
Солунскиот атентат и заточениците во Фезан
ЗАТОЧЕНИЦИТЕ ВО ФЕЗАН
КОН ФЕЗАН
Далеку од нас, кај една песочна широчинка, слушнавме рикање од камилите (76) што ги носеа препечениот леб, водата и облеките. Кога го слушнавме рикањето на камилите, кога ги товареа, кога ги гледавме нивните потскокнувања, штуткањата на камиларите, сите вооружени со долги пушки. Дури и кога ги товареа камилите, паднавме во тешка душевна состојба, каква дотогаш не бевме почувствувале. И ние, по примерот на камиларите, почнавме поцврсто да си ги врзуваме обувките и поцврсто ги стегнавме торбите што ги носевме на грбот.
Веќе се зазори, камилите останаа назад, а ние, во три синцирн извјасавме напред, постојано заобиколени од војниците и жандармите со офицерите. Најпрвин одевме полека, потем го засиливме одот, и така одевме околу 5-6 часа без отпочинување. Врзани во долги синџири, стапнувајќи исклучиво врз купишта подвижна песок, недоспани од вчерадента и нејадени дента, повеќето од нас, постанати и зажеднети за вода, постојано прашувавме, каде има вода. Нè залажуваа, штом ќе не навтаса карванот (ѓафлето), ќе ни дадат вода. Сонцето припече, а ние продолжувавме по патот, далеку на хорнзонтот се покажуваше зеленило, но кога ќе наближевме до него, пак немаше вода. Се залажувавме со друго и трето зеленило што ќе се покажеа на хоризонтот, додека во едно мочурливо место, обраснато со зелена, бодлива трева и ситна трска, во еден трап најдовме нечиста вода и ни дадоа да се напиеме. Честички од билките, што беа во водата, измешани со земја и животинки, ја правеа водата речиси црна. Секој грижливо се мачи да се допре до мешината или некоја од посатките со кои раздаваа од водата. Со таа вода привремено си ја заситивме жедта. Сонцето продолжуваше силно да блеска, а ние уште одевме по стрмни ридови од песок, постојано туркајќи се едни во други. Користејќи ја широчината на месноста, одевме во права линија, а нé во редица, еден по друг. Додека едни треба да го поминат врвот на некој песочен рид, што ќе се најде пред нив, други, повлечени од синџирот, паѓаат на земјата и ги месат трњата, а стражарите по нас врескаа: „имши, имши ја ѓаур!" (оди, оди, невернику). Така продолжи прилично време. Стражарите, веќе изморени постојано да подвикнуваат по нас, и за најмало запирање за што и да е, почнаа да не туркаат по грбовите со бајонетите од пушките.
Местото, до каде што беше определено да пристигнеме тој ден, беше уште многу далеку, а некои од нас, премалени од глал, жед и тепачка, престанаа да одат. Сакале-нејќеле моравме поради тоа сите да запреме. Жандармерискиот офицер се обиде да не натера да продолжиме со камшик, удирајќи ту еден, ту друг по глава, по нозе, по грбот, туку попусто - сите едвај се подвижувавме. Правта, што се креваше од брзиот од на коњите, сосем ни ги прекри облеката, лицата на сите нас, се чинеше, се извалкани со жолта, мрсна боја. Мачните усилби, низ кои поминувавме тој ден толку не исплашија, што си велевме, дека ако целиот пат одиме вака, ние уште утредента ќе изумреме. Паднатите велат: „заврши нашето", другарите ги тешат, но наскоро и тие почнаа да паѓаат. За голема среќа, карванот наближи до нас, и офицерите, кога видоа дека сите ние не можеме веќе да се држиме на нозе, се согласија да ни дозволат еден број од нас да се качат на камилите. По 3-4 часа пат пристигнавме во малата оаза М е џ и н и н. Таму најдовме студеиа и чиста вода, убаво се напивме и сите сосем си ја заситивме жедта. Таму имаше неколку колиби, во чија близина имаше и две градини, со големи сенчести дрвја и зарзават. Тоа беше сета оаза. Од Триполи па се дотука, постојано поминувавме мали и големи амфитеатрално поставени ридови од подвижен песок, чудесно прошарани со секакви оцртувања, од ветерот што дувал вчерадента. Станицата, полето или морего си имаат свои убавини; па и чудесно поставените прошарани песочни ридови имаат исто така своја убавина. Времето беше тивко; ако беше завеал ветер, ние нема да можевме да го поминеме тоа растојание за три дена, бидејќи сред тој песок, едвај да ќе можевме да се видиме еден со друг. Ноќта пак ја преспавме сé така во синцири, на отворено, и по полноќ карванот тргна, и ние - пред него. В зори се качивме на камилите. Не јаздевме многу, бидејќи требаше да поминеме преку еден висок песочен рид, каде камилите, натоварени со тешки товари, одејќи по песокта, губеа рамнотежа, и товарите паѓаа по земјата. Слегнавме од камилите и пеш поминавме преку тој песок. Од врвот на тој голем рид, далеку во едно рамно поле, забележавме зеленило со неколку дрвца.
