националното и религиозното сашчествуајн'е и ни гарантират равноправност пред законо и во областната самоупраа со турците? А се имаат осноајн'а да се мислит, оти Императорцкото праителство јет исполнено со добри намерејн'а за својите македонцки народности. Историјата помагат на секој народ, да си видит грешките, који шчо имат праено, и да се чуат да не се повторуат. Сегашното востаајн'е јет многу поучно, како за нас, исто така и за турците. Јас не можам да допушчам, турците да не се поучат од него: јасно јет за секој, па и за турците, оти Турција не можит поеке да сочуат Македонија, ако продолжаат истата политика кон нас, шчо је водеше до сега. Турција не можит да сочуат таја своја провинција без содејството на местното жителство. Једна војска не јет доста, како шчо не јет доста и доволството на меншеството на населејн'ето. Турцкото господство во Македонија ке се сочуат само тогај, ако во неја имат многочислено населејн'е, које шчо видит својето благосостојајн'е обеспечено само под власта на Турција. Тоа населејн'е ке составуат главнијо оплот на турцките интереси во Македонија. А поддржката на болшинството Турција ке добијит само, ако се погрижит да воведит во Македонија истинцки реформи, способни дејствително да сочуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граг'ански праа и сносно економско сашчествуајн'е. Ако тија потребности на поданиците не се сочуваат, и Турција продолжаат да бидит неискрена во прилагајн'ето на реформите, то от тоа ке пострадат нај много пак она: 1, она ке бидит принудена со сила да воведит некоји реформи; 2, ако после тоа населејн'ето не бидит оградено во национално-религиозен и економцки однос, то со тоа ке се восползуваат непријателите на Турцко да налраат во Македонија брканица за да ловат риба во матна вола
И така првото нешчо, које шчо ке требит Македонцката интелегенција да се добиват, тоа јет: устранејн'ето на недоверјето мег'у интелегенцијата со разно национално и религиозно образуајн'е; објединуајн'ето на таја интелегенција, как во самата Македонија, так и зад нејните граници; совместното обсудуајн'е обшчите интереси на македонците; устрануајн'ето на национално-религиозната мрзн'а; воспитан'ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуајн'е на македонцкијо јазик и слоесност во стредно-учебните заведејн'а во градоите со словенцко населејн'е; обучејн'ето во селцките сколији со словенцко населејн'е на македонцки јазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужејн'е. Ако тија барајн'а стретат отпор од некоја от пропагандите, то да се молит турцкото праителство и Големите Сили, да се отдалечат од Македонија деморализујуките пропаганди, да се востаноит Охридцката Архиепископија, во раците на која да преминит црковно-сколијцкото дело за сите рисјанцки народности во Македонија.
Друго нешчо, које се барат од нас, јет, да се обрниме до нашите брак'а, шчо војуваат во таткоината ни да сложат оражјето, за да се даит возможност на Русија и друзите сили, да земат сите мери, шчо зависат од ниф, да се удовлетворат сите наши религиозни, национални и економцки интереси.
Јасно ми јет, со какво негодуајн'е ке се однесат мнозина кон тоа мое предложејн'е. Можит, ке го наречат и предател'ство. Можит да бидит, да се најдат и л'уг'е, који шчо ке речат, оти требит да се мавнат од тоја свет лица со такви мисли.
Kој како сакат, нека речит, нека мислит и нека пријимат против мене. Долго кон народот и таткоината ми диктуваат да се искажам во таква смисл'а. Јас сум једнаш уверен, оти во постапоко ми немат нишчо предателцко: 1, оти мислите, не само на частни лица^ како мене, но и на сите македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барајн'ата и предложејн'ата на целијо бугарцки народ и бугарцкото праителство, не сет во состојајн'е, да изменат погледите на Големите Сили и Русија на нуждите на македонцкијо народ; 2, сите усил'а по натамо одвај ли ке изменат поведејн'ето на држаите во нашето прашајн'е. Нај много, шчо можит да бидит, тоа јет — европејцка конференција; но таја конференција не можит да се зафатит по рано от пролетта; и то, тогај ке се зафатит само, ако востаајн'ето тогај бидит по силно от сегашното. Но можит ли да се предвидит одот на востаајн'ето? Пак и да се допушчит, оти востаајн'ето тогај ке бидит, и по силно от сега, и ке принудит Европа, да се повикат европејцка конференција, можит ли некој да предречит, оти решејн'ата на таја конференција ке бидат во наша полза? — Одвај ли.
