top of page

За Македонцките работи

          ШЧО НАПРАИФМЕ И ШЧО ТРЕБИТ ДА ПРАИМЕ ЗА ОДНАПРЕД?*)

          Долгоприготвуаното и многоочекуаното востаајн'е напоследок излезе на јава. Наиште земјаци си покажаа сета јунашчина и готовност да се пожртвуат за интересите на својата таткоина. Борбата беше и јет отчајана. Сијот европејцки свет обрна своите возгледи на неја. Новините се преполнија со известија от театрото на востаајн'ето. Редом со известијата за борбата мег'у четите и турците, во ноините се печатаат и известја за турцките зверства над мирни жители. Европејците се потресоа и ужасија от тија известја и зафатија да окажуат нужното влијан'е на своите праителства за да се пресечит колејн'ето на мирното населејн'е и да се помогнит на нестрек'ното македонцко жителство. Во Бирмингем Ворстерцкијо владика напраи во црквата молебен за спасејн'ето на македонцките рисјани. Кентерберијцкијо архијепископ се обрна кон англијцкијо министер- президент Бал'фур со молба од името на англиканцката црква, да се поможит на македонците. Европејцкото обшчество зафајк'ат да наредуат помоки за македонцките страдал'ци. На патуајнето на Германцкијо император се придаат политично значејн'е, мег'у другото и за македонцките работи. Турција, како шчо се видит, како да се најде на тесно, и предложи на Бугарија да се дојдит мег'у ниф до једно согласуајн'е за македонцкото прашајн'е. Разни праителства праат офицјални декларациији по нашите работи. От Стамбул телеграфируат во разни европејцки ноини (Ѕtandard), оти англијцката и френцка стредиземни флоти добили повел'а, да се наог'аат блиско до македонцките води. Пак от тамо телеграфируат, оти војната мег'у Бугарцко и Турцко јет неизбежна. От Софија телеграфируат, оти тамошнијо военен министер зел од офицери на разни европејцки и американцки држаи предложејн'е да се зачисл'ат они во бутарцката армија.

          Шчо покажуваат сите овије фактои? Дали покажуваат, оти движејн'ето достигна својата цел'а? Дали можат раководците на движејн'ето да се пофал'ат со успеф? Дали принесените жртви за ослободуајн'е не сет напразно?

          Можит да бидит, некој, а можит и мнозина измег'у нас, ке речат, оти ушче јет рано да се судит за резултатот на возстаајн'ето. Главната работа на комитето и четите јет напред. До сега можит не јет исполнена, ни полоината, ни четвртината от сет план, изработен от комитето и главнијо му шчаб.

 

          Да. Секоаш, по секоје прашајн'е јет имало разни возгледи. Така ке бидит и во даденијо случај.

          Јас од моја страна ке си позвол'ам, со чистосрдечно прискрбије да видам во сегашното движејн'е полно фијаско. Сите тија дополнуајн'а, који шчо ке се придаат до понапреднијо руско-австријцки проект од реформи, не само не чинат 100.000 обездомени души, 3—5.000 чоечки жртви и полно обескуражуајн'е на жителството во Македонија, ами не чинеа и 100 чоечки жртви. Тија приложејн'а ке се добијеа и без капка крв.

          По резултатите, који шчо ке се добијат от сегашното востаајн'е, последното ке можит да се наречит једно од најголемите, ако не и најголема нестрек'а за нашијо народ.

          Не јет рано да се предвидат резултатите и крајо на нашето востаајн'е. Тија можеа да се предвидат ушче пред зафатоко негов.

          Ушче во време на февруарцкото руско официално известуајн'е беше јасно, оти Европа никој пат не ке удовлетворит во полна степен барајн'ата на комитето. За да се исполнат нашите сакајн'а требуаше да се војуват со Турција; само после наддел'уајн'е ке можеше да се натерат Турцко да исполнит нашите сакајн'а. А се наддел'уат Турцко не од нас и не од Бугарцко, ами или од Голема Сила, или од нас и Бугарцко, Србцко и Црна Гора заедно, при неутралноста на друзите држаи. А ни једното, ни другото тогај за тогај не беше мислимо. Комитетот тоа требаше да знаит и мисл'ам го знаеше. Но негоите раководци мислеа друго; они во биднината, как и во сегашното, видеа само тоа, шчо им јет, цријатно да видат. Они велеа: „Није не сакаме, ни једна држаа да војуаат за нас: они можат просто на отпраат своите флоти во Солун и да принудат Турцко да ни даит реформи. Није сакаме да напраат и со Македонија шчо напраија со Крит". Не једнаш сме спориле, оти имат разлика мег'у Крит и Македонија, оти имат држаи који сет заинтересуани во Statu quo-то  и ке напраат се возможно да немат набркуајн'е во наша полза. Та и да имат набркуајн'е, имат ли се осноа да се мислит, оти тоа набркуајн'е ке бидит во наша имено полза, а не на наша пакост? Се покажуаше, оти сегашнијо момент јет најнеблагопријатен за востаајн'е. Но нашите раководци замижеа пред вистииата и востаајн'ето се зафати; се зафати славно, за да се довршит плачевно и пагубно. Не беф јас сам, шчо гледаф на предвременоста на востаајн'ето. Така гледаа и мнозина друзи. Но никој не си креваше гласот против. Критиката. на држајн'ето на комитето беше само во домашните крагои. Но она беше и безполезна па и опасна, не само за тије, који се критикуваат, ами нај после за тије шчо критикуваат: Комитетот беше сесилен; он имаше во своите раци живото и смртта на сите граг'ани и не приемаше никаква критика на своите постапоци. Тије, шчо не сет со него, сет против него и сет негои непријатели, који требит да се истребат. Да критикуат работите на комитето можеше само друг комитет, кој шчо располагат со сила. Оргаиизација пак на контр-комитет беше и доцкна и безполезна.. Мег'у комитетите тогај ке се зафатеше погубна мег'уусобна борба.