Го забрзавме чекорот надолу и кон пладнина стасавме во местото С а ј а , каде видовме три ливади со зелена трева, неколку дрвца смокви и еден кладенец со вода. Срад една од градините видовме една висока бела куќа, со кубе, со тркалезна врата и без прозорци. Ни се стори дека тоа е теќе. Меѓутоа се измамивме - тоа било куќа на некој арапски големец (шеик). Во таа пустелива земја, каде сиромашните со големи маки си ги прават куќарките, оваа куќа изгледаше како палата.
Кога тргнавме по полето, сончевите лачи веќе почнаа да паѓаат полегнато. Далеку на хоризонтот се гледаа високи ридови - падини на Тагоновите Планини - и ни се чинеше дека се обраснати со зелени дрвја. Брзавме со нестрпливост да стасаме до нив. На прилична далечина од нас наваму-натаму се движеа Арабјани. Не знаевме дали си се прибираа дома или одеа кај своите стада. Скришно не загледуваа, и откако ќе ги уминевме, дури тогаш повнимателно се врлеа во нас. Тие како да се плашеа од нас - им се чиневме како луѓе какви дотогаш тие не виделе, а пак исто така и ние страхувавме од нив. Доцна вечерта навлеговме во една сатеска, од чии две страни, одделени еден од друг, вишеа стрмни карпести ридови. Офицерите, кои притаено ни се загледуваа во лицата, откако не изгледаа, се исполнија со големо сомневање. До самиот влез во сатеската, кај местото Шаршара, го запреа карванот и ни ги ставија синџирите. Легнавме сите да спиеме, а ноќната патрола постојано се движеше крај нас. Под ведрото небо слабите сенки од голите ридови што стрчеа имаа таинствен изглед, Утредента, на 25 јуни, пак со железата врз нас, бавно се искачувавме по внсочнните, премалени и зажеднати за вода. Во подножјето на еден рид, до една палма најдовме вода. Таму запревме за да ни ги извадат веригите од вратовите. Сончевите лачи паѓаа надолу веќе вертикално, а ние, наредени двајца по двајца во редица, одевме брзо по една наведната плоскава широчинка. Тој ден беше донемајкаде жешко. Првиот ден, со синџирите и со големи маки по песокта, иие не обрнувавме многу внимание на сонцето. Тој ден, ослободени од синџирите, брзавме да најдеме каква и да е сенка. Овде онде околу нас се гледаше зеленило. Се појавија колиби од трска - белези дека наблизу има луѓе - и подоцна, попладнина. Стасавме во малото гратче Т а р х у н а. Истиот ден кај нас дојде градскиот лекар, за да ги прегледа болните. Тие беа шестмина, и речиси сите пострадаа од сончев удар. Нашите лица, изгорени од сонцето, беа црвени како жарје.
Тархуна е мало гратче со 50-60 куќи, меѓу кои има и некои што се модерно изградени. Сред градот има голем плоштад, во внд на правоаголник, а крај него се наредени дуѓани. Утредента, во саботата, беше пазарен ден. Нне бевме сместени во една просторија во владиниот дом, и преку сиот тој ден целиот плоштад вриеше од луѓе. Далеку од околните места беа дојдени Арабјани, што продаваа жито, плодови, животни, волна и друго.