Европејците до сега си имаат напраено непраилен закл'учок за народноста на македонците, и ето зашчо, последните, који носат на својот грб сите тешкотији и нестреки от сегашното востаајн'е ке имаат нај малу полза од решејн'ето на конференцијата. Требит да бидиме слепи, за да не видиме тоа, шчо јет очигледно. Во конференцијата ке се земат цел ред мери во полза на македонцките народности. Но који сет тије народности? — турци, бугари, срби, грци, власи, арнаути.
Кого требит да бројат на конференцијата: бугарин, србин, грк? Каде јет границата мег'у ниф? Нај после кој ке заседаат на таја конференција? Кој ке даат сведејн'а за македонцките народности и нивните потребности? Зар не јет јасно, како бел ден, оти предстаители од нас немат да имат, оти ке решаваат нашите судби, без да не питат нас, шчо бараме није, а зато, ке питаат нашите непријатели, који имаат своји држаи и своји дипломати, и који ке извлечит сета полза од нашата пролиена крв?!
Не брајк'а! Никаква конференција не не спасават. Многу по арно ке бидит, да се довериме на нај многу заннтересуаните во нашите работи држаи, особено на праославна Русија, која знајит убао нашите нужди, а не да се надејаме во сами себе и во некакви конференцији. Да беше било така лесно и арно созивајн'ето на конференција, и сега ке имафме друг способ трактуајн'е на нашите работи, и наместо Европа да остаит Русија и Австрија да решаваат нашето прашајн'е, сите европејцки Големи Сили ке сакаа во него да играат једнаква рол'а. А шчо пишит англијцкијо министр-председник на кентерберијцкијо архијепископ за политиката на Големите Сили во нашите работи: „Участјето на сите Сили во разрешејн'ето на македонцкото прашајн'е само можит да задржит, на место да ускорит неговото разврзуајн'е. Во даденијо случај нај арно јет иницијативата и нај главната рол'а да јет во раците на нај заинтересуаните големи држаи, који нај арно знајат нуждите на македонците". — Да, није требит да знајиме, оти од участјето на сијот „концерт“ можит да се очекуат големо неблагозвучје, по малко давлејн'е на Портата, од колку можит да се очекуат од работите на двете нај многу заинтересуани држаи. Држаите разно гледаат на прашајн'ето, а тоа разногласје бркат на једнодушно давлејн'е на Портата. Можит ли да се мислит, оти на конференцијата ке имат по големо једногласје, от тоа шчо го видиме сега во постапоците на двете заинтересуани држаи?
Сегашната конференција ке бидит сосем во друзи условија од тије, во који работеше конференцијата пред последната руско-турцка војна:. Сегашната конференција ке изиграет само во полза на малите држаици, шчо бараат на есап на македонците да си осноат и рашират праата на нивните народности. Ако јет така, а инак не можит ни да бидит, то ексик му и конференцијата!
Једно јет така, то немат смисл'а и по накашното сопротивуајн'е. Знаете ли, шчо мисл'ат тије, шчо сет за по накашното сопротивуајн'е? — Једно имаат надеж за, набркуајн'е на Силите; друго, се надејат на конференција; и трек'о кажуваат, ако не бидит ни једното, ни другото, то ке напраат Турцко економцки да пропаднит со долгото содржуајн'е на голема војска. Једнаш се видит, оти двете првни надежи не ке бидат во наша полза. А трек'ото ушче по малу. Зашчо ке питате?