          И така борбата се зафати против требуајн'ето на секо благоразумје. Она даде многу резултати, само не тије, шчо се очекуваа. Мег'у сите јавуајн'а, који сопроводуат движејн'ето, најголемо вниманије заслужаат руското „Праителствено Сообшчуајн'е" од 11 Септем. т. г. После него представуајн'ата од рускијо и австро-унгарскијо посланици до Портата и во Софија и писмото на англјискијо министр-президент Бал'фур до Кентерберијцкијо архијепископ.

          „Праителственото Сообшчуајн'е" зајавуат, оти руското праителство, ке барат за Македонија тија реформи, који сет изработенм во месец Февруари од Зоновјев и Каличе и оти тије реформи сет само зафатокот и ке бидат развијени понака сообразно со нуждите на жителството. Тоа место беше и во февруарцкото Праителствено сообшчуајн'е. Не покажуат ли оно, оти по широки реформи от тије, шчо ни беа дадени ке можефме да добиеме и без револ'уција, а само со ловки мали иародни движејн'а? Ако јет така, то сегашното востаајн'е ни на једна јота не измени положејн'ето.

          Но во Праителственото Сообшчуајн'е имат ушче једно много важно место: револ'уционите комитети, по изражуан'ето на руското праителство, сакаат да создадат „Бугарска Македонија" а Русија, за која се блиски и интересите на друзите рисјанцки народности во Македонија, не можит да пожртвуат нивните интреси на бугарите.

          Разбраа ли во Бугарија, шчо означуваат тије зборои? Разбраа ли во Македонија? Разбрафме најнапкон није?

          Русија отворено ни изкажуат, зашчо она не ра6отит и не можит да работит инак. Да ли јет праа Русија во своите утврдуајн'а? Да ли можит она да постапи инак?

          Ако се постаифме во положејн'ето на руското праителство, и није не ке можефме да постапиме инак.

          До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа оти Македонците сет бугари. После Берлинцкијо догоор истапија со своите претенцији на Македонија србите. Праи ли сет они, или не, не јет важно за дипломатите. Србите во течејн'е на 25 годиви, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европејцкото обшчествено мнејн'е убедејн'е, оти во Македонија имат и срби. Ако селцкото населејн'е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по-прег'е, и зборуат одред низ цела Македонија само на једен словенцки јазик, — во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназији и основни сколији, на секаде ке најме и србцки. Једни села имаат србцки, друзи бугарцки сколији. Једни сел'ани со нивните учители и попои призиаваат патриархјата и сет под покровителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкијо екзарх и слушаат бугарцкијо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатијата, која шчо имат да се бројит со дејствителноста, а не со теоријата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар јет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До руско-турцката војна. имаше само једна теорија за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите. Приврженците на таја теорија пак се подраздел'уат: 1, на који шчо кажуваат, оти тоа стредно јет једнакво далеко и от србите и од бугарите; 2, оти оно јет по блиско до србите; 3, оти јет по блиско до бугарите; 4, оти част јет по блиска до србите, част — до бугарите. Не јет важно за дипломатите, каде јет истината. Важен јет факто, оти во Македонцкото прашајн'е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србија јет не по малу заинтересуана во судбите на Македонија. Последната за Србија имат по големо значејн'е, от колку за Бугарија, оти Бугарија можит да излезит на Егејцкото море и преко Кавала и Деде-Агач.

 

          Ако јет така зар можеме да се чудиме на поведејн'ето на руското праителство во македонското пра-шајн'е и на неговото зајавуајн'е, оти Русија не ке помагат на комитето да се создадит „Бугарцка Маке-донија"?

          Некој од нас, можит наивно ке забележит: „Комитетот не сакат да напраит Македонија бугарцка; тој сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност".