Во Тархуна на постојан бивак се 100-150 коњаници. На третиот ден од нашето пристигнување, попладне тргнавме од тој град, и додека изгреа месечината, одевме пеш преку едно поле, обраснато со исушена од жештина трева. Во местото Б а т у н ни дадоа вода од тулумите, се качивме на камилите, патувавме целата ноќ, утредента и втората ноќ, и на третиот ден изутрина пристигнавме во градот У р ф е л е, првостепенен околиски град. Од Тархуна до Урфеле одевме деноноќно многу забрзано, и никаде не најдовме вода. Последната ноќ и последниот ден поминувавме исклучително по карпести места. Никаде немаше ниедно дрвце, не видовме ниту тревка. Колку еднолична слика на карпести, стрмни ридови и суви пороишта! Градот Урфеле е сместен на два високи, карпести ридови. Меѓу двата рида поминува широка долина, во која има множество дрвја на маслинки и неколку бунари за вода. Таа месност беше во голем контраст со околноста. Куќите, изградени исклучиво од земја, прилегаат на вистински пештери, и тешко се разликуваат една од друга. На еден висок рид е владиниот дом, а до него е касарната, во која постојано престојуваат 150-200 мина пешадија. Владиниот дом и касарната се заградени со ѕидини, над кои се вее знаме, а на северниот дел од тврдината на ѕидините се поставени два топа. Затворот е вистинско подземје, и внатре едвај можат да се забележат затворениците, оковани во железа. Бездруго нема погрозен затвор во целата империја. Со километри и километри околу градот не може ништо друго да се види, освен само карпи и карпести ридови. Нас не задржаа два дена во Урфеле. Деноноќно, оковани со железата, поминувавме во една камена ограда, на чија врата строго вардеа двајца стражари.
Не ни дозволуваа да излеземе дури ни до дворот. Освен тоа, иако се наоѓавме во населено место, не ни даваа достатно вода за пиење. Ноќе така сосе железата се пласнувавме на гола земја, без никаква покривка. Тие денови кај нас не дојде никој од офицерите. Со нас располагаа само стражарите. Тие ни купуваа од градот. Ни земаа по десетпати повеќе одошто чинеше сé што ќе се купеше - тутун. шеќер, кромид, хартија и друго. Тројцата офицери и коњаниците останаа во Урфеле, а ние третиот ден пак тргнавме, качени по двајца на една камила. Врвевме цела ноќ; изутрината, кога запече сонцето, седнавме да отпочинеме на една сува широчинка, под сенките на две-три дрвца. Оттаму патот ни продолжи преку едно рамно поле, обраснато со сува, бодлива трева и многу грмушки. Сред полето запревме и се задржавме неколку часа кај местото С о ф и џ и н. Низ тоа поле продолживме да врвиме десет-единаесет часа, без да видиме ниту дрвце ниту еден рид. На голема широчика од тоа поле почвата беше кревка, а на површината имаше тенок земен пласт. Водите што паднале од пролетните дождови, поради хоризонталната положба на земјата, немале каде да истечат, па еден дел од нив се испарил на жештината, а друг беше просмукан од земјата. Житата, веќе прибрани на камари, беа многу високи. Друг дел од земјата беше покриен со висока трева, веќе исушена од сонцето. Од сите места низ кои поминавме, почвата во ова место е најпогодна за земјоделство. Тука по потреба може да се одгледува и ориз.
Во нашите краишта најубав изглед има сонцето изутрина. кога ќе изгрее над некоја планина, и ќе ги осветлн повисоките врвови. А тука изгревањето на сонцето претставува уште позамајувачка глетка. Кога сонцето се појавува на хоризонтот, сета земја се осветлува како од електрика, и полето добива поубав изглед. Уште на самиот хоризонт тоа се гледа исцело, и сончевите лачи, поминувајќи низ земните испарувања, му придаваат неопишлива убавина. Тоа се гледа како голем црвен круг, чиј центар светка доста јасно. Далеку од нас, по местата без трева, каде се одразуваат сончевите лачи, ни се чинеше, или потокму беме уверени дека гледаме некакво езеро. Грмушките и тревата од соседните места го претставуваа брегот на тоа езеро. Оддалеку површината на земјата со ништо не се разликуваше од површината на водата во некое тихо езеро. А пак колку повеќе наближувавме натаму, „водата" ни бегаше, и откако го поминавме сето поле, со свои очи се уверивме дека тоа не било вода. Сончевите лачи, што се беа одразнле, ни попаѓаа право во нашите очи, па затоа ние ја гледавме таа чудна илузија.