Европа. имат интерес, да се сочуат Турцко, ето зашчо, ке му даваат средства, за да се сочуат. А кој ке и плајк'ат тије пари и процентите од ниф? — Пак није. Но да предположиме, оти турцкото економцко разоруајн'е не ке се отразит на нас. Но не јет ли јасно, оти ако Турцко ослабнит економцки, није ке ослабниме во неколку пати поеке? Не знаеме ли није, оти сето време до кога ке се продолжаат борбата со четите, турцкијо аскер ке грабит, ке насилуат и ке праит секакви друзи пакости на населејн'ето? Народо не ке можит да вршит својата работа, а од друга страна, ке требит да ранит гладната турцка војска и четите?
Борбата имат, не толку национален, колку религиозен характер. Како та јет опустошител'на, во неколку пати поеке од обичната војна! Тоа опустошејн'е имат смисл'а, ако се имат надеж на успеф. Сијот надеж наш јет на европејцко набркуајн'е. Но јасно јет, оти такво набркуајн'е немат да последуат. Није мислиме, оти Европа ке се сожалит над мирното населејн'е, и заради него ке се набркат во нашите работи. Но имено нашите есапи не даваат на европејците возможност да се претечат на помок' на мирното населејн'е. Европејците кажауваат, оти не можаат да напраат нишчо, оти секоја мера од Европа, комитето ке приимит за пооструајн'е на негоата агитација.
Значит, до тогај, до кога ке се продолжит движејн'ето, није не можеме да очекуаме дејствително набркуајн'е во нашите работи, и до тогај нашијот народ ке бидит принуден да трпит нај големи бесполезни и бессмислени нестреки.
Во таков случај имат ли смисл'а по накашната борба? — По моето мнејн'е немат. Није немаме излишни народни сили, за да й принесеме на жртва за бугарцките, србцки и грцки интереси, оти сегашната борба јет само во туг'а полза. Нашите народни сили сет нужни и за културна борба.
Да допушчиме и противното, оти сегашната борба нај после ке принудит Европа да се набркат во турцките работи и да принудит Турцко да даит равноправност на македонцките народи. Дали није македонците (словените) во таков случај ке можеме да се поздраиме со успеф? Мисл'ам не. Равноправноста ке бидит за сите народи, па и за турците, грците и пр. и пр. Значит, нашата крв се проливала за праата на тија народности,. који шчо, или си седеа мирно во време на борбата, или беа против нас. Малу јет тоа, шчо није проливафме крвта на нашијот народ за туг'ите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и разорејн'е, ке се восползуваат нашите непријатели от слободните држаици за да продолжаваат со својите религиозни и национални пропаганди да не дел'ат на протиоположни и непријател'цки лагери: срби, грци и бугари.
После борбата на бојното поле, ке настапит време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме возможност, да се ползуаме со плодоите на пролијената крв и да преуспеваме културно, није и тогај, како и сега, ке требит да помагаме во наша вреда, то србцките, то грцките, то бугарцките ивтереси.
При таква национална раздвојеност, и при полното економцко разоруајн'е безсмислени ке станат секакви конференции, набркуајн'а и реформи, оти сите ке водат кон једен дележ на Македонија.
По сите тија сообразуајн'а, како и по полната убеденост во тоа, оти, не само бесполезно и невозможно јет по накашното успешно сопротивуајн'е, јас мисл'ам, оти наш долг јет да замолиме македонцката интелегенција, која имат влијајн'е на сегашното движејн'е, да обрнит својот поглед на сериозноста на положејн'ето, да измислит патот и сите стредства, колку се можит по скоро, за да се искажит полно доверје кон постапоците на заинтересуаните Големи Сили во полза на македонците, и откако ке им дајит обек'ајн'е, да прекинит по накашната борба, да й замолит да се помогнит, морално и метеријално на постраданото населејн'е да се попраит; да замолит, да се воведат сите предложени реформ'и и тија, који шчо ке најдат силите за нужно, како раширејн'е на изработенијо проект; да се отстранат пропагандите и востаноит Охридцката архиепископија со црковно-сколијцка автономија, амнистија на емигрантите и сите четници, признајн'е на словените во Македонија за одделна народност: македонци , и внесуајн'е на тоа име во официалните книги и пр.