          Како можит комитетот да докажит, оти он работит во таква смисл'а? Со једни зборои не се докажуат. Поведејн'ето на самијо комитет зборуат против негоите утврдуајн'а.

          За да се дигнит револ'уција во полза на сите народности во Макенонија, требит комитетот да бидит образуан од представители на сите македонцки народности. Инак кој му јет дал прао на комитето да работит од името на сите македонци и во полза на сите ниф?

          Комитетот можеше да работит и од името и во полза на једна громадна част на македонци, т. е., од најсилната народност. Но требаше да имат цел ред докажуачки, оти работата ,на комитетот не јет врзана со интересите на саседните држаи и народности, а протиоречит им и јет во полза не само на господствујуките, но и на сите друзи националности.

          Нишчо подобно немат. Организацијата јет тесно врзана со Бугарија. Шумот од организационото движејн'е отпрво се дигна во самата Бугарија. Тоа покажа, кој нај много јет заинтересуан во Македонцкото движејн'е, за тоа пренесоа центрот негов во Македонија, и напраија ушче једен цел ред фокуси, за да се покажит, оти брканицата јет од натре и јет самородно јавуајн'е. Но кого излажаа со тоја маневр? Не јет ли јасно, како бел ден, оти брканицата јет тесно врзана со Бугарија, со бугарцкото име и со бугарцките пари?

          Ке речите, оти народо јет напраил нај големи пожртвуајн'а, во полза на движејн'ето. Тоа јет така, но не требит да се забораат, оти организаторите на движејн'ето во поекето случаи беа чиновници, екзархијцки. Се разбират само от себе, оти они со своето участие во револ'уциони работи идеа во разрез со интересите на екзархијата; но при се тоа, они беа бугарцки чиновници.

          И, така револ'уционијо комитет беше чисто македонцка организација по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на једна част од једна од македонцките нацјоналности, врзана по име и по црковно сколијцките работи со бугарцкијо народ и држаа и нивните интереси. Тоја комитет, во сашност македонцки, за надворешчнијот свет и за рисјаните во Македонија не екзархисти, беше комитет бугарцки.

 

          Комитето, не можа да докажит ни на надворешнијо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не јет бугарцки.

          Радев со својо „Моувемент Мацедониен" мислеше да убеди Европа, оти движејн'ето јет чисто македонцко, и немат нишчо обшчо со Бугарија. Истото сакаа да докажат и „Право" и друзите македонцки и бугарцки ноини. Но достигнаа ли они цел'ата? — Не.

          Покојнијо А. А. Ростковцки не једнаш кажуаше: бугарите мисл'ат, оти само они имаат ум на светов, а  тр друзи сет будали. Кого мисл'ат они да излажат со статијите во „Право" и друзите ноини, оти македонците сакаат Македонија за македонците? Знаеме није многу арну, шчо сакаат они"! А какво впечатлејн'е праеа на дипломатцкијо свет ноинарцките уверуајн'а на комитето и бугарите за македонцкото движејн'е? Не тоебит да се забораат и то, как се изражуваа во европејцките ноини за стражејн'ата на четите со турците: четите се викаа банди и то бугарцки а не македонцки. За убитите четници не кажуваа: „убити сет толку души македонци, ами толку души бугари".

 

          Се прашат кого убедија: „Моувемент Мацедониен", Право", „Автономија" и др. во тоа, оти ратуваат за слободија македонците, а не, тије, шчо се викаат „бугари" и сет од Македонија и Бугарија? — Никого.

          Можит да бидит, комитето успе во самата Македонија да се чинит обшче македонцки, само не доби признаајн'е од надвор, во Европа? — Одвај ли.

          Револ'уцијата требит да бидит работа на сите македонци, или на болшинството од ниф, за да можит да се наречит обшча. Во самијо комитет требит да бидат застапени сите, или неколко народности. Интелегенцијата на тије народности требит да си подадит једна другиму рака и секоа од ниф да земит да попул'аризират идејата во својо народ. А шчо видиме во дејствителност. Не само интелегегенцијата на сите народности, не и на болшинството од ниф, ами па и интелегенцијата, на нај силната македонцка народност — словените, не сета беше застапена во комитето: србоманствујук'ата и гркоманствујук'аата македонцка солвенцка интелегенцијата беше на страна од комитетот па и враждебна. Значит комитетот во патриархистките села и градои, и части од села и градои, беше не каненн гост. Патриархистите словени можеа и да му сочувствуат, но за тоа, шчо нивната интелегенц.ија беше против комитетот, то немат сомнуајн'е, оти и самите сел'ани тро му  сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со сомнејн'е во обешчајн'ата на комитето. Кон тоа неопределено чувство се присоједини и страф. Сел'аните се најдоа мег'у два огнои: војската и комитетцките чети.

          Кога едно движејн'е, во едви места се распространуало со убедејн'е, а во друзи со сила, можит ли да се наречит обшчо?