Слоевите воздух што се затоплени над вжештената површина гн прекршуваат сончевите лачи, па оддалеку се чини небаре се одразува површина на вода. Патникот, премален од жед, гледа пред себеси езера, без да може да стаса до нив. При оваа природна појава некои предмети во пустињата имаат сосем поинаков изглед, и се чинат неспоредбено помногубројни одошто се во стварноста Оваа оптичка измама Арабјаните ја наречуваат „ѓаволско море", а патешествениците – фатаморгана. Фатаморганата ја претвора една мала грмушка во шумичка од палми; одделни карпи се чинат како град; воопшто сите предмети, што се пред очите на патникот, со своите грамадни форми прилегаат на чудовишта, од кои се плашат камилите. Патешественикот Русегер, при своето патување низ Нубијската Пустиња честопати имал можност да набљудува слична ваква проѕирност на воздухот. „На една песочлива плоскава проѕирна широчинка, - раскажува тој, - преку која поминавме, освен неколку олделени една од друга планини, каде на можевме да најдеме ни едно место за отпочинување, од 10 часот претпладне до 4 часот попладне, гледавме чудесна фатаморгана. Сред сувиот песок околу нас, ние гледавме многу води во секаков вид: реки, езера, ширно море, разбранувано од ветерот. Планините, расфрлени низ пустињата, ни се чинеа како острови, и врз мазната површина на водата што не заоблколуваше, тие се одразуваа свртени наопаку. Понатаму некои карпи, што стрчеа изделени, со нашата фантазија ни се чинеа како гемии со развеани едра, што попусто се мачат да се помрднат од местото. При многу поповолни околности таа проѕирност беше толку силна, што ние се доближивме до предметите што беа пред нас на помалу од сто чекори. А кога наближавме, сета појава, како по некој волшебен знак исчезна, и пред нас насекаде се ширсше само дробна песок. Какви пеколни маки оваа проѕирност му причинува на несреќниот патешественик, што трпи жед за една голтка вода, за да ја ублажи својата премореност! Оваа проѕирност е особено јасна напладне. Ние останавме назад еден час по карванот. Последниот бавно се движеше пред нас, камилите почнаа да одат распрснати, што месните жители особено милуваа да го прават само ако тоа го дозволува местото, и вчас видовме дека луѓето и камилите како да одат неколку метра високо во воздухот, право преку водата. Колку повеќе се доближувавме до нив, тие толку повеќе слегнуваа подолу, и кога веќе сосем се доближивме до нив, видовме дека камилите одат по земја, исто како и ние, а камиларите бевно чекорат крај нив."
Кон оваа оптичка измама се придружува и една друга измама, предизвикана од чувствата како последица на болна состојба на патниците. Честопати на патникот му се чнни дека врви меѓу карпи; тој гледа место за отпочинување, град, а сето тоа е само во неговата фантазија. Тој слуша воденица, а пак тоа е тропкање на некоја посатка, или шушкање од триењето на некој ремен на самарот. Му се чини слуша како шумоли вода во некој поток, а тоа е песокта пренесувана од ветерот. На патникот на ум му е само една мисла - „пресна вода", и од своите возбудени чувства со зголемувањето на своите желби се мами од впечатоците што ги добива. Дури и чувството за вкус, при мошне трескава состојба, е подложно на слична измама. На еден патник му се случи да види како еден веќе заталкан Црнец, што се наоѓал во треска, бидејќи бил уверен оти пред себеси има вода, црпел со грстови од неа, и уште ги уверувал дека водата е многу студена. Тој го сметал воздухот, што го подголтнувал во една таква треска, за освежителен пијалак.
Пред да стасаме до местото Касар елбинат (Момински дворци) 4-5 часа врвевме низ една песочна долина, и за првпат во текот на сето патување видовме една населба од 15-20 чадори. Тоа беше селцето Н е ф е т.