Со полното прекратуајн'е на востаајн'ето, ке се устаноат мег'у нас и турците односи, који одговараат на интересите, и наши, и нивни. Тогај ке се имат возможност да се видит, оти нашите интереси со нивните така сет сплетени, шчо, со загубуајн'ето на једните, губат и друзите, а сета полза извлекуваат од нашето непријател'ствуајн'е треки, ке се речит, малите балканцки држаи. Тоа се видит особено јасно од возможните последници на востаајн'ето, који за наша и турцка стрек'а не последуваа. Зборот ми јет за делејн'ето на Македонците мег'у малите балканцки држаици.
Востаајн'ето се дигна и разори, и нас, и турцката држаа. Вредата од него, и за на,с, и за Турција јет громадна, но па по мала отколку, шчо можеше да бидит. Стрек'а и за нас и за Турција јет, шчо мег'у Бугарија и Србија немаше никакво согласуајн'е по македонцкото прашајн'е. А такво согласуајн'е немаше, зашчо Бугарија мислеше да присојединит до себе цела Македонија сама без помок' на друзите саседни и големите држаи. Бугарија се излажа во расчето. Во тоа се состоит нашата и стрек'ата на Турцко. Бугарија до сегашното востаајн'е немаше политички опит за решејн'ето на македонцкото прашајн'е, ето зашчо, сите маневри да се решит оно излегоа јалови. Бугарија до сега не знајеше оти решејн'ето на македонцкото прашајн'е не јет искл'учител'но во Софија, ами колку во Софија, толку и во Белград т. е. во согласуајн'ето мег'у Софија и Белград. Тоа согласуајн'е до сега се бројеше за државна измена, но от сега, от како си испитаа бугарцките дипломати сето безсилије, и при нај големите своји усилија сами да решат македрнцкото прашајн'е, ке се најдит цел ред бугарцки дипломати, који ке погледат на тоа согласуајн'е, како на неизбежно зло. Сегашниот политичен опит да беше бил у бугарите по напред, ке се пристапеше, прво до раздел'уајн'ето на сферите на влијајн'ето во Македонија мег'у срби и бугари, а после во време на востаајн'ето, србцките и бугарцките војски ке навлезеа во Македонија. Таков ке бидеше излезот на востаајн'ето при по голем опит мег'у бугарцките дипломати. За наша, стрек'а, тоа пат није се избаифме од дележот на таткоината ни и Турцко од загубуајн'ето на једна од прекрасните своји провинцији.
Востаајн'ето не донесе делејн'ето на Македонија: тоа јет положител'нијот резултат од него. Но тоа делејн'е стрек'но јет избегнато само от случајната неопитност на нашите непријатели. Делејн'ето ни грозит ушче поеке во бидно време от по големата опитност на нашите непријатели: Бугарија можит да закл'учит со Србија догоор за разделејн'е сферите на влијајн'ето во Македонија. Такво разделејн'е на сфери на влијајн'ето неминуемо ке донесит дележ на Македонија ето зашчо, једен од нај главните долгои на македонцката интелегенција јет, да се отстранат једнаш за секога од Македонија бугарцката и србцка пропаганди, да се оснуат во Македонија свој дуовен цантар за македонците и тоја центар, како и самите македонци, да немаат никакво зимајн'е даајн'е со соседните балканцки држаи и народи. Во таја мера се состојит предотврак'ајн'ето на дележот на Македонија и сочувуајн'ето на таја провинција за Турцко. От тука јет јасно, оти арно сознајаните интереси на турците и македонците им диктуваат, не да трошат нивните сили во мег'уусобна борба во полза на обшчите нивни непријатели, ами да си подадат једен на друг рака, и да отстранат сите фактои, шчо бркаат на нивните пријател'цки односи и обшчи интереси.