          Није можеме да го велиме како сакаме, но во дејствителност оно беше само частично. Оно беше и јет работа на екзархистите, који се величаат „бугари", а следователно, тоа jет бугарцки маневр, да се решит македонцкото прашајн'е само во бугарцка полза; то јет да се создаит једна „Бугарцка Македонија".

          Можит да не јет ушче jасно, оти, ако се удовлетворат сакајн'ата на комитето, Македониjа и на вистина ке се чинит бугарцка? Ке се постарам да покажам по јасно, како реформите можат да побугарат Македоиија.

          Се питат: кој јазик ке бидит официјален? — Одговараат — јазикот на „болшинството". — На које болшинство? — Тогај ке се видит.

          Не се запитуваат по тамо: како ке узнајат, које јет болшинството.

          Да си предстаиме није сега, оти ја каде Митровден идит мег'ународен отред и окупират страната. Он мег'у другото, ке требит да решит и прашајн'ето за офицјалнијо јазик, а пак да остаиме офицјалнијо, прашајн'ето за јазико во сколијите.

          За некоји тоа прашајн'е јет миогу лесно: нека се признајат неколку официални јазици т. е. и турцки, и бугарцки, и србцки, и грцки, и влашки, и албанцки, според населејн'ето на областа. Зборуваат при тоа: како шчо беше во Источна Румелија (Јужна Бугарија), а тамо ке се видит, каде имат грци, каде — срби, бугари, турци, власи и арнаути. Некоји ушче прибавуат: и за Источна Румелија кажуваа, оти имало грци во неја, но после ослободуајн'ето се покажа! колку грци имат тамо. Со друзи зборои дајте вије властта во раците на македонците тоа требит да се разберит, на тије од ниф, шчо се викаат бугари, да од неколку години после вије ке видите, оти и во Македоиија од друзите народности ке останит тоа, шчо остана од грците во Источна Румелија, по ослободуајн'ето на последната. Со друзи зборои цела Македонија ке станит бугарцка.

          От тука не јет ли јасно, оти Бугарија и комитето сакаат да создадат „Бугарцка Македонија" во вреда на друзите рисјанцки македонцки народности?

 

          Ама зашчо бугарцка, зашчо не србцка? ке станит бугарцка, зашчо и јет таква; да имаше во неја поеке срби ке станеше цела србцка и бугарцкијо елемент ке ослабнеше. Се тоа јет јасно и спраедливо од бугарцко гледишче. Но нека не се забораат да имат и друго, и при тоа многу друзи гледишча на македонцкото прашајн'е, като: србцкото, грцкото, влашкото, руското, словенцкото, австријцкото и на друзите западно европејцки држаи. Ако јет така, то предполаганијо окупацјонен отред на чије гледишче ке требит да станит?

          Немат сомнуеајн'е, да нај лесно он ке решит прашајн'ето за јазико во сколија и местна упраа во тије места, кај шчо живејат патриархисти со грцки јазик, арнаути мусулмани и католици и турци мусул'мани. По мачно ке можит да се решит прашајн'ето во тија места, кај шчо имат: 1, патриархисти арнаути, 2, патриаристи власи, 3, патриархисти словени, 4, словени мусулмани и 5 екзархисти словени.

          Сакајки да напраат по големо значејн'ето на словенцкијо јазик во Македонија, словените, ке бараат од окупацјонијо отред, да се признаит за официален во местијн'ата. со словени мусул'мани — словенцкијо јазик; а самите словени мусл'мани, по религиозни сообразуајн'а' можат да бараат турцкијо јазик. Окупационите власти кого по скоро да удовлетворат? Ако постапат праилно без сообразуајн'е со религиозните требности, ке напраат насил'е. Истото затруднејн'е и во ушче посилна форма ке се стретит при решејн'ето прашајн'ето, кој јазик требит да се признаит за во сколијите и обшчественото управуајн'е во патриархијцките рајони. Влашкото праителотво ке бара за власите влашки јазик, а патриархијата со видните прихожани, ке бараат грцки. Ако се не удовлетворат барајн'ата на влашкото праителство, ке се постапит непраилно и не праедно; ако пак се удовлетворит барајн'ето на влашкото праителство, против желајн'ето на прихожаните, ке се напраит насил'е.

          Патриархијата ке барат грцки јазик и за праославните арнаути — тоските. Самите тоски немаат дозрејано до национално самосознаајн'е, за тоа патриархијата ке успеит. Но друзите македонцки народности, заједно со друзите арнаути, ке позаидуат на усилејн'ето на грцкијо јазик на есап на друзите и ке организуат партија против грцкијо јазик. Немат сомнуајн'е, да тука не ке бидит така леоно окупационите власти да се ориентираат.