Во еден бунар длабок 60-70 метри најдовме вода за пиење. Преку сето патување никаде не сретнавме водата да биде толку длабоко во земјата. Во споредба со околните места, бунарот се наоѓаше на мошне ниско место, меѓутоа, споредено со морското рамниште, ние бевме на голема височина. Крај бунарот имаше три големи, сенчести дрвја, под чии сенки се задржавме сé додека сончевите лачи не почнаа да паѓаат полегато. Сите дрвца, на кои наидовме по патот од Тархун до ова место беа еднакви, од ист вид. Ова дрво, што прилега на чадар, на арапски се вика а т а и расте 8-10 м. високо, и има мазна кора. Неговите лисја прилегаат на лисјата на папрат, со мали миризливи цутови, во кои има многу толчничиња, што стрчат на врвот на една влакнеста дршка. Неговнте плодови се бобинки. Ни преостануваше да поминеме уште растојание поголемо од 110 километри, моравме да поминеме во места исцело затрупани со песок и камења, каде нема никаков извор. При тргнувањето на карванот некои од нашите другари се обидоа да се доближат до бунарот, за да си ги понаполнат тулумчињата со вода, што си ги носеа постојано заедно со торбите за леб на грбот. Офицерот толку многу се разгневи од оваа смелост на нашите другари, така што почна да тепа секого што ќе му се најдеше пред очи. Земајќи пример од офицерот, почнаа да не тепаат и стражарите, па и камиларите, меѓу кои имаше и неколкумина во својство на милиционери, и беа тукашни Арабјани, само чекаа да добијат повод. Сите почнаа безмилосно да не туркаат, небаре открија којзнае каков заговор. Камилите беа веќе натоварени, некои се беа и качиле на камилите, други стоеја свиснати со двете раце на долгите извиткани вратови на камилите, мачејќи се да ги натераат да легнат на земја, за да можат да им се качат одозгора, кога офицерот заповеда никој да не јава, туку сите да одиме пеш. В миг сите слеговме од камилите , не исповрзаа по рацете едеи со друг со јажиња, стражарите ги ставија пушките на рамо и почнаа зад нас да врескаат: ,,имши, имши ја ѓаур!". Сите го забрзавме чекорот, како да не брка некој; целиот ден, сета ноќ, па и другиот ден, постојано одевме.
Вториот ден попладне поминавме едно големо пространство со тумби од подвижна песок. Колку и да се мачевме да одиме побрзо, па со тоа да го намалиме растојанието, песокта никако не ни дозволуваше. Дури тогаш офицерот се смилостиви да ни дозволи да се качиме на камилите. Доцна вечерта запревме кај местото е л М у е д, каде земјата 6еше тврда и каменлива. Месечината веќе зајде зад хоризонтот. Ноќта беше толку темиа, што едвај можевме да се забележиме едни со други. Тука требаше да преноќеваме. Изморени и зажеднети за вода, ние баравме барем малу да отпочинеме. Седнавме во круг сред камењарот, стражарите не заобиколија. Откако каснавме по некој залак од препечениот леб, си го зедовме делот, вода што ни следуваше, по половииа литар за секој, и легнавме да преспиеме. Во текот на ноќта почна да дува. Површината на земјата, по заоѓањето на сонцето, беше сосем истината, и ние, без никаква покривка, се превиткувавме сета ноќ сé до зори, од фучењето на студениот ветер, постојано завиткувајќи си ги барем лицата и рацете со крпи. Во текот на сиот пат, на никого од нас не ни дозволија да се доближиме до облеката, ниту пак дури и со дозвола не можевме да извадиме од своите пљачки некоја вреќа или наметка, со кои да се покриеме преку ноќта. За секој обид да се доближиме до пљачките не плескаа со камшикот.[1] Сите притиснувања, сите самоволства, што ни ги правеа со заповед на офицерот, или кога тоа ќе им се посакаше на стражарите, би можеле да се правдаат со ваков или онаков изговор, меѓутоа, фактот што не можевме да си земеме некоја вреќа или наметка од своите пљачки, со кои да се завардиме од ноќниот студ и ветерот, јасно покажуваше дека, откако ќе ги претргаме сите грозотии и ужаси на долгото и мачно патување, сакаа да изумреме.
Третиот ден по полноќ дојдовме во местото 3 м 3 м, каде наидовме на еден бунар, чија вода беше многу солено-горчлива. Не можевме никако да ја пиеме. Туку жедта не пригледува ннту за матна и нечиста, така и за солено-горчлива вода. Си ги наполнивме малите тулумчиња од таа вода, ги оставивме вечерта отворени, и утредента водата изгуби троа од својот лош вкус.