Со прекратејн'ето на востаајн'ето ке зафатит во Македонија мирна културна работа. Она ке требит од нас устаноуајн'е арни односи кон сите народности, шчо насел'аваат Македонија. Нашата интелегенција до сега не можа да устаноит нај желател'ните односи мег'у нас и друзите македонцки народности. Тоа отчасти не зависеше од неја. Така, односите на нашијот народ кон турците и мусул'маните у опшче поеке јет заисел от последните, отколку од нас: ако мусул'маните гледаа на рисјаните, како на л'уг'е рамни ним, то немат сомнеј'н'е, оти не само ке бидеа нај арни односите мег'у рисјани и мусул'мани, ами можит, и да немаше востаајн'е. За сожал'уајн'е, мусул'маните и до последно време не можаа да се ослободат от својо стар предрасудок, да гледаат на рисјаните, како на по долна раса од ниф. Ке се надејаме, оти турцкото праителство и турцката интелегенција ке се уверат во сета вреда, шчо причинуат подобен предрасудок, и ке се постараат да го искоренат, и со тоа ке попраат односите мег'у рисјаните и мусул'маните.
Добрите односи мег'у грците и нас македонците (словените) пак поеке заисат от првите, от колку од нас. За да се попраат тије, грците ке требит да се откажат от својата „мегали идеја" и да признаат праото на сашчествуајн'е и на македонцката народност редом со грцката во Македонија. Особено патриархијата, како устаноа вселенцка, требит да престанит да постапуат, како устаноа со грцки характер. Она требит свето да чуат праата на сите рисјани, а не да пожртвуат праат на једни во полза на друзите. Особено јет нужно, патриархијата свето да чуат праото на националното сашчествуајн'е на сета своја паства. Тогај ке се избегнит конфликтот мег'у грците и македонците, оти последните бараат, тије, шчо зборуваат грцки, да имаат во своите цркви старомакедрнцки јазик, а во сколијите сегашнијот македонцки јазик, ами тоа се барат само за тије шчо зборуваат македонцки. Ако пак патриархијата продолжнит преследуајн'ето на македонцкијот јазик мег'у македонците, и место него пропагандират грцкијо јазик, со тоа ке натерат македонците да гледаат на неја, како на орадије на грцката национална пропагадна. Во таков случај, и грците и патриархијата ке ни се објаат за непријатели на нашата народност, и наш свет долг ке ни бидит, да одбиеме сите грцки наади на нашата народност. За таја борба мег'у рисјани није свал'аме от себе одгоорноста на грците и патриархијата, оти није во тоја случај не нападаме, ами се браниме од чузди покушејн'а.
Нај арни можат и требит да ни бидат односите со власите. Нашите интереси никаде не се престрек'аат со влашките. Власите поеке живејат во градоите, и сет трговци, а није поеке сме во селата, и сме селцки стопани. Тије од власите, шчо живејат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашијо народ се разликуваат по јазик, носија, характер, така да никој пат власите не можат да претендираат на наши села, исто така, никој пат није не сме кажуале, оти влашките села сет наши. Мег'у нас и власите немат никаква историјцка недоразберија. Власите никој пат не сет имале никаква власт над нас, и никој пат не ни се сториле никаква пакост. Исто така и они немаат нишчо патено од нас. На опаку, ушче от стредните векои мег'у нас и власите јет имало секој пат согласје. На таква почва можит да се развијит нај срдечна дружба мег'у нас и власите. Таја дружба требит да пушчит глабоки корени мег'у двата братцки народи, за да им даит возможност, рака за рака да врват по тешкијо пат на културнијот прогрес.