          Но нај мачно јет прашајн'ето за официјалнијо сколијцкијо јазик во словенцките части на Македонија. Тука сет: једни патриархисти, друзи екзархисти по вероисповедуајн'е, ако се не гоорит за католиците и мусул'маните. Патриархистите се признаваат от турците за грци — „урум-милет", а от србите и бугарите за срби и за бугари. Екзархистите, сами, и от турцките власти, се бројат за бугари, србите пак й бројат срби. И така, патриархијата ке сакат во поголемата част на Македонија со словенцко населејн'е да устаноит грцкијо јазик за во сколијите и управлејн'ето. Во својите пожелан'а патриархијата ке стретит отпор от србите и бугарите. Но последните, оспоруајки праото на грцкијо јазик во словенцките краини, сами не ке можат да се разберат и да определ'ат, каде ке требит да бидит бугарцкијо и каде србцкијо јазик.

          Мислит ли комитетот, оти, ако он сакат да игнорират прашајн'ето за јазикот во разни делои на фантазираната, барем сега за сега, автономна Македонија, игнорираат истото прашајн'е и заинтересуаните балканцки народности, особено србите? Мислит ли он, оти србите му веруваат да се работит на „Македонија за македонцие", ако се игнорират прашајн'ето за јазикот на македонцките словени, и да тоа прашајн'е лесно и праедно ке е решит со добијајн'ето на автономни праа? Ако мислит така много се лажит.

 

          Ако автономијата на Македонија се јавит како резултат на сегашното востаајн'е, то македонцкото прашајн'е ке се решит не во полза на македонците, а во полза на бугарите, зашчо комитетот, како шчо видофме по горе, работит под бугарцка фирма. Тије од македонците, шчо добија образуајн'е во Бугарија зедоа иницииативата за ослободуајн'е и они до сега играа, можит да се речит, не само главната, ами и искл'учител'на рол'а. Ако нивното работејн'е се увенчат со успеф они, а со ниф заједно и бугарцките интереси, ке земат врф над чуздите интереси во Македонија. Ако востаајн'ето восторжествуат, не јет ли јасно, оти за него ке имат да се благодарит на бугарите и за тоа тамо, каде сега србите конкурираат со својите пари и својата пропаганда, со бугарцките пари и пропаганда, ке изгубат секоје влијајн'е на својите клиенти? Зар не му мисл'ат србите, оти со успеот на востаајн'ето, ако се питат: на кој јазик ке требит да зборуат судијата, да речиме, во Тетоо? — автономното праителство, које ке бидит од „бол'шинството", ке одгоорит — на бугарцкијо; истото ке одгоорат и местните жители, зашчо во нивните очи, бугарите, а не србите, излезоа герои. Исто така, во полза на бугарите, ке се решит и прашајн'ето за јазикот во градцките и селцки сколији. А пошчо во автономна Македонија ке немат место за пропагандите, то србите ке требит да отстапат местото на бугарите. Но ке се согласат ли на тоа србите? Они, можит, и би се согласиле да јет тетовцкиот гоор много близок со бугарцкијот литературен јазик. Но они знајат, оти не јет така. Они знајат, оти во тоја гоор вистина; се имаат особини обшчи со бугарцкијот јазик, но исто така се имаат и особини обшчи со србцкијот јазик, па и таквија, шчо се немаат, ни во србцкијот, ни во бугарцкијот јазици, а сет својствени само на македонцките наречја. Се питат: ке дозволит ли, и можит ли да дозволит Србија во тетовцкијот гоор да се развијат на место македонцките и србцки — бугарцки особини, а заједно со јазикот да се развијат во тетовцко на место македонцки и србцки — бугарцките интереси? Имат ли она прао да протестуат против бугаризуајн'ето на тетовцко и да барат зашчита на својите интереси тамо против бугарцките посегуајн'а? Имат ли Русија морално прао да зашчишчаат нарамно со бугарцките и србцките интереси?

 

          От тука јасно се видит да јет прашајн'ето за јазико, особено за јазико во областите со словенцко населејн'е једно од нај важните при разрешуајн'ето на македонцкото прашајн'е. Да имаше мег'у словените во Македонија национално и религиозно единство, и да имаше сознаајн'е за ниф во жителството, до сега на полоина ке беше решено Македонцкото прашајн'е. А до кога, једни македонци се кажуат патриархисти друзи екзархисти; едни бугари, друзи срби, треки грци и бараат покроителство у различни балканцки држаи, давајки им со тоа прао да се бркаагг во македонцките работи, до тогај не можит да се мислит за обшчо востаајн'е; до тогај ке бидит само частично: со бугарцки, србцки, или грцки, но никако не, со чисто македонцки характер.

 

          Тоа нешчо јет јасно за сите, само не за нас македонците и за раководците на сегашново востаајн'е. Тије раководци праат сите усилија да покажат мотивите и самото движејн'е, како шчо се сакат ним; ама работа јет, оти не само није, ами и друзите имаат разум и очи да видат и разберат, како јет истината. Комитето се срдит, зашчо консулите не осветуат работите, како шчо сет. Но ако се осветат тије како шчо сет, то не ке се аресат на комитето. Комитето, со друзи зборои, барат, европејцките праителства да гледаат на работите во Македонија со македонцки очи т. е. со очите на комитето; а да беше така работата, немаше зашчо европејцките праителства да имаат свои агенти во Македонија.