На 5-ти јуни пристигнавме во Б у н џ е м, - едно мало селце со 15-20 куќи, крај кои имаше убави палми. Тоа селце, сместено сред едно ширно песочливо поле, претставува малечко островче на спасот сред тоа море од песок. Пред самите врати од куќите ветерот беше натрупал купишта песок, што со големината ги надвишуваа покривите на куќите. Пред 25-30 години - расправаа тукашните Арабјани, - ова село било поголемо, но поради постојаното натрупување на песокта, што по цели дни се развева од ветерот на различни страни, жителите го напуштиле и се преселиле во поблиските места, попогодни за одгледување на нивните стада.
Буџемската долина од сите страни е заградеиа со многубројни песочни тумби, што од далеку прилегаат како искуствени ровови. Заслепувачките сончеви лачи, што се одбиваат од мазната површина на долгите жили на гипс и варовници, многу штетно влијаат на човечкото око. По патот на многу места има корупки од школки (pecten), што јасно покажува оти тоа место некогаш било покриено со вода. Над белите тумби од варовници се издигаат други песочни ридови со темна боја, што со тек на времето троа по троа се дробат во ситна песок, што ветерот ја носи на разни страни. Водата во сите извори од оваа оаза не е пријатна за пиење; освен што е солена, таа дејствува и ослабувачки, а тоа уште повеќе го исцрпува патникот, преморен од секакви тешкотии и скудната храна. Жителите обработуваат памук во два вида: како грмушка и како билка (gossypium arboreum i perbaceum). Меѓутоа, слабата почва не дозволува обработка во поголем обем.
Уште истиот ден го продолживме патот низ тоа поле. А вториот ден поминавме покрај едни карпести ридови и песочни тумби, и поминавме растојание од местото Семес до Адмет, што го поминавме за повеќе од 30 часови, и преку сиог пат среќававме големи пространства на кои имаше селенит - богородичино стакло. Минералот што се наоѓаше на површината на земјата, на изгрејсонце и пред зајдисонце чудесно убаво ги одразуваше сончевите лачи со своите мазни, бели и како стакла кристали. Третиот ден стасавме до местото Т е м е т, каде пак наидовме на солено-горчлива вода. Колку и да беше непријатна за пиење, ние сепак пиевме со крупни голтки, затоа што бевме останати речиси без вода. Жедниот не прилега на гладниот, маките што човек ги трпи во време на голема жед, не можат никако да се споредуваат со маките на гладен човек. Гладниот човек усеќа само болки во стомакот, а зажеднетиот усеќа толку миогу маки, што сосем го губи самочувството. Оној што го обидел вкусот на лебот, кога бил многу жеден за вода, секогаш ќе претпочита да биде гладен, одошто да биде жеден. Очевидно, водата кај Темет содржеше множество растворени магнезиумски соли, што £ придаваа солено-горчлив вкус, и таа дејствуваше како мошне ослабувачко лекарство. Во текот на последните 15-16 деиа, хранети само со препечен леб, нашите стомаци беа исцрпени, и едвај можеа да ја мелат сувата храна. Колку голема предност има овој лек пред сите оние лекарства, што се земаат за слабеење и прочистување - што ги препорачуваат лекарите и ги продаваат аптекарите. Сиромашните нема зошто да трошат пари за рициново масло, англиска сол и слично. Попријатна со вкусот, оваа вода го прави истиот ефект како и тие лекови, па дури и нешто повеќе - не го заслабнува желудникот, како што тоа го прават првите. По патот ние на неколку места го обидовме дејството на оваа вода, и се уверивме во нејзините својства.
Петтиот ден, откако тргнавме од Бунџем, поминавме низ една долина, од двете страни на која се вишеа високи ридови, покриени со дробни камења Некои од тие ридови имаа многу своевиден облик: нивните врвови беа плоскави, со прави агли, та од далеку се чинеше небаре се некакви тврдини. Откако поминааме низ таа долина, пред нас здогледавме едно мошне рамно поле, со бодлива сува трева, а далеку на хоризонтот видовме зеленило. Тоа беше фезанската област - градините и пасиштата околу градот С о к н а. На 10 јули изутрината, еден час пред да влеземе во градот, пак ни ги поставија оковите, и врвевме по една месност, чија површина беше многу влажна, и на голем дел на неа се постилаше кора, бела како снег. Тоа беше шалитра.