Једно се устаноат праилни односи мег'у нас и дпузите македонцки: рисјанцки и мусул'манцки народности, једно се признајит нашата народност от праителството на Н. Ц. В. Султано, се внесит во нофузите името македонец, се напраат првите постапоци за нашето национално и религиозно ослободуајн'е од пропагандите и се воведат политичните преобразуајн'а, предвидени од реформаторцките сили, једно се пријимат мери за економцкото попрауајн'е на нашите селцки стопани, па и до воведуајн'ето на сите тије подобруајн'а во нашето национално-религиозно и економцко жиуајн'е, није — македонцката интелегенција ке требит да напраиме ушче једно, а то ке бидит и нај важното: да приложиме сите своји физически, интелектуални и морални сили на нашето национално возродуајн'е.
Последното востаајн'е ни покажа, оти тоја пат, по кој шчо одефме, сега јет погрешен и опасен. Тој требаше много жртви, а дааше малу полза. Револ'уцијата не компрометира пред нашето праител'ство и не не исстаи во добра боја пред европејцкијот свет. Но во се тоа није сме малу криви. Од једна страна не поддупуваа кон востаајн'е; од друга — није сме млад народ и се увлечефме со једна нездрела предпријимачка. Како младите л'уг'е, који предпочитаат во работејн'ето скокои, на место постепено, но постојано работејн'е во једен исти праец, и младите народи предпочитаваат скокоите пред постојаната упорна работа во једен исти праец. До сегашното наше работејн'е особено востаајн'ето беше неомислена младенческа работа; но они ни се опростуваат, једно, зашчо до сега није бефме млад народ, кој шчо одвај се проникнуат со својето национално самосознајн'е, а друго, зашчо до сега, не живејки како оддел'на национално-религиозна једеница, се наог'афме под влијајн'ето на разни национални и религиозни пропаганди. Но тоа шчо ни се прошчааше до сега, не можит да ни се опростит за однапред.
Сега није не можиме поеке да гледаме на себе и својо народ, како на једен младенчески народ без политичен опит. Није поминафме во својето историјцко развијајн'е веке важни стадији, који можат да состаат епоха во историјата на кој и да бидит народ. А ноата епоха налагат на нас требност, — културно работејн'е.
До сега работеше народот со интелегенцијата задружно но работејн'ето беше распределено не једнакво: народот се јавуаше исполнуач на планоите на интелегенцијата кога последната не праеше нишчо поеке от состауајн'е планои или организуајн'е на револ'уционо движејн'е. Организаторцката работа јет пак работа но не можит да се речит да јет от тешките. Подготвуајн'ето за револ'уција јет работа, која, можит, требит нервно работејн'е, но тоа работејн'е не јет толку мачно и толку ценено, колку си мисл'ат револ'уционерите - младата наша интелегенција. Подготвуајн'ето на једно востаајн'е се продолжаат 5—10 години и после сите забркани во него, или умираат, или пак, ако останат живи, требит да останат без нишчо, и да си изберат некоја други работа, која ке требит да зафатат од ноо, и за која, можит, и не сет сосим приготвени. Организаторцката работа не јет толку мачна и за тоа, шчо, обично, организаторите често, мислејки, оти нивнијот жиот јет по важен од жиотот на сел'аните, подстауат на нај мачните работи простите работници, или народот. За тоа организаторцката работа од једаа страна јет работа за једен чоек, шчо предпочитат временото напрегуајн'е на силите пред постојанијот упорен и мачен труд, од друга страна, она јет и безнравствена, зашчо, при неа, не чоек се жртвуат во полза на обшчеството, на народот свој, или на чоешчината, а со народот праит опити за својите фантастични планои. Македонцка интелегеицијо! Време јет да се помислит, да јет грешно да се праит опит со туг'и чоешки жиоти за нашите фантастични планои.