          Но ако имафме није морално прао да бараме от престаителите на енропејцките држаи во Македонија точно и беспристрасно да осветл'уат своите праителства и европејцкото обшчествено мнејн'е за работите во Македонија, то наш морален долг беше, да сме и није осветени во европејцките интереси во таткоината ни, особено во интересите на балканцките држаици.

          Није требаше да знаеме, оти против нашето востаајн'е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србија, и Грција. Кара-Влашко не можит равнодушно да гледат на усилејн'ето на Бугарија со даан'ето на Македонија автономна управија. На автономијата се гледат, како на преодна степен кон сојединуајн'е на Македонија со Бугарија. Кара-Влашко не можит да допушчит на нејните граници создаајн'ето на једна голема Бугарија, која, можит, после ке барат од неја Добруджа! По тија политични сообразуајн'а, и да имат во Македонија чисто бугарцко и само бутарцко населејн'е, она не ке допушчит сојединејн'ето мег'у турцки и бугарцки бугари; она не можит да допушчит во своја пакост нарушејн'ето на територијалната целост на Турција. А Кара-Впашко јет во сојуз со тројнијот сојуз, кој шчо ке покроителствуат Кара-Влашките интереси на Балканцкиот полуостров.

 

          Интересите на Грција во Македонија сет ушче по големи. И ако немат многу грци во Македонија, пак Гоција јет не по малу заинтересуана во нашите работи од друзите балканцки држаици. Секоа држаа се мачит, ако не да праит нои завладуајн'а, политични економцки и културни, то да сочуат тије, шчо сет напраени од по напред. Грците со својата цариградцка патриархија имаат наложено грцкијот јазик во сколијите и црквите на много македонцки краишча, кај шчо немат грци. Природно јет, да ке употребит Грција сите дипломатични патишча, за да се задржит во Македонија на тија позицији, кај шчо се наог'ат от средните векои, особено од времето на турцкото завладуајн'е на Македонија, а грцките интереси во Македонија се бранат, не од једна Грција, аи од големите сили, шчо не сакаат да се усилит словенцкијот елемент.

 

          Но нај много јет заантересуана во македонцките работи Србија. Она предјавуат етнотрафцки и историјцки претензији на Македонија. Но осим ниф, имат и политични причини, који никој пат не ке дадат на Србија да допушчит, да се решит македонцкото прашајн'е во полза на једна од балканцките држаи, особено во полза на Бугарија. Автономна Македонија, како пат, по кој шчо ке се дојдит до сојединуајн'ето на Македонија со Бугарија. Србија никој пат не ке допушчит. Уголемуајн'ето на Бугарија от присојединуајн'ето на Македонија не можит да бидит допушчено от Србија не само за то, шчо со тоа ке се нарушит рамновесјето на Балканцкијот полуостров, а нај много за то, шчо по негоото извршуајн'е Србија ке се најдит мег'у две по силни од неја држаи: Австро-Унгарија и Бугарија; она ке бидит од ниф политично и економцки задушена, и ке требит да се подчинит, или на једната, или на другата. Значит, државните интереси на Србија никој пат не ке допушчат да се образуат Бугарцка Македонија. Немат сомнуајн'е, оти и србцките интереси, како и интересите на Кара-Влашко и Грција, си имаат свој покроител'.

          Значит, малите балканцки држаи, и ако на вид и да не играат рол'а во решејн'ето на македонцкото прашај'н'е, које како да јет само во раците на големите држаи, во дејствителност имаат нај голем значај.

 

          Големите држаи зајавуат, оти они немаат непосредствени интереси во Македонија, а работат само во име на праедноста. Но таја праедност, како шчо рекофме, се разбират инак од грци, срби, власи, бугари, то и големите држаи, покроител'ки на малите, се јауваат предстаител'ки на својеобразни праедности. От тука и не можит да се очекуат обшчо работеј'н'е во македонцкото прашајн'е. Задружна работа јет возможна само во најмали реформи.