Влеговме во градот, не сместија во самиот затвор - една речиси урнага куќа со многу одаи, на кои немаше никакви прозорци, па поскоро прилегаа на подземја Во Сокна не држеа четири дни, дење и ноќе со веригите на нашнте вратови. Не ножевме да си подготвиме какво и да е топло јадење. За да каснеме подобро. Се храневме како и по целиот пат - со препечен леб, кромид, патлиџани и пиперки. Седејќн чегири дена и ноќи на едно и исто место во овие полуразурнати простории, и од тежината на веригите, што како ѓердан постојано ни висеа на вратовите, ние бевме уште повеќе премалени, одошто на самото патување. Преку денот ни додеваа илјадници муви, без да можеме да се завардиме барем по лицето да не нé касаат. Во просториите, во кои бевме сместени, последните два дена се усеќаше гнасна реа. Во согласност со заповедта на валијата во Триполи, Реџеп паша, жандармерискиот потпоручник Сунуси требаше да не придружува до Сокна. А пак со друга заповед оттаму требаше да определат друг офицер, кој да не одведе во М у р з у к. Така се зборуваше првиот ден, а утредента научивме со сигурност, дека поручникот Мевли веќе тргнал од Мурзук со едно олделение војници. Ние многу се исплашивме, кога слушнавме за тоа, бидејќа требаше да чекаме уште 10-12 дена, додека стаса тој офицер, чекајќи го тука врзани со железата токму како кучиња. Мнозина беа болни, и ако останевме уште неколку дена во овие земници, бездруго ќе се разболиме тешко, а пак тоа ќе нн се одразеше многу лошо за сиот понатамошен пат.
Гореспоменатиот жандармериски офнцер Сунуси е родум од гр. Мурзук. Млад човек, со среден бој, јадра снага, црна кожа, кадрави коси, многу сериозен и ладнокрвен - изгледаше како лав. Во текот на сето патување, освен со еден-двајца од нас, не стапи со никого во разговор. Овој офицер неколку години едноподруго бил единствениот началник на фезанската жандармерија. Тој му влеал голем страв на населението, поради што сите веднаш ги извршувале неговите заповеди. За населението неговиот збор бил закон. Чедо на својата земја, скромен и прилично имашен, тој е најпопуларната личност во Фезан. Каде и да се појави, насекаде покажуваа со прст накај него. Тој имаше многубројни приврзаници, што го почитуваа и насекаде го пречекуваа со восхит. Обвинет за некаква злоупотреба, една година пред нашето пристигнување во Триполи, тој бил уапсен во Мурзук, и под стража го отерале во Триполи. Таму успеал да се оправда на војниот суд, туку валијата не сакал да му дозволи наскоро пак да стапне во Фезан, за да не дава повод за нови оплакувања. Со неколку долги телеграми овој успеал да го кандиса валијата да му дозволи да не придружува до Мурзук, па така да може да се види со семејството. Со нова заповед, испратена пред два дена од Мурзук, Мевлид се враќа назад, а ние пак со истиот офицер го продолживме патот.
До Сокна одевме во југоисточна насока, а оттука свртивме право на југ. Откако поминавме 20-25 километри, далеку пред нас видовме грамадни планини, една од друга повисока, и наредени во редица од исток кон запад. Сосем црниот изглед на тие планини, по заоѓањето на сонцето, не потсетуваше на, нашите планини, покриени со зелени дрвја. Кога во нашите краишта минуваме крај некоја планина, чувствуваме ладовинка и пријатно ветре; а тука, напротив, почна да дува еден мошне топол, јужен ветер, чиниш отсекаде да бевме заобиколени со разгорени печки. И покрај големата жештина, никој од нас не се испоти - тоа беше жежок и истовремено многу сув ветер. Арабјаните го викаат јужниот ветер к б л е. Жителите во топлите краишта, а особено жителите од пустињата, од ништо друго не се плашат толку колку од ваков ветер. Колку и да е страшна сликата, што ја има атмосферата во песочните краишта, каде силните ветришта, придружени со уште посилни ветрушки го исполнуваат воздухот со дробна песок, што навидум се чини како бел песок - тоа не е ништо за патникот. Тој може да се запре на некое место, вардејќи само да не биде затрупан од песокот. Но тој со ништо не може да се спаси, кога ќе се појави и продолжително ќе дува сувиот ветер. Единствена надеж за спас тој наоѓа во водата, што грижливо ја чува затворена херметички во мешини. Меѓутоа, во ваков тажен за патникот момент и водата му станува негов непријател. Пропорционално со силата и траењето на ветерот таа се губи, се испарува, и патникот останува сам, чудејќи се на природните стихии и луто проколнувајќи ја својата судба, што му определила да биде жител на пустињата и да талка по топлите песочни краишта. Гладот што ќе го обземе тој лесно ќе го совладее хранејќи се со урми, за кои тој не се грижи, штом веќе еднаш успее да ги собере од палма и да ги ставн во својата торба, но против жедта не може да најде никакво средство - сосем е беспомошен. Според тоа колку може да трпи жед и се мери цврстината на жителот на пустињата. Единствен верен сопатник, преку сиот долг пат, му е камилата, со нејзината својствена издржливост, да може да поднесува неколку дена без храна и вода. Нам ни претстоеше да ги поминеме најлошите места од нашиот долг пат - места сосем без вода, сосем стрмни и сосем непогодни за патување.
Пред да излеземе од Сокна, офицерот телеграфски заповеда во пресрет да ни излезат неколкумина од местата со вода, да не пречекаат на патот. Нашиот број беше голем. Заедно со жандармите и камиларите набројувавме 82 мина, па офицерот се беспокоеше, како ќе поминеме растојание од 5 деноноќија без да најдеме некаде вода. Кога сосем се стемни, ние влеговме во една голема клисура. Камилите, без оглави, одеа насекаде кај ќе посакаа, без да можеме со ништо да ги насочуваме така да врват еднаподруга. Преку сиот пат нам ни беше забрането да имаме в раце каква и да е прачка или јаже. Кога занавлеговме повнатре низ преминот, камилите почнаа да се плашат од голите карпи, што стрчеа наоколу, една од друга поразлична. Кога некоја од камилите ќе се исплаши, почнува да скока, да трча, да рика, а тоа ги тера и другите да трчаат и рикаат. Од ннвното скокање неколку товари со сува храна и две мешини со вода паднаа од камилите на земја. Од ударот по земјата и напрегањето од водата, мешините се скинаа и водата се истури. Го запревме карванот, да го прибереме барем препечениот леб, и повторно да гн натовариме камилите. Офицерот, донемајкаде се разбесне, нé сметнаа од камилите, и така, врзани со јажиња еден со друг, во четири групи, што одевме разделени едни од други на 150-200 чекори, се упативме низ тој долг премин. Ние со ништо не дадовме повод офицерот да ни се разгневи, но тој откако со по неколку камшици ги опаша неколцина од нас, не испрати со жандармите напред пеш, а самиот, со камилите и болните, остана мошне назад и полека одеше по нас. Патот беше преполн со камења и трња, и ние забрзано чекоревме напред, без да се запреме никаде. На некои од нашите другари обувките им се скинаа, и одеа гака боси. Им се разранија стапалата, така што едвај можеа да стапнуваат по земја, препнувајќи се на камењата што едвај се забележуваа во ноќната темнина. Таа ноќ месечината, тоа природно светило во пустињата, беше во првата четвртинка, и додека влеземе во преминот, таа зајде.
Секој час-два од двете страни на преминот наидувавме на суводолици, и бидејќи не знаевме накај оди патот, неколкупати завлегувавме во тие суводолици. Стражарите врескаа зад нас, да свртиме лево или десно, туку ние, бидејќи не знаевме арапски, мислевме дека не тераат да однме побрзо. А пак тие, очевидно сметајќи го нашето брзо одење како желба да избегаме, ни се втурнуваа по нас и не бувтаа со пушките, кого ќе затечат, по грб, по нозете и другаде. Од брзото чекорење по темница и од жешкиот ветер, речиси сите бевме премалени. Неколкупати ги замоливме стражарите да се запреме, за да отпочинеме троа. Тие уште повеќе се разлутуваа и пак тоа им беше изговор да не тепаат. Еден час пред да се развидели запревме во подножјето на три високи ридови, разделени еден од друг, каде имаше еден длабок бунар. Уште последните две групи не стасаа да дојдат, а првата и втората вчас заспавме.