Но со тоа јас не сакам да кажам, није да престаниме да идеализираме и да живејеме со народни идеали. Не! Није не можиме да живуаме без идеали: само нашите идеали от сега ке требит да бидат по чисти от понапредните. От сега није ке требит со нашата патриотична работа да искупиме нашите греои пред нашио народ. От сега није ке требит да се жртвуаме за негоите интереси и со тоа да му отплатиме за негоата вера во нас и за негоото послушно и точно исполнуајн'е планоите на оргавизацијата. Како можит нашата интелегенција да се одолжит пред нашијо народ за дадените од него жртви? На тоа прашајн'е јас одгоориф кога зборуаф по горе за борбата со пропагандите и за постаајн'е на нашијо народ во добри односи, кон сите македонцки народности.
Но главно, како шчо напомниф пак ,по горе, ке се поможит на нашијот народ со културно работејн'е а нај поеке со просветуајн'ето.
Науката и литературата сет нај важниот фактор во развивајн'ето на једен народ, како народ. По степента на развивајн'ето на науката и литературата у једен народ се мерит негоата култура и по ниф се дел'ат народите: на културни и не културни; културните народа владејат, а не културните робуваат. Само со знајајн'е и просветејн'е, само со културна работа ке можит нашата интелегенција да попраит и искупит својите грешки пред нашијот народ.
Ке речат некоји, оти културната работа јет возможна само кога имат политична слободија; без неја она јет не возможна. — Вистина во таја забелешка имат једен дел истиаа, но само једен дел. Главното условје за културна работа не јет полната политична слободија, а моралната воспитаност на народот и негоата интелегенција, сознајн'ето на нравствен долг пред народот у секој член от тоја народ. Полната политична слободија не чинит за нишчо, ако једен чоек не сознаат, оти негоијот чоечки долг, негоијот долг пред својата таткоина и својот народ јет: труд, труд и пак труд. Слободијата чинит само за ползуајн'е од резултатите на својот труд, но не толку за самијот труд. А за да можит чоек да се ползуат од резултатите на својот труд, требит прво да се потрудит. Да работит и да се трудит можит чоек и при по стеснени политичии условија.
За да си очистиме совеста пред народот наш за дадените од него жртви, требит, значит, да се зафатиме за културна работа. А при тоа да цениме својето работејн'е, не по надворешнијот негов вид, а по негоата ценост, а цената на трудот се мерит со потребните за него сили. Ако гледаме така на трудот, и ако искрено сакаме да се одолжиме пред нашијот народ, то не ке се извинуаме да немат почва за културно работејн'е. Почва за него имат, но немат сакајн'е. При сакајнето, ако не ке можиме да печатиме много работи на нашијот јазик; то зато нашата интелегенција ке можит да послужит, како жива народна енциклопедија, во која ке се имаат точни и проверени сведејн'а по сите оддели на науката и литературата.
Но точни и проверени сведејн'а се добијаат при многогодишно упорно работејн'е, и то кога се работит со сознаајн'е, да се исполнуат со работејн'ето долгот кон таткоината и својот народ. А таквоа многогодишно упорно работејн'е јет по полезно, по мачно и по нравствено од револ'уционото. Оно јет и по разумно.
Ползата за народот од научното работејн'е на нашата интелегенција, ке се видит от тоа, шчо нашијот народ сам со своји очи ке можит да погледат на себе и на друзите народи, ке изучит својите и , туг'ите достоинства и недостатоци. Једен просветен народ можит да се срамнит со једен умен чоек; за тоа, наш долг јет, да приложиме сите своји сили, со својето работејн'е да просветиме нашијот иарод.
Културното работејн'е јет по мачно од револ'уционото, зашчо првото јет умствено, а второто поеке физическо. За ил'устрација земете изучаајн'ето на класическите и нои јазици и кореспонденцијата на комитетот или распределејн'ето на четите. Револ'уционата дејател'ност јет времена и разрушајушча, а не вечна, созидајушча. А културнијот чоек, за да имат прао да се наричат таков, требит да созидат, а не да рушит. За да бидит здајн'ето здрао, требит д му бидит темел'от убав. За тоа чоек не требит, само за олеснуајн'е на својата работа, отрицател'но да се однесуат кон много науки мачни, како старите јазици, но шчо состауваат осноајн'ето на, много положител'ни сведејн'а и науки. Цел'ата да се добијат положител'ни сведејн'а от сите оддели на науката, не само за нас лично, а како членои народни, ке требит да застаит секого од нас да посветит сите свои сили, сето својо слободно време за изучуајн'е на сите тија науки, шчо сет нај нужни за нашијот народ и шчо требаат нај многу работа, зашчо за по лесните секој пат ке се најдат доста охотници. Није, ако сакаме да имаме чиста совест пред нашијот народ и пред себе, требит да зимаме на себе, за да му поможиме, и нај мачните научни работи, а не да се изгооруаме, избирајки нај лесното, да немаме способности или призвајн'е за тија науки, шчо требаат нај много труд и сакајн'е да се работит.
Културното работејн'е јет по нравствено од револ'уционото, зашчо со првото интелегенцијата се чинит истинцки слуга на својот народ, а со револ'уцијата она се обрнуат во немилосрден експериментатор.
Нај после културното работејн'е јет разумно. Интелегенцијата со него разјаснуат нај важните за себе и за народот прашајн'а. А нај важни сет тија прашајн'а; шчо сет врзани со народното самосознаајн'е.
Во последно време није истапифме со барајн'е политична слободија, без да се запитаме, али сме није дозрели до неја, и али сега тоа ни јет нај нужното? Нашите последни барајн'а до колку сет праилни, или не, не земам да решаам. За мене јет по важно прашајн'ето за нашето национално-религиозно и економцко возродуајн'е; а тоа можит да, станит само со изучаај н'ето на својот народ, прво како одделна јединица, после во врска со друзите македонцки и балканцки народи, и нај после како член на словенцката фамилија народности. Такво изучаајн'е ке внесит разумност во нашите односи кон сите упоменати народи.
Ето приближно какво можит да бидит нај главното работејн'е на македонцката интелегенција за да се попраат сите грешки напраени со последното востаајн'е.
И така работејн'ето наше ке требит да бидит на почва на народното просветејн'е: мирио, легално, евол'уционо; оно ке имат за цел'а, интелигенцијата да бидит истинцка служанка на народот, а не на опаку. Но за да бидит таја служба благодатна, нам ке ни требит да создадиме народни служители, народна интелегенција, која ке си посветит сите своји сили на народното благо. Ни требит интелегенција со јасно сознаајн'е на моралнијот долг на чоека пред негоата таткоина и негојот народ. Ни требит интелегенција морално и умствено совршена.
Сегашната наша интелегенција требит да посветит сето својо работејн'е над моралното и умствено усовршуајн'е на својот народ и создаајн'е на једна идеална македонцка интелегенција.
Ако тоја долг сознаит, ако објединуајн'ето на нашата интелегенција со бугарцко, србцко и грцко образуајн'е се достигнит, ако се парализуат работејн'ето на пропагандите и се успеит, тије сосим да се отстранат од Македонија, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки вародности и се подобрит политичното и материјално состојан'е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме крај другото да бидиме доолни од једно: востаајн'ето ни отвори очите на грешнијот пагг, по кој до сега врвифме, по кој ке врвифме и за однапред, и без востаајн'ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, који што и не й предполагафме по напред.
Дај, Боже, сегашното востаајн'е да ни послужит како једен урок за нашијот народ; урок за сите нас македонците, без разлика каде сме се образуале, и како сме се до сега викале. Дај, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет мег'у живите, који сет должни пред таја крв да се заклнат за једна обшча културна работа, на полза, и стрек'а на нашата обшча много патена таткоина — Македонија.
*) Прочетено на 21-и Септември таја година во I-та седница на Петроград. Македон. Научно - литературно Другарство, Св. Климент".