 

          Ако јет така, то на кого се надејафме со востаајн'ето? Не на Русија ли? Но Русија неколку пати официјално си изми раците пред крвопролијан'ето. Није, на место да се л'утиме на руските предстаители: И. А. Зиновјев, А. А. Ростковцки и Машков, по арно ке напраифме, да се позамислиме за руската политика на Балканцки полуостров. Русија јет словенцка и праославна држаа. Она ослободи Србија и Бугарија; она поможа на Кара-Влашко, Грција и Црна Гора да се ослободат. Она секога јет покроителствуала православијето и словенството. Ако јет така, то, шчо можит да напраит за нас Русија, кога во македонцките работи сет забркани неколку словенцки и праославни народи? Можит ли они за атар на Бугарија да оскрбит друзите балканцки самостојни праславни држаи, чија самостојност јет извојуана со руска крв и руски пари, и да напраит тије држаи, да се одвртат од неја кон друзите западно-европејцки држаи, и да се чинат во нивните раци орадија, напраени против Русија? Можит ли Русија со својата политика да оттолкнит от себе балканцките праославни држаи? И шчо добијат она за таја загуба? Благодарноста на Бугарија, можит! Но бугарцката благодарност јет само ден до пладне, а после бугарите ке речат, оти тоа го напраи Русија со своји планои да завладит Балканцки полуостров, спасејн'ето на кој ке се наог'ат во Анлија, и за тоа бугарите, на место да сет во сојуз со „великата освободителка", ке се фрл'ат во скутоите, или на Англија, или на друзите непријатели на Русија и словенството. Значит, прн современата поставка на македонцкото прашајн'е, није очекуафме за наш атар Русија со своји неомислени постапоци, да се откажит од нејните интереси на далекијот исток, и заједно со тоа да потрпит поразија на блискијот исток Арно ама не било така, како шчо мислефме није.

          И така неуспехо на востаајн'ето јет јасен, како бел ден. То од самијо зафаток јет постаено на лоша основа: не јет обшче македонцко, но јет частично, и имат бугарцка боја. Во него имаат раководна рол'а само македонцките словени, шчо се викаат бугари. Интелегенцијата, не само на друзите македонцки народности, ами на самите македонцки словени беше непричастна во управлејн'ето на комитето. Комитето, како тајна организација, се бојеше да пушчи кај себе равноправни членои од друзи народности, от словени србомани и гркоманни, или пак и само со србцко и грцко образуајн'е, от страф, негоите тајни да не станат достојајн'е на балканцките држаици. Организацијата беше и јет завијена во тајна, така да долните нејни членои сет слепи орадија за исполнуајн'е само на работи, диктуани од горни сообразуајн'а и интерес. Тија сообразуајн'а сет само достојајн'е на неколцина, туку речи, самозванци, или случајно испливели на поврхнината македонци. Тије луг'е сет вршителите на судбините на Македонија. Нивната дејателност не подлежит на критика. Ако се осмелит некој да критикуат дејателноста на таквија лица, се решаат да погинат од организацијата. И таква организација се кажуат идеална! Разбирам, оти не сите членои можат да знајат сите работи. Но, ако и имат ограничејн'а, то ограничејната требит да бидит разумни. Во организацијата требит да бидат сосредоточени најдобрите интелегентни сили во Македонија. Требит да имат луг'е, који шчо можат пошироко да погледат на прашајн'ето и да измерат безпристрастно и без увлечејн'а резултатите на секој једен рачкор на комитетцките работи.

          Имат ли нешчо подобно во организацијата? Који сет во Бугарија главните предстаители на организацијата? — Татарчев и Матов.

          Можит да бидит, оти и једнијо и другијо сет л'уг'е со висок патриотизм и знајајн'е на положејн'ето во Македонија. Но тије сет приврженци на крајни мери, без да гледаат на политичното положејн'е. После, како се видит, они мисл'ат за единствено праилна гледна точка на прашајн^ето за народноста на македонцките словени — бугарцката; а можит, си мислјат, оти прашајн'ето за народноста на македонците јет второстепено и ке се разјаснит лесно со ослободуајн'ето на Македонија. Но они требит да гледаат во биднината дејствителноста, а не то, шчо им се аресуат.

          И сите друзи раководци, како Радев, Станишев Карајовов и пр. и пр., сет од истата категорија. Тије мислеа, доста јет једно зајавуајн'е оти Македонија ке бидит за македонците.

          Комитетот можит да се пофалит и со поумерени раководци, но и тије мислеа, оти спасејн'ето на Македонија јет само во дуовното јединејн'е па и господствуајн'е на бугарите во Македонија.

          Можит он да се пофалит и со луг'е, који шчо сакаа дуовно да се отдел'ат македонците од бугарите. Но тије луг'е или се ограничија со издаајн'ето на неколку книжки на македонцки јазик, или пак се ограиичија со зборуајн'е македонцки дома, или со своите земјаци.

          И така бугарцката боја на движејн'ето јет главната причина на неуспеот. Ако јет така, то шчо се барат од македонцката интелегенција, за да се олеснат нестреките за македонците от сегашната нестрек'на авантура?

          Првото нешчо, које шчо се барат од нас јет: да знаеме нуждите на'ши и на нашијо народ.

          Не еднаш на митинзите во Софија и друзите градишча се имаат приимано резолу'цији со изложејн'е на нуждите на македонците. Но тије резол'уцији се имаат приимано во Бугарија, под влијајн'ето на бугарцкото обшчество и од македонцката емиграција во Бугарија. На тије митинзи не беше предстаен сијот македонцко- словенцки народ со негоата интелегенција, за тоа резо луцијите беа и не полни и једнострани.

          Македонцкијо народ не толку се нуждаат, барем сега за сега, во официален јазик на болшинството, во генерал-губернатор од народноста со болшииство и во слободна преса, колку: во устрануајн'е или парализуајн'е дејателноста на националните и религјозни пропаганди; во устранејн'ето на варждуајн'ето мег'у приврженците на разните национални и религјозни пропаганди; во устранејн'ето на тоа недоверје и обособеност, која јет сега мег'у македонцката интелегенција, воспитана во разни држаици балканцки и служит на религјозно-националните пропаганди во Македонија; во официално признаајн'е на македонцката народност и во внесуајн'е во нофузите и друзите офицјални документи на лица от словенцки произлез од Македонија името „македонец“; се нуждаат во земелен надел, како шчо беа сел'аните наделени со земја при отмената, на крепостничеството во Русија, Галиција и др. страни. Тука идит и цел ред друзи реформи, во који флизаат и тија, шчо беа изработени од рускијо и австро-унгарцки посланици во Стамбул и беа приемени од Н. И. В. Султано.

          Задак'ата на македонцката интелегенција от сега на тамо ке требит да бидит да се одделат нагледно за сите: и за самите македонци и за Турција, и за балканцките држаи, и за великите сили, интересите на македонците од интересите на друзите балканцки држаи и народи, и да се изучат подробно сите прашајн'а врзани со избавуајн'ето на нашијо народ и нашата таткоина от сегашното големо бедствије, и со процветаајн'ето на нашијо варод во дуовен и материален однос.

 

          Таја задак'а јет многу тешка и требуат големи заједнични усилија. За тоа изучуајнето на таја задак'а и исполнуајн'ето нејно бараат участије во неја от сите македонцки словени, без разлика на верцка или нацјонална боја. За тоа македонцката интелегенција требит да престанит да се односит мег'у себе со недозеруајн'е. От пропагандите, во који служит, ке требит да бараат слободија, да се наог'ат во постојано сносуајн'е со интелегенцијата и обшчеството од друзите пропаганди. Во слободните балканцки држаици, од време на време, македонцката интелегенција без разлика на пропаганди, требит да устројаат своји македонцки собири, на који ке се разгледуваат и решаваат прашајн'а за дуовното и нацјонално процветуајн'е на македонците. Македонцката интелегенција секогаш, кога јет надвор от својите официални работи, требит да зборуат мег'у себе на централното македонцко наречје (Велешко-Прилепцко-Битолцко-Охридцко), које ке требит да се воведит во сите религиозни и национални пропаганди и турцките сколији, како задолжителен предмет. Тоа наречје имат да бидит литературен јазик на македонците.

          Ако религиозните и национални пропаганди не посакаат да воведат нашијо јазик во своите сколији се разбират, оти само тамо, каде живејат словени, и ако забрануат на своите учители и попои да другаруат со македонцката интелегенција и обшчество од друзите пропатанди, то тогај македонцката интелегенција и народ, без разлика на пропаганди, требит да му изнајдат пат, со кој шчо ке можит да се накажит таја пропаганда. Ако таја пропаганда се восползуат со музавирлуци против нејните непријатели, то интелегенцијата требит, да објаснит на народо недостојнијо образ  на работејн'е на таја пропагавда, и да го повикат, сам да си бранит животните своји интереси. Ако народнијо протест во верцките и сколијцки работи, во који требит обшчините да се признајат слободни, се покажит од заинтересуаната пропаганда, како бунт со државна боја и се барат државни мери против бунтовниците, то народо и интелегенцијата требит да се обрнат до консулите, како до третејцки судији.

          Ако неколку или сите пропаганди се воспротиват за тија наши барајн'а и настојаваат, во сколијите и црквите да се изучаваат и поминуваат само јазиците на пропагандите, то да се пријмат обшчи и енергични мери против сите и религиозни и национални пропаганди во Македотаија.

          Слободијата на совеста јет признаена на секаде; она јет и ке бидит признаена и кај нас. Експлуатацијата со таја слободија се преследуат на секаде и требит да бидат преследуана, и кај нас. Језуитите сет истерани, туку-речи, от сите европејцки земји, за тоа шчо експлуатираа со народната совест. Црковните ордени во Франција сет ограничени во сколијцките работи, оти со ниф злоупотребуваат. Шчо јет било на секаде во Европа, можит да бидит и кај нас, во Македонија.

          Секој ке имат прао да исповедуат и мусул'манство и рисјанство во трите главни форми: праославије, католичество и протестанство. Религиозните потребности и убедејн'а сет за сите неприкосноени. Но религијата никак не требит да бидит средство за престапни политични и национални цели, како шчо јет сега во Македонија.

продолжи

bottom